Да. Се јавуваат контракции временски зависи каква провокација ќе ти дадат. Во мој случај не беа успешни. Сабајле во 7 ипол почнавме со вагинална таблета. Еден саат требаше да лежам па да станам и да шетам низ клиника. По некој саат никаква промена. Па ми ставија провокација како инекција. Пак се изнашетав, пак ништо. На крај венски. Тогаш веќе по некое време имав контракции кои ги даваше на цтг ама јас не ги осеќав, ама бебето реагираше лошо на нив, одма ми ја стопираа провокацијата и ми пуштија серум да се смири матката додека спремаа сала за итен царски веќе во 8 вечерта. Не е ништо страшно. Сем што бев преуморна оти цел ден се бавтав низ клиника и милион пати скалите ги премерив. Ќе бидеш во болница, ќе те следат цело време и тебе и бебето, ти само диши длабоко, имаш видеа на јт како да дишиш правилно битно е само да соработуваш. На крај ќе гушкаш еден прцул што ќе ти го направи светот уште поубав.
Ич да не се плашиш ни од природно ни од големо бебе. 4 кг бебе родив природно за 5 минути втор пораѓај иако првиот ми беше царски.
Леле браво, од вакви примери добивам храброст да чекам до крај и да пробам природно мада докторите ме премислуваат. @gagic Не се плаши од големината на бебето, секако болките се тие без разлика колкаво е. Цимерката прворотка се породи природно со над 4кг за помалку од 2 саати, немаа време ни за епидурална. Кај мене во фамилија сите се големи бебиња над 4кг, само една се има породено царски со едно од децата. @Resana Те молам ако можеш да споделиш детали колку време беше поминато од царскиот, што беше причината за царски, дали се породи на термин со второто, многу ќе ми значи @Saf Седи си мирна, не провоцирај контракции, ќе каже бебето кога е спремно.
@Saf Седи си мирна, не провоцирај контракции, ќе каже бебето кога е спремно.[/QUOTE] Абе јас знам ама некако сите околу мене ми предизвикуваат паники, по 20 пати на ден ми пишуваат се јавуваат прашуваат леле до кај си, ќе го надносиш вака така. Мене прво дете како падната од свемир сум и се си земам при срце. А нормално бебето си знае кога е спремно, плус јас со нередовни циклуси по 40 дена сум немала добиено ради полицистични јајници, па по мои пресметки кога сум останата трудна нема уште една недела сигурно да се породам. Ама ете пак стравот си го прави своето.
Знам, сите се нестрпливи ама забрани им да ти ѕвонат нонстоп. Јас така направив дури и не кревав телефон, единствено мајка ми не ме замараше зашто нејќеше да знае кога ќе отидам во болница Среќа касно вечерта болки ме фатија и сабајле само им пишав дека сум на цтг и не можам да зборам, демек гужва голема има. Јас не знам дали испровоцирав или си дојде времето ама одев по скали, јадев ананас, имавме секс со свршување, тој ден генералка правев и ништо не направив. Само болки добив, а бебе ни спуштено доле, ни водењакот пукнат, ни отворена, ништо. Се измачив само.
i ti kako mene samo jas sum veke vo 9 ti mesec . Pocnav se vo 36 ta nedela eve uste peram peglam dokupuvam ne sum skroz spremna. Se nadevam bebce ke posedi barem uste 1-2 nedeli.
Коментаров свети ко сонце. Имам ужасен ден, ова е најдоброто што го прочитав денеска. Пиши некој детал за нас што планираме природно по царски.
Еве сум и јас, не можам веќе готово 4 дена веќе еве отворена 3цм, бебе уште високо, абер нема, јас немам трпение, ни страв ни ништо, само да излезе.
Долу кичмата, во појасот што би рекле старите. Боли на периоди, коа ќе те фати контракцијата, сегде боли одеднаш, ко притискање, ко напон, нз како да кажам. Ама ќе знаеш дека е тоа. Се разликува од болка претходна. Многу ме боли коската, поготово на станување и на расчекор, едната со другата нога кај шо се спојуваат. Ај тие шо ги боли кичмата мачкаа за ладење грл, ние шо не боли стамната коска, шо да мачкаме? 9 Провокациите се за да го убрзаат процесот, исто боли, и да може да се неуспешни и да завршиш на царски.
Мене ме вратија денес од ЦТГ, бебе не било активно, малку се исплашив. Да си барам после ехо да ја видат? Да сум јадела убаво, да сум се наспала... што беше тоа спиење сакав да прашам Синоќа толку високо во ребра ми се качи, како да бега кутрото, не и се излегува. И еве ја уште така си седи, јас нит можам да седам, нит да дишам сега. Уште некоја мама да сподели убаво искуство малку да кренеме атмосфера во темава во однос на болки и страв, од прееска убаво ми доаѓа кога ве читам.
Се породив во Куманово. Првиот пораѓај ми беше царски затоа што бебе беше карлично цело време беше така и не ни пробувавме природно. Породувањата ми се разлика точно 3 години. За второто докторката ме праша како сакам кога одев на цтг. Кажав дека сакам да пробам природно а ако нешто не бива сала е тука. Се породив во 39 недела . Немав болки отидов на редовно стг , веќе бев отворена ме задржааа и за еден час ме породија. Сакам само да Ве охрабрам да не се плашите . @Yowannty ,@Jana06 , @fana
@Resana леле браво. Иста ситуација ко мене. И моето беше карлично првото и не ни пробавме природно. Сега некако не можам да се убедам да пробам природно, а ќе има поминато 4 години и 9 м Многу ми е страв, многу. И од царскиот ми е страв. А и мака ми паѓа кога ќе ми текне на целата процедура клизма сама дома, па тоа гладување од 4 дена, па катетер па анестезии ....
Што убаво вие што сте си при крај. И јас едвај чекам да дојдам до термин. Де болки, де трчај по доктори, рестрикции, дали ова се јаде или не се јаде, па ова дали и колку се пие, миено ли било или си утнала цел милиметар, па пак на ново, па час се смееш,час плачеш, час викаш по некого, час се мразиш себе, па после светот околу тебе, некогаш спиеш убаво, некогаш некој решил да ти скока на мочен меур бидејќи ете така му е интересно. Па ќе го снема два саати, почнуваш параноја да шириш по сите каде е, зошто не ме клоцна. Па се чудиш дали витамините ги зема денес, или тоа било вчера, бидејќи мозокот е преориентиран према друго нешто и меморија да имаш е луксуз. Па почнуваш да се потиш од места каде не ни имаш потни жлезди. Се молиш да не кивнеш во јавност, бидејќи ќе трчаш дома по нови гаќи. Претежно цело време се чувствуваш мокро. Гради болат, вени излегуваат. Ти се јаде ова, она ти мириса лошо. Лабораториите ти стануваат втор дом. Ќе легнеш те боли препон, ќе станеш, пак те боли. Лудо и незаборавно искуство кое е различно од се останато. Уште подобро ќе беше ако времето барем малку побрзо поминуваше. Одбројувам денови кога ќе се запознаам со мали јас.
Пробај ништо не губиш. Исто само за да не проаѓам низ процедурата за царски и првото станување и чувството како да ми се разделува стомакот сакав природно. Навистина лесно поминав и првиот и вториот пат. Вториот пат бев веднаш функционална кога дојдов дома да се грижам и за бебе и за поголемото дете.
Зошто не праша? Јас бев во неделата и сестрата ми рече успано многу бебево. А јас го осеќам мрда цело време.Дојде докторот и рече поседи уште малку на цтг. На крај сестрата рече еве го се размрда. Се сеќавам дека и за првото дете ми се случуваше така, дури и кога одев пиев кока кола и благо и пак исто. Мислам дека не е ништо страшно, ако имало нешто ќе ти кажеле сигурно го погледнале цтг то
Исто еве и јас. И @Калатеа и мене ме вратија пак за цтг, бебе инат не сака да мрда, пиев кока кола, јадев благо, се движев. Ништо сериозно не е тоа, баш тогаш заспало може