А опасно е вака да се удри човек несвесно ама баш се лупнав..../ сега сум добро седев, пешачев после тоа од нервоза малку надвор и 300 мисли ме навалија, посебно дека ми кажаа пред некој ден на ехо дека малото има прстиња а сега се лупнав..емоционално ми влијае цел ден не можам да се смирам
Иста сум. Досега при спиење не сум се потела, сега маицата ми е мокра. Синоќе спиев само на гакички и маица ама џабе е.
Не верувам дека можеш да го повредиш, тоа внатре е заштитено ама ако ти е мисла оди си на ГАК за да си ја смириш душата.
Заштитено е бебето во течност. Зависи што си направила, како си се удрила. Мене несакајќи ме удрија, не нешто силно на почетокот, ама се си е во ред. Ако ти е за да ти биде мирна главата, оди на доктор.
На почеток и малиот ме имаше удрено посилно во спиење, и мачето, над 4 кг, ми скокна на стомак и повеќе доктори и плус тука членки ми кажаа дека нема гајле, заштитени се во течноста, плус матката, и неколку слоја над неа.
Силно се удрив , малку ми се сврте од самиот настан но немав крварење пример или болки после тоа, после неколку часа. Се случи околу 12 денес, еве сега сме скоро 7 часот вака сум во ред. Последен пат кога бев на гениколог беше се во ред, малку поголем плод ми кажа дека бил. Демек некои 105 грама а сум Е баш така се лупнав ептен , се надевам дека ќе е добро се...ама внимавање мора, јас нешто се нервирав денес и не внивавав воопшто на ништо. И така се доведов во оваа ситуација.
Ај да си се пожалам. Денеска денов е претежок, се осеќам ко воздух да немам, вртоглавици цел ден, ми се лоши, утепана сум. А и психички сум за никаде, буквално како на почеток на бременост кога се живо ме нервираше и од се плачев пак се вратив на истото. Не знам дали е од времево или што ми стана ама катастрофа сум.
Јас имам, почнав негде почеток на 6ти месец да ја користам (сега сум средина на 8ми). Ми брка работа многу посебно за да одморам кукови од лежење зошто сум на бед рест веќе 3 месеци, си потпирам стомак и кичма, мене ми е супер . Прво давав отпор дека нема да ја купувам, после попуштив
Јас земав за доење, па си лежам сега за сега јас врз неа. Пријатна е. Некогаш ставам перница меѓу нозе, кога ме болат препони. Се мислев дали да земам, ама ај што некако скапи ми се видеа, туку и беа наполнети со топчиња, што си викам од ова шушкање нема шанси да заспијам. Само на таква наидов, може на други места има попрактични и подобри. Па затоа и се откажав.
Јас сум 13+4 ама стомакот некако ми рипна, како подуен изгледа ама не можам веќе да спијам на стомак и спијам само странично ама некако во сон како да се вртам на стомак и се плашам да не правам притисок на бебето. Си викам ако си ја поткревам едната нога врз перницата некако позгодно ќе ми е...
Ne si sama uzivaj, jas denes krevetceto na bebus go spremav i sega bez pricina go gledam i placam , pa mi nedostigat majka mi a vcera spiev kaj mojte sabajlevo si dojdov …. Psihicki dno dna denes
Практична е, зависи како спиеш, јас морам да спијам со перница меѓу нозе и кога не бев трудна. Сега ми е погодена си го местам стомакот уште сега а 10та сум ми рипна стомаков преку ноќ.
Мене така ми рипна наеднаш и морам некако да се снаоѓам за спиење. Претходно си спиев само на стомак ама сега ќе заборавам на тоа