Мене дињата и бананата знаат да ми мирисаат на ацетон. Може да ти е ради изместено сетило за мирис во бременост. Да, јас кога пиев антибиотик, и после завршување. Еднаш дневно треба.
Бојата на количкава на сајтот на bebehome со количката во живо нема врска едно со друго Истиот модел е, Lila Nomad Grey
Јас затоа се откажав... На слики беа преубави ама во живо многу крш. Да не зборам што треба 3ца да се склопи, не знам сама мајка како би се снашла со неа.
Сакаш да кажеш дека не се лесни за употреба, така? Јас уште немам купено, сакам да прошетам во живо да ги видам, вака на слика сите се убави.
Крш со боите, и другата Sparkling Grey е многу потемна сива за разлика од сликата на сајтот, ама немам слика од таа. Уствари двата модела на сајтот се истата сива нијанса, а кога ќе ги видиш во продавница скроз се различни. Инаку мене вака цврсти и сигурни ми делуваа, и склопувањето не ми беше тешко, само едно копче е и ја спушташ надолу. Како модел ми се свиѓа, само боиве ме одвлекуваат што отидов со едни очекувања, а начекав нешто друго
Јас ја земав оваа. Освен што е гломазна друго се ми беше ок. Лесно ја склопив, пробав да ја качам сама до стан по скали. Инаку да голема е цел простор во багашник ни го зафаќа.
Хаха незнам, можно да е Sparkling Grey. Последен ден од март кога имаше попуст го пратив мм да оди да купи. Сам си ја одбра бојата негов избор беше.
Убава е, а и не е толку темна ко таа јас што ја видов. Се прашувам да не им носат различни нијанси во различни периоди Со здравје да си ја возите
Осеќам притисок назад, баш како во анус. Од бебе тоа или да паничам да трчам во болница? Да напоменам пред 2 дена на преглед бев 3цм отворена, а сега немам никаква болка, само тој непријатен притисок
Да одиш на преглед. На пример ете нека каже @Kate Rina 93 и неа не ја болело ич со 8 прсти ојде на болница. Со прво бебе.
Минимални менструални болки имав, кога осетив напон за во вц да одам тогаш заминав во болница, 30,40 мин одалечена од дома. Бев 8 прста отворена. Не е лошо да одиш да те прегледаат @emche05
Сум закачила стрептококен фарингитис, сабајле пак со страшни болки и потечено грло заминав во болница. Дијагнозата е оваа, а ми препишаа 5 инфузии, сумамед 3 дена по едно, бруфен, прополис и капки за уво. Страв ми е толку работи да земам, ама демек со бебињата немало врска да не се секирам и болките ми се огромни, ми се кочи цела вилица и цела десна страна со грло, забите и увото и не се трпи.
Се што ти дале е дозволено во второ тромесечие и не штети на бебињата, а да не пиеш е поопасно, ем болка, ем бактерија, а и за тебе не е добро. Ќе се среди сега со терапија, не се плаши.
Се надевам зошто навистина се изнамачив со болките. Неубаво ми е само за овој сумамедот уште од корона ко беснееше нели на лош глас беше и затоа. И зошто се премногу работи. И плус пробиотик Ваја мислам беше.
@AugusTina! Беше тогаш со короната зошто го даваа за вирус без причина, на мм две дози без симптоми му препишаа, а вака за бактерија е ефикасен и дозволен во бременост. Пробиотикот мораш со секој антибиотик, два часа пред или после обавезно. За неколку дена ко нова ќе си.