Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.614
    Јас воопшто немам правено брисеви во бременоста. Значи воопшто.
    Пред бременост може година или две не сум правела.
    Тешете се со мене.
     
    На Doktor F и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.315
    Пол:
    Женски
    Е богами се тешиме.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    На почеток можам значи само со транспортер?
    Овдека ги комбинираш сам, не знам дали одат како пакет. Ама ако земеш повеќе попуст поголем ти даваат, па ваљда боље да ги земам двата дела и транспортер и делот што се прилагодува на големина на бебе.
    Инаку околу табспортерите ми спомнаа во продавница дека до 2 год. се користат едни, после тоа се оние како седишта и по закон мора да се свртено назад бебе до две години. Секаде е така?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Јас влегов во 19та. Последнава недела послабо го чуствувам , и јас многу малку благо јадам па се тешам можеби е од тоа. Ме фаќаат и мене паники, па чекам сега на контрола да видиме како ќе биди ..
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Брисеви само првите во Македонија дур бев. Таму и витамини и фолна и се и сешто пиев. Овде сем магнезиум и тоа на своја рака ништо нема потреба според докторите, витамини се пијат ако ти фали некој. А за брисеви ич не се секирам, памтам од првата бременост ме имаа извадено од памет колку се битни па се распрашував, и еден куп девојчиња ми пишаа порака да не се секирам како не ги праеле ниту тие, ама ниедна не сакаше на темава да пише оти одма ќе се појават оние со како се мора колку се битни последните и ќе те извадат од памет. И сите си преќутевме. Иако на крај мене гинекологот ми испита, ама и да не ми испиташе, ок ќе беше. Сеа прашав, двајца различни рекоа нема потреба а природно ќе пробам. Тоа е тоа. :)
     
    На Cecko85, hello-kitty.90, Pajace77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Yowannty а Д-димери испитуваат таму на трудници?
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.315
    Пол:
    Женски
    @Yowannty за витамините се сложувам.
    Не знам таму дали ги мрзи да прават некои основни анализи или што е работата стварно не знам, ама сигурно знаат колку е опасна бактерија во бременост. Не може ноншалантно да речеш на пациентка нема потреба кога знаеш дека и тоа како има.
     
    На le.dentiste, Bebulleee, Marie86 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.614
    Можеш да со транспортер. Овде различно се продаваат, и како посебно и има акции заедно. Зависи.

    @fana факт е дека многу малку испитувања ми се направени, и засега се е во ред.
    Кога имав мака добив терапија.
    Овде вака функционира здравството и тоа е.
     
    На Bibi_23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    Околу пешачење и отекување на нозе јас приметив дека Birkenstock папучите ми се лек. Во најдобрите пакити нозете мислам дека ми вријат и ме чешаат. Со папучиве пешачам и по 8км на +30 по цел ден и ни кичма ме боли, ни нозе, ни грчеви навечер.
     
    На Cecko85, Pajace77 и Mari-Li им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.315
    Пол:
    Женски
    Џули ако ти се инфицира бебето при природен пораѓај со стрептокока која можело да се провери дали ја имаш, а не се проверило од кој знае кои причини, не знам дали ќе речеш па то е то нека го шибат со антибиотици такво е здравството.
     
    На le.dentiste и Bebetoo им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    По индикација мислам. На пример секој месец испитуваат урина и крв. Што точно има во таа крвна слика не знам, ама мислам дека е основна, оти овде си ја штедат и касата. Резултати никогаш не ми кажале, муабетот им е дека ако има нешто за загрижување ќе се јават.
    Зборев и со девојчиња овде што се подолго, што на почеток на бременост си купуваат пакет со испитувања, во склоп на тој пакет спаѓаат и некои брисеви. Јас кога дојдов веќе бев 15та недела негде. Прегледите ми беа вагинално и абдоменално цело време.
    Претходно живеев во Грција. Таму имав брисеви 2 или 3 пати, витамини не пиев немаше потреба, пиев само фолна, железо и магнезиум. Овде ништо од тоа не ми дадоа, а сигурна сум дека железото барем еден период не ми беше најдобро. Ама кога и да прашав каква ми е крвта се беше ок е. Не знам што да речам. Едноставно тие ми следат бременост и морам да верувам, иначе ќе треба да паничам. Страв ми беше да земам железо на своја рака долго размислував и баталив. Земав само магнезиум.


    @fana кога доктор ми вика дека нема потреба тоа е тоа. Ако ризикот е толку голем верувам сите исто би работеле. А ризик секако постои. И покрај сите испитувања и 3 пати да се направат, ризик за нешто да тргне наопаку секогаш има, затоа не сакам да се оптоварувам со тоа и ги следам само нивните препораки.

    Заради вакви коментари минатиот пат многу не искоментираа дека не направиле последни брисеви на темава. Докторот смета поинаку, а на форум ќе те напукаат.
     
    На Doktor F, hello-kitty.90, Pajace77 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.315
    Пол:
    Женски
    @Yowannty секако ќе си слушаш доктор нема мене да ме слушаш ни било која од овде.
    Ете баш тоа ме интерсира мене, какво објаснување би ти дале докторите во тој случај? Пошто реално е можно да се случи. Можно е и мене да ми случи де, иако ќе ми земат брис за стрептокока, ама јас ќе знам дека презеле мерки некакви ама се случува ете.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.614
    Правеле тоа, ама еве во прва бременост во Мк не ми правеа мене.
    Плус сум царски јас.
    Баш ќе споделам ако ми прават.

    Инаку особено сега кај нас се прават многу испитувања. И премногу се паничат трудниците.
    Еве приметуваш колку сум опуштена нели, а бев хипохондер.
     
    На Yowannty и fana им се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    8.512
    Пол:
    Женски
    Да а спрема здравството во Македонија се гледа со потсмев да речам.
    Да не помисли некоја членка дека за неа зборувам.
    Зборувам од лично искуство, имам другарка во странство сега и таа е бремена.
    И кога ќе зазбориме на оваа тема за бременоста или нешто докторов што ми кажал, ми вели а не е така демек ние во Македонија ништо не знаеме заостанато ни е здравството, немаме доктори и сл.
    А баш не само на форумов и по фб на групите има голем број бремени жени од Македонија што се во странство со поинакво искуство. Дека немаат често прегледи и испитувања. Не им даваат терапии и сл.
    Не знам за другиот дел ама во однос на водење на бременост не би го потценила здравството овде.
     
    На hello-kitty.90, Alexandrite, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Фана не знам и не би сакала да дознаам. Зборев со гинекологот ми рече нема потреба. Истиот ден бев на клиника да се видам со гинекологот што ќе ме пораѓа и да збориме за индикации и ризици. Индикација за царски немаше, ме праша како сакам оти веќе имам еден царски, кажав дека сакам природно. Прашав дали треба да испитам брисеви пред крај, и таа ми рече мајчината книшка вели се е ок, нема потреба. Ми кажа дека следно ќе контактира со мојот гинеколог да го извести дека сакам да пробам природно, од кои причини не знам, ама и двајцата се имаат во систем и се консултираат меѓу себе што многу ми се допаѓа. Претходната недела, едната сестра од клиника го контактираше гинекологот кој ме води да го потврди последниот датум за пораѓај. Сигурно и двајцата ги знаат ризиците.
     
    На Doktor F, hello-kitty.90 и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.177
    Допаѓања:
    124.645
    Јас познавајќи се, се ќе направам , дури и ако доктор ми вели нема потреба.
    Можеби и дека се изгорев два пати, па поарно да пијам и испитам се , отколку ништо :)
     
    На flower30, hello-kitty.90, Bebulleee и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AugusTina!

    AugusTina! Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    А дали транспортер пасова на секоја количка или само таа што си оди со него само на неа и само со нејзиниот транспортер? Зошто мене ептен ми требаат транспортери, а количка со нив е прескапа. Поефтино ми е да си земам башка количка башка транспортери, ама не знам дали ќе биде така практично.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    И мене ми е чуден односот во странство пошто сум навикната на поинаку. Овде познато е дека си ја штедат касата. Ама па во Македонија дека ич не ја штедат и имаш куп терапии, а сепак водиме по смртност на родилки во Европа многу говори за фактот дека здравството е за потценување. Во државна на пораѓај ќе ти се дерат и ќе ти викаат арно ти е пошто си сакала да се онадиш, сеа трпи, ама во странство не чини пошто ние сме нација што буквално не функционира без антибиотик и терапии. Ете се виде колку смртни случаи од корона само има и во тоа водиме.
    Нигде нема совршено здравство. Ама во Македонија има непотребно многу испитувања. Посебно оние на своја рака, пошто сите се правиме доктори.
     
    На Doktor F, hello-kitty.90, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.315
    Пол:
    Женски
    Транспортер ако купиш посебен тој не одговара на ниедна количка.
    Транспортер ако има со количката одговара само на таа количка.
     
    На AugusTina! му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.622
    Допаѓања:
    109.018
    Пол:
    Женски
    У принцип можеш, ќе ги ставиш само одозгора транспортерите, ама колку е тоа безбедно не знам. Сепак близнаци и тешко ќе биде, доволно е едно камче да летне некое. Подобро без транспортери отколку по секоја цена да ги имаш. Побарај по нет се продаваат на старо колички и изборот за близначки реално кај нас не е солиден. Или да ти донесе некој од странство.

    Факт дека кај нас се претерува со прегледи, ама дека во Европа па не се нешто потресуваат и тоа е факт. Познаничка моја не ја породија царски до последно, со вакум го вадеа, ја уништија, за цел живот. Ова во Холандија. Се сеќавам на породувањето на Дани со Ели, исто беше мачно. Претпоставувам дека квалитетот на животот таму е подобар па затоа имаат поголема природна заштита од нас, друго не ми држи паметот. Иначе и јас сметам дека за природно особено брисеви се битни ама исто така и дека во државна е дувло на мрса па децата и покрај тоа што се раѓаат царски и се е во ред имаат проблеми 48ч по раѓање, ова беше бар случај во мојата фамилија. Ништо не е правило и исклучок никаде, па ни ова.
     
    На AugusTina! и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.