Па бебчето си е заштитено зависи и каков е бил ударот ако сакаш да не ти е на мисла можеш да идеш на Гак пак за во секој случај да те видат ама сепак мислам дека на бебчето не му е ништо
Znaci ne sum samo jas, deka lezam celo vreme i odam nekogas kaj movie po 2-3 dena oti blisku sme 2-3 min so kola, leleee odam tamu placam oti gomostavam maz mi sam, se vrakam vamu placam oti mi falat movie Leleee poludev ama nemam kazano nikde mislev ke vikat zbudalela ova
За мене не беа воопшто лесни за употреба, прво не се склопува во било која позиција кога е седиштето, туку мора да се сврти или извади. Второ, "оптимално" користење простор подразбира да ги расклопиш рамот и седиштето и така да ги поставиш во кола, што за мене сама е незамисливо. Како најлесна за склопување и употреба ми ја понудија Леона, ама ќе требаше да чекам 3 недели да ја видам во живо, а јас сакав побрзо да купам. Таа што ја земав, Joie Finiti Signature беше неспоредлива со Макси Кози. Спушташ на копче, во било каква позиција, 11 и нешто кг тежи, и исто се крева на еден клик.
Joie имаат добри коментари, ги гледав и јас. Јас некако Maxi Coxi не би, освен за седиште, знам имаат високи оценки. Се уште Cybex ми е прв избор. Да побрзам со одлуката, немам многу време за размислување.
Кога сме кај количките ме буни она за новороденче корпа/базен. Јас гледав на Nuna и Cybex и тој ич не ми се свиѓа. Car seat знам обавезно треба, ама ме интересира дали оние седишта што се и за повозрасно бебе а можат да се легнат се ок за новороденче да не мора да земам и од таа корпата зашто ми е грда искрено. Ги нудат како такви, ваљда знаат ама јас и вас да ве прашам зашто за да продадат може свашта да ми кажат а ја врска немам прво бебе.
Синоќа спиев катастрофа. Срамната коска ужасно ме боли. Кога ќе станам да се раздвижам , се подсмирува. Неможам ни да се вртам веќе На секое вртење ми се стврднуваше стомакот по неколку пати. Веќе ни тие но спа не помагаат Откако заврна вчера попладнето не престанаа bracxton hicks Цела бременост ме измачија Веќе не ги ни бројам, ни интервали, ни колку во саат
Синоќа мислам дека сите бевме крш. Јас до сабајле пред разденување спиев седејќи, мене па главата ќе ми експлодираше. За фаќање добра позиција за спиење веќе незнам ни дали вреди да се трудам, незнам дали постои воопшто. Ајде тебе поблиску ти се гледа крајот па се ќе заборавиш
А како поинаку бебе ако не во корпа? Првите 6м мора легнато да е, а корпата за тоа е идеална. Транспортер поише од 2ч не може, рачунај на секое излагање треба да пазиш, па да го изнесеш, исправиш... мене корпа ми е предобра работа за бебе, измислена, рамно, комотно, да не се замараш дали му дува или не, заштитено... Туку, бебе се прошета на концерт, и тоа ни повеќе ни помалку на Дип Париз. Па едно шубе коа ми дојде, викам да не биде некоја беља... Женското име што го имаме одбрано ептен ќе одговара со името на фронтменот на групата Ќе има уште една причина да се вика така, не дека тоа е на татко ми омиленото име, онака. Јас се поише си мислам дека е женско, не знам... Сега станав од спиење и сонот ми дојде на ум, докторка ме гледа на ехо и ми вика Курето не се дига... јас одговарам Значи женско е? И ми се насмеа. Опседната сум, не дека нема да го сакаме ако е машко, исто ко синко, ама за ова сум некако сигурна дека ќе биде женско. За спиење уште не сум ја активирала перницата, рано ми е. Имам од тие најстарите од Стружанка, потковиците, мада е доста сплескана и не знам дали ќе биде практична ама ќе пробам, колку да имам нешто меѓу нозе да не се вртам толку.
Не мора да е корпа, има колички од 0+, скроз се легнуваат и имаат додаток едно како сунѓерче анатомско. Корпата многу малку се користи според мене, а и многу простор зафаќа.
Според мене на почеток, подобро е транспортер. Таман си е ушушкано во него. Во корпата се губи. Ние тогаш не земавме адаптер за нашава количка за да се намести транспортерот, затоа сега купивме, па на почеток ќе се возиме во него После корпа активираме.
Ама во транспортер не може подолго од 2ч, исто ко и во седиште. Бебе треба да е легнато, не стуткано. Јас сум скроз за транспортер и користен ми е ептен, ама секогаш сум гледала да е тоа на кратко пола саат саат, а за подолги релации сум зимала корпа. Што знам, во корпа и да го легнеш, покриеш, да се рашири... особено летни бебиња, во корпа кога ќе ги видам опружени со раце нагоре, милина, во транспортер многу ми се стуткани. Ама кој како му одговара нели.
Би сакала да прашам. За количките три во едно што се. Дали едниот дел може да се користи како транспортер или тоа дополнително треба да се купи. Бидејќи ми изгледа како да е транспортер,ама што си е сигурно да си прашам И да се надоврзам. Дали е подобро од тие три во едно да се купи или единечни без додатоци? Дали 20 илјади се солидна сума за количка, или ако сакам нешто поквалитетно да гледам над 30.
За низ населба , кратки прошетки сосем доволно. Јас 40 дена нема да седам дома После 2ч. ќе му се пријаде , ќе го подржиш во раце , па опет назад Исто и за патување нели сме правеле . паузи после 2ч. Ќе менуваме зависно од потребите
По совет на поискусните другарки земав 2/1. Имам транспортер и тој дел што се прави и корпа и за после кога ќе биде поголемо да може да седи. За цена сама ќе си одлучиш дел ме советуваа да не давам многу пари што ако не сака да се вози во количка па џабе ќе даваш пари, до совет да си купам по квалитетна и да не жалам пари. Јас ја земав на maxi cozy Lila со транспортер 30.000 мкд, повеќе не би дала за количка тој ми беше и лимитот.
И јас бев спремна за женско и цело време си го викав со веке измисленото име и на крај ке излезе машко хаха а за машко име не сум ни размислувала сега тоа ке треба да мислам. Инаку околу количките Anex дефинитивно најубана количка мојот избор е тај сега имаам и 15 % попуст имаам и корпа лежачки дел и летен дел и потоа зимен дел значи дефинитивно најубави
И јас мака со препонов и срамната коска, ме има удрено филм да не ми се крати грлото на матката вака што ме боли За раздвижување со мало дете дома, раздвижена ипол сум,плус обавезно навечер прошетка низ парк со ќере. Пијам магнезиум од 400мг ама не ми помага нешто многу. На контрола сум тек кај 10 јуни,да го прашам докторот што ми е Почна и стврднување на стомакот, сабајле додека лежев мислам газето се оцрта на стомак А го почнувам 6ти месец.
Женски, Help... Вчера вечер ми се појави болка во долен дел од кичма, на самиот задник, малку погоре од крстот , од лева страна ... на движење, станување еве и утрово ја имам ... ама утрово плус како сечење во јајниците, како за пред добивање ... и веќе паника ме фати ... (ми застуди од синоќешните дождови ??)) Или ова нешто треба да значи ... Кичма долна зона, јајниците... Инаку денес му почна 28ма недела ... Шо да правам?