Леле малечкааааа И мене од ова најмногу ми е страв. Имам висока толеранција на болка и да не мислам дека не е ништо… Мислам дека транспортер е попрактичен кога треба да се отиде некаде и кога се користи кола, бебе е веќе ушушкано, нема потреба да се вади од количка да се става во седиште во кола, па пак исто. Вака само откачуваш транспортерот и го ставаш во кола. Јас седиште купив после скоро година. Корпа е попрактична за прошетки на почеток оти на бебе му е покомотно има кај да се шири. Негде околу 3-4 месец кога веќе ќе сака да разгледува веќе корпа не е потребна и најчесто тогаш и не сакаат веќе во корпа па транспортерот врши работа. Имам читано дека некогаш дијареа претходи како симптом за пораѓај. Се мисли на дијареа да имаш цел ден или како? Деновиве имам ама еднаш на утро, па се мислам дал ми наговестува нешто, оти јас иначе со тврда столица имам цел живот проблем. Некоја со искуство?? Имав многу тешка ноќ и јас. Ме удавија киселини и болки долу. Милион пати станав да голтнам некоја голтка ладно млеко ама џабе беше. И минатата бременост ме удавија киселини и еве последниов месец исто го терам и ден и ноќ си умирам по малку од киселиниве.
Јас ќе бидам со царски. Денес ме фати паника да не ме качат на царски уште некој ден па ќе влезам во 9ти. И сестрата коментираше успано бебето. Мн.се нервирам кога даваат непотребни коментари. Незнам зошто и стомакот ми го пипкаше рече ќе тераш уште
2 од 3 имам. Овие денови дијареа и многу немирно бебе. И така е активно, ама овие денови нон стоп. Се радувам оти немам индикација за царски. Не ми се оди под нож и втор пат, ама страв ми е да не ги промашам симптомите за природно. На цтг сум тек по 1 недела. Овде на 2 недели ми закажува докторот.
37ма за 2 дена Бебе го мереа два пати, двајца различни доктори во вторникот, различна килажа ми кажаа, ама знам нормално е. Бар до 38ма да седи и после нека излага, тамам е.
Даааааа иако многу ми е страв. Не сакам пак царски. Иако супер лесно поминав и еве иако нема 3 години од царскиот, никакви болки таму немам. 7 слоја кожа се сече и тој момент многу ме одбива, чим немам индикација за истото.
Јас имав дијареа 7-8 дена пред пораѓај, навечер почесто. И болки у кичма. Бев веќе 4цм отворена тогаш Едит: и многу многу немирно бебе
А дијареа како се рачуна, како нормално повеќе од 4 пати на ден, или еднаш дневно може да е знак? Зошто јас по еднаш имам и баш ме чуди пошто цел живот со запек имам проблем. Бебе приметив и јас многу по немирно е деновиве. Ама контракции не осеќам, сем лажни.
Јас имав по 3-4 пати, да. Контракции и јас не осеќав додека не ми го пукнаа водењакот на 8цм отворена
Мене 2,3 недели ми беше активно скоро 24часа. Баш се прашував дали спие некогаш бебево. А во четвртокот кога бев кај матичниот ми рече дека спие и стварно не го осеќав неколку сата. После нежни удари. А навечер растур прави во стомак. И од тогаш наваму така е како темпо да фати. Преку ден повеќе спие и чат пат нежни удари. А навечер лудува.
@Yowannty ние ист датум имаме термин изгледа За болките, со првото отидов отворена 4 цм, да не ми пукнеше водењакот и јас сигурно немаше да стигнам навреме. Отидов во болница во 5,а се породив во 7:45. Болки осетив дури кога почна да излегува бебе, кога почнаа напоните . Од тоа се плашев цела бременост и стварно немаше да ги препознаам болките. Имав некои слаби, ама мерејќи ги временски за да не ги промашам, не ми беа на правилни интервали, туку на 10 мин, па 7,па 15,па 5,па 10 и не знаев дека се тоа тие болки. Затоа и сега ми е страв, а веќе почнаа ептен грчеви во нозете да имам, киселини од кои можам да спијам само седната и постојано мокрење и преку ден и навечер, ама денски изморкувам по неколку капки, ама ептен често. Исто и половината почна да ме боли, а и ногата да ми се кочи додека одам . Исто и ќерче е ептен активна и ми се стврднува често стомакот. Се на се, се ми е . А за тоа што се ме тера на нервоза, ич неќам да зборам . Цтг ми закажаа дури на 6ти,дотогаш ќе чекам . Исто и брисеви не правев сега за пред породување, зошто не ми даде докторов и јас се чудам, се надевам дека ќе биде се добро.
Кај си Кити да не дружиш овде сеа на крај ли ти текна?Даааа ист датум сме ја и ти. Еднаш ти спомнав дека близнаци носиме овој пат. И моево е многу активно. Стомак ми се дрви цело време и више нервоза ме фаќа. Киселиниве ме убија. А како се движам деновиве ко раштрафена од болки меѓу нозе. Во првата бременост немав вакви болки. Како те читам се исто. Цтг на 7ми следно. Брисеви исто не праев. Го прашав гинекологот што ми ја води бременоста рече нема потреба, потоа го прашав и гинекологот што ќе ме пораѓа ми рече ми ја видела мајчината книшка се било во ред немало потреба. И така.. Туку доста шкртам овде, да си ја средам торбицата најдобро ќе биде.
Е ме утеши, барем знам не сум единствена без брисеви. Малку страв ме имаше фатено . Сигурно почнал докторов по германски тертип да работи . Ве читам, ама се ми е познато, и само треба да се жалам, па затоа не пишував. Исто и со првото беше така . Киселини, гадење и повраќање ми се секојдневие цела бременост. Само што сега и поради синко сум постојано активна, во првата бременост можев да си дозволам одмор, сега не .