Ај баш ќе пробам така дали ќе има ефект. Изгледа и дланките ќе почнам да ги осеќам какo со игли да ме боцкаат. А од што се случува ова?
Join the club. Потечени ми се дупло стапалата, жежат, боцкаат и како 100 степени да имаат ги осеќам. Ништо од чевли не ме собира. Дури ни влечки
Задршка на течности. И мене исто ко бебуле ме воцкаат стапалата, цел ден не седнувам оти одам на работа а попладне низ дома плус со ќерка ми надвор. Ем ко да ме боцка некој ем потечени одвратни
Ма ја слабо се движам и пак ми се такви. И ги поткревам и ги ладам и џабе е. Се надевам дека брзо ќе се вратат у нормала после породување дека стварно ќе треба 3 броја поголеми обувки да носам.
Нејкам да те плашам, ама јас после првата бременост носам еден број поголем. Спласнаа отоците, нозете ми изгледаа најнормално после породување ама старите чевли веќе не можев да ги облечам. После породување ќе спласни отокот.
Земи си влечки од medicus help што се како со боцки одоздола, таква убава масажа прават што нема да сакаш да ги соблечеш. Јас со години ги користам и многу сум задоволна.
Мене не ми се отечени нозете, само ме болат кога одам и што осеќам како боцки. И на рацете прстите не ми се отечени, а вчера едвај прстените ги извадив, порано можев да ги вадам. Уште ми стои исцртаното на прстот од прстените, не ги ни качувам додека да се породам.
Јас заминав на цтг , мирно е се. Бракстон Хикс се, ама па толку чести... Де.рече немало шанси вистинските да ги промашам.
Земи си ice power cold gel од аптека, мене ме спаси од болките во нозете. Со ефект на ладење е, дозволен во бременост. Тие со загревање не се дозволени. Јас после првата бременост еден број помал носам, а и сега немам отоци, ама ќе видиме до крај во жешкото. Мене болките ме мачат повеќе, а и цело тело што ми е ко тешко, ко едвај да одам сосила.
Кај мене беше тој чуден феномен, скоро секој ден. Надвор кога ќе излезев после пола саат одма сакав дома ме нервираа. Сами од себе ми поминуваа не најдов трик тогаш.
Ве читам за нозете, кај мене е обратно,нозете ми се кочан ладни,мраз,како во ладна вода да ги држам,и неможам да ги стоплам, кога лежам се покривам со кебе,ладно ми е.
А дали секој ден исто ви мрдаат бебињата или рано е во 26 недела за ред да има? Утре сум на преглед, паничам малку. Од четвртокот ми е чудно, тој ден беше многу пасивно од време на време ќе клоцнеше ама нежно, после ноќта и петокот многу ниско удираше во цервикс цело време. Вчера исто пак помирно, а денес од сабајле силни удари и лево и десно, ко испаничено дури. Преку ден се смирува. Ми е мисла да не не беше во ред нешто четвртокот. Или од што не јадам благо воопшто.
Царскиот ми беше закажан за 13 Февруари. На 12 бев на болница да ги досредиме испитувањата за царскиот. Ме ставија на цтг.Помина тоа и чекам да си одам,иде др.што ќе ме пораѓаше да ме праша дали чувствувам болки. И кажав дека ништо не чувствувам. Ми ставија некоја инексија,колку што сватив за бубрезите да не се од нив тие контракции.Рече ако се смират значи ок е. Ме ставија пак цтг у вис јас чувствував само благо стегање на матката.Ако бев дома сигурно ќе трчав со малата и ни на ум немаше да ми падне дека тоа е тоа. Вика мт нека ти ја донесе торбицата те спремаме за царски. Каков царски и викам морам да си одам да си ја гушнам малата. Тука веќе срце ми се кршеше за неа. Ме спремија за пола саат, мн.малку фалело да ми распука матката од првиот царски пошто само 2 год и 2 месеци.имаа поминато. Среќа што испадна да сум на контрола
Секој ден до сега клоцкало. Некогаш повеќе, некогаш помалку. После јадење се активира најмногу и навечер пред да заспијам, што понекогаш се чудам од кај таа снага. Исто и јас пред некој ден, обично се будам рано во исто време, па ќе стане бебуш и ќе почне да мрда. Решив да поспијам повеќе, го немаше кога станав, се загрижив да не нешто не е во ред. Изедов обилен ручек, од стомак уште малце што не излезе. Викам ете го бебуш, ме зафркава само Ама да, некогаш мислам дека тренира кик бокс, некогаш така нежно и суптилно ќе ме поздрави.
Немој За првава ми пукна водењакот,и тоа среќа Другарка ми со 7 прсти отворена појде случајно.Така нешто ја пецкало само Кога ќе читам болки вакви и такви се чудам.