Добра сум, спиев малку, се стабилизирав ама гадно ми е не можам ни да јадам, ни да пијам. Многу саати без храна, плус вода малку пијам. 105 со 75 притисок ми измери сестрата ко се стабилизирав.
Многу ми е страв башка бебето ми е големо 3200грама а веке сум 36та недела за две недели е поголемко и е надолу свртено прво ми е и имам страв во коски
За мерките не се грижи многу. Во повеќето од случаите се неточни. Може ќе поминеш со минимални болки, мисли позитивно. Само мене излеа ми е повеќе страв од анестезија (било каква) отколку од болки.
Ако не се породиш до термин има ли некоја процедура, пример те задржуваат во болница, провокации или си чекаат болки ако е се во ред (доволно вода, цтг океј и сл.)
И јас само заради епидурал спремна бев да одам на приватно, ама ми се искомплицира бременоста и се премислив за државна. Јас сум 34та нед и како се наближува времето исто страв ме фаќа по малце...
Јас знам дека две недели плус од термин чекаат, ако нема ни тогаш ништо ,со провокација пробуваат прво Јас 5 дена после термин се породив. За епидурал јас кога го прашував мојот доктор, мислам дека 200евра се плаќаше да ја купиш,ми рече бадијала, ризик е со овие анестезиолози, јас не се нафаќам така да те породам. Ова државна во Тетово.
Па во твојов случај така се погодило, кај мене е нешто поразлично. Мислам дека се прават премногу испитувања и ние како нација сме навикнати на тоа. Мој личен пример, правам д димери на мое инсистирање, излегуваат покачени, времиња скратени, од тука се консултирам и одам на преглед кај еден трансфузиолог- ме вади од памет, одам кај друг - познат и прочуен, ми вика тоа е нормално во бременост (да не навлегувам во детаљи) , се ствара само непотребна паника и нервоза во деновите додека чекаме следна консултација и преглед. Последно одам кај двајца гинеколози исто познати, нели за да ми објаснат од нивен аспект зошто е тоа така и така во недоглед додека не се убедиш дека ризик секогаш постои, и да ги преземеме сите претпазливи мерки, пак се може да се случи нели... Го оправдувам тоа во странство што пациентите не ни имаат увид во сопствената крвна слика а камо ли други анализи, докторот им кажува ок е и тоа е тоа..Тука кај нас се претера ( и јас сум во тие) дај да видам крвна слика, па истражуваш зошто MCV е 200 а треба да е 201, зошто уреаплазма на претходни брисеви ми е негативна сега позитивна ( без сексуална активност) итн во недоглед... Така да мислам дека некогаш само си ствараме стрес и нервози безпотреба.
Чекаат до 2 недели. Во меѓувреме ако сметаат дека има причини да се вади бебе задржуваат. Кај мене постелката беше презреана и ред други работи докторот ми даде 3 дена после датумот да почне спонтано процесот, ама не почна па пробавме со провокации докторот сметаше дека не треба повеќе да се чека. @Doktor F испитуваат скриен шеќер по скратена постапка прво што е далеку подобро од кај нас. Треба да си јаден освен нешто пресолено и благо. Ти даваат гликоза и треба да ја пиеш во рок од 10 минути, не на екс. Седиш саат време те боцкаат и си одиш дома. Ако резултатите се сомнителни, следно ја правиш проверката по долга постапка како долу. Супер е и издржливо. Првиот пат гликоза на гладно, 3 боцкања и 3 саати во лабараторија ми беше тортура. Ај опишете како ги чувствувавте контракциите? Каде точно се чувствува болка и дали и кичма боли?
И тоа сум чула дека може да ти рокнат без осет анестезија и да не се осеќа ни притисокот кога треба да се стиска па настанува проблем
@Yowannty со провокација исто се јавуваат болки и контракции како при нормален пораѓај? Дали може да се случи не успее провокација па да мора царски пример?
Болката е точно доле кај јајниците, ако си имала менструални болки тоа е тоа. Кичмата не боли како шината туку како стисок, како некој со двете раце да те стиска од позади. Интервалите веројатно ги знаеш боли неколку минути, па пушта пола саат да речеме. Па следни почнуваат на 15-20мин, па 10 итн.
Не со провокација не е исто како природно. Болките се многу интензивни и неправилни. Телото нема време за одмор од контракција до контракција. и да, може да е неуспешно и тогаш следи царски