На 6часа. Ако не си во трето тромесечие смееш бруфен 600. Парацетамол за уше тешко ќе помогне. Оди на лекар.
Колку пати уствари регуларно се земаат брисеви? Еднаш е сигурно во 12та. А понатака? И мене ништо ми немаат спомнато, а баш прашав да не треба.
Како сте со стврднување на стомакот? Јас од 20 недела некаде од кога ми се појави стврднување сум со утрогестан само навечер вагинално и си терам супер, ама денес цел ден од како сум станата не ми е пуштен. Кога ќе седнам сум ок, а станам макар и до вц одма се прави камен.
Ако нешто најмногу мразам во врска со бременоста е тоа стврднување, кај мене знае и по 2-3 часа да остане така и тоа се случува баш кога сум излезена некаде. Магнезиум пиј, јас го пијам тој на солгар со б6 и ми помага, сега почнав и 3 пати на ден за да имам ефект.
Го пијам истиот и јас 2 пати дневно, ама незнам денес што ми е, од ко сум станата абер нема да ме пушти
И јас ги пијам обично сабајле и вечер. Кога имам повеќе стврднувања пијам едно и за ручек(сега почесто) Напиј се и легни на лева страна би требало да ти пушти.
Со потење како сте? Ај остај на друго место па сега деновиве и доле испотена гаќиве само вода само се туширам и нон стоп менувам ми се здосади. Вака и срам ми е и на преглед да одам да не засмрдам Ова почна да ми се случува откако ја осеќам вагинава како отечена.
Бев, брзо имав висока температура и паднат ми бил имунитетот ептен, ми даде упати плус за насекаде, ама ништо нема одма па затоа додека чекам прашав колку може да пиеме парацетамол заради болките да не ги трпам.
И мене ми се стврднува денес цел ден и ми е најтешко до сега, едвај се влечкам низ дома. Вчера се исплашив не беше многу активно бебето, од време на време само, тоа изгледа се премести некако и цела ноќ и цел ден денес во цервикс ме удира, скокам на секое удирање. Па после осетив нешто дури до градите горе, кој знае како е наместено внатре, прави акробации. Во врска со брисеви мојот матичен во 35 недела прави и тие што се надворешни од перинеум за стрептокока и листерија, и еден од цервикс плус со спекулум. И мене сега ми нема спомнато за да правам пак.
Има ли некој денес што не беше вознемирен и нервозен? Ма нервоза е малку, јас живи луѓе јадев. Се скарав со колешки, со странки, со мм, со мајка ми, цел ден плачка на нос ми стои. Хормона до плафона. Излегов пола саат порано, земав дете, дома легнав и отепав скоро цел саат. Сега лежам да се стопи вагиналетата и јадам цреши. Се надевам дека тој електрицитет од атмосферскиот притисок ме одмина. Да е позабавно го заборавив новчаникот на работа, го зема колешка па вечер или утре треба да го земам. Не сум јас крива, да кажам одма, ист новчаник имаме и она го зела мојот по грешка. Да прашам, со 8ма недела почнува фактички 3 месец? Никад не ги научив неделите. Јас сум сега 7+4, тоа значи сум 8ма или не? Логично е да сум, ама што знам.