По совет тука од членките, јас ја зголемив дозата на дупло, од 250 на 500. Не знам дали е до тоа, ама значително се намали болката. Барем можам да функционирам, претходно ни да одам ни да лежам.
Јас пијам од 400мг, не знам дали би помогнало 100 мг плус Одам, ама едвај, кривам. Не знам, со првото вакви маки немав ниту 9ти месец кога бев.
Ќе пробам денеска, еднаш со првото пиев насабајле и навечер по 1 кесичка од 400мг и после ептен мака имав течна столица. Ама ќе пробам, ова веќе не се трпи. Со првото мене покасно ми се јави, мислам бев веќе 8ми месец. Со стврднувањето кај мене се оцртуваше бебето цело. Не беше баш ко обичен труднички стомак, не знам како да објаснам Спојлер еве со првото си го имав сликано стомакот кога ми се стврднуваше вака некако изгледа,
Гарант го осекаш, така го викаат стврднување, а оствари го допираш бебчето... обично се појавува кога си легнат на грб... и ради гравитација, стомакот се подсплеснува ... и мене се мести негде кај папук, јас викам се качи горе ... и го допираш е Сега што точно допираш, не знаеш... и е тврдо... дали гази, главче, коленце, нешто е ...❤
На Nuna и Cybex корпите се многу убави. Ги гледам овде, супер се. Јас би сакала со транспортер, ама почесто одат со корпа во комбинација. Инаку седежниот дел им е од 0+, не ти треба корпа. Инаку, за синко имав само транспортер, он многу го сакаше. Искрено не гледав на време, ама секако не седеше повеќе од два часа во него. Сега ја испуштив акцијата 3 во 1, па ќе биде 2 во 1. Уште да се одлучам која количка.
Мене тие корпи што се универзални не ми се допаѓаат. Мали се кога ке порасне а за бебе се некако лабави. Кој има можност корпа нека си земе, зборам за тие што се цврсти корпи и не се местат за седење. Синко се возеше во корпа додека беше помал, кога почна да разбира сакаше во транспортер да гледа. Плус ми се будеше кога го префрлам од транспортер во корпа.
За во кола имам седиште од ќерче во него ќе биде оти е за најмали па до 25 кг За шетање шо знам .... Во количка. Макар шо немам во план новороденче да шетам во пекол жешко, навечер до 40 дена нема да излегувам така што тек септември навечер би било во количката. Транспортер на количката немам, обично легнато ќе си е.
Јас од ќерка ми имам мислам на чиполино беше нај најобична количка. Значи се спушта да лежи бебе, се крева под агол од 45 степени и класика седење 90 степени. Ја купив своевремено околку 6-7000 ден и плус транспортер за во кола кога се движиме беше некаде околу 3000 ден. Ќерка ми прооде на 12 месеци точно после тоа несакаше да ја види количката, ако се погоди и ова такво а да купувам нова од 30 000 ден и повеќе ќе ми бидат џабе изгорени пари, така да ќе тераме со ова што имаме
Синко е почеток на август, јас го шетав приквечер по 15,20 мин. и сабајле рано на тераса исто по 15,20 мин. дури е посвежо . Во Ремедика и ми кажаа дека одма можам по 15-20 мин. надвор, убаво е за бебето. Така да не се секирај
Утре ќе испитувам скриен шеќер. Дали можам сабајле да се напијам магнезиум? Не ми функционира телото некогаш без да се напијам, ко вкочанета сум. Или после прво боцкање? И денес до колку саатот да ми е последен оброк?
Ме болат, жешко ми е во нив, како со игли да ме боцка некој.. Јас ги ладам тие за 1 секунда суви. Некоја температура во нив аууу
Мислев само на мене ми е се случува така. И јас осеќам како со игли да ме боцка некој. Боса не можам да одам повеќе ме болат така, а кога облекувам собни влечки не можам да ги трпам мислам нозете ќе ми се запалат.
Велат помага да се кренати на високо..Ама тешко тоа цел ден на нозе фудбал играм кревам нозе во 21ч и baterry low