Докторот не се симна да го види туку сестрата го качи горе во сала листот да го види, Петановски беше. Имам чувство како да не обрнуваат внимание ако не ти се одбрани доктори, а тоа не ми се допаѓа баш, сепак плаќам иако докторот не ми е тука. Се си мислам дека и отворена сум, ама никој не спомна на ехо да ме види. Имаше и уште една трудница кај мене, таа 40 недела, само и рече добро е ЦТГ, оди си дома.
Не се секирај, нема да остават на случајност. Другарка ми договорена со Ефремовски ама бил на одмор петокот или саботата , бил Петановски и видел не е добро цтг то , одма на ехо бебево умотано со папчаник и итен царски . Јас со првото сите ги пројдов за ЦТГ , ќе погледнат ОК е, ќе се потпишат. Јас сега и ехо ќе си барам со првото нејќеа да ми прават. Кај сега не го одбиваат капарот ми викаат за ехо и цтг е па сакаат пак само за цтг да пројдеме, неможе така! Не се секирај , се е ОК. Во неделата кога бев на ЦТГ дојде пац.од Димитров, го чекаше Јовановски од пораѓај и седнаа она си имаше прашања некои он се и одговори и и го виде цтг то. Ако треба па и подвикни
Ако и подоцна биде мирна и нема ништо ќе си барам ехо, ако треба и во 12 на дежурен ќе отидам. Знам дека секој процес е различен, ама читам како без контракции и болки ги задржуваат, а овде не им се прави едно ехо, зарем по 1 доктор на смена ли е...
Ме интересира какви креветчиња имате? Се мислам дали да земам дрвено обично со решетки за да ми стои до спална или да земам од тие што ги има во боја розеви, плави од матријал... Пишува до 30 кг е тоа ама некако ми е шубе што знам.( Во однос на стабилност) Не ми се дава огромна сума на пари зошто ке спие две - три год и ке треба да го дадам на некој зошто нема кај да го чувам... Какви искуства имате и што мислите која опција е подобра?
Мамички кажете што да земам како замена за фемибион 2, во 3 града барав и нема... не знам кои да ги земам, кои се добри?
Во швајцарија се испитува скриен шекер и 2 пати се земат брисеви ако нема причина за почесто. Исто крв се испитува 2 пати. Ова е задолжително. Димери не се испитува ако нема индикации Грешка реплицирав не беше за тебе sorryy
Не, не се со душек него дополнително си го купивме. Има само едно тврдо горно ниво кое е потребно за новороденче (бебињата треба да спијат на тврд душек). После кога детенцето ќе порасне и ќе почне да се исправа самото кога ќе се разбуди тоа ниво е небезбедно и првото ниво се трга (на шини е) и се поставува детско душече исто онакво како што е потребно за во дрвените креветчиња. Повели кратко видео појасно ќе ти е вака
И јас барав нема никаде дури и звонев во сите аптеки и ги немаат па ке земам премама тие така со сличен состав како фемибион а тие ми ги препорача како замена и докторот
Јас за првото земав монтажно креветче до мрежа на 2 нивоа за во дневна и дрвено за во спална.Монтажното многу повеќе го користев,бебе во него спиеше преку ден,се играше поголем,а во дрвеното спиеше на почеток додека ми помина страв да спие до мене на спална,поголем почна да се удира во страниците заштомногу се врти,а меки оградици ги вадеше сам, па го исфрлив дрвеното,и го преместив транспортното во спална,бидејки во дневна веќе не го користев.Сега планирам да купам уште едно транспортно,едно за дневна и едно за спална некако ми се попрактични.Во тоа што го имам син ми уште скока како да е трамболина и нема мрднато уште е цврсто како ново.
Луѓе ме фати паника што ве читав за брисевите. Јас не правев такво испитување ако се сеќавате дека крварев, па матичната не сакаше долу да ризикува и да ме чепка. Ми рече ќе направиме испитувања во 36та недела, брис ќе ми земе ,се да испитам. Ама еве сабајле имав како жолт исцедок, де е бел, де е жолт ,де како водичка.. Немам мирис никаков ниту чешање.. да одам деновиве да инсистирам да ми направи брис? Што да правам? И дали до крај ја пиете фолната или како? Јас пијам само фолна на алкавит, при крај ми е, да знам дали да си купам или доста е.. 23 недела сум
Мене на преглед со ехо екогаш ми кажувале дека сум затворена, со рака е попрецизно ама знам дека може и со ехо да се види.
Мене лично не, ама ме предпредија дека може да дојде до тоа и ако почувствувам вртоглавица или било што одма да им кажам. Ова за во Германија зборам. Така да, веројатно не е невообичаено, особено ако тестот е со 75г глукоза и може зависи од брзината на пиење, како и од брзината на метаболизирање на шеќерот, лачење на инсулин и др. фактори. Сега се надевам си добро, вредностите ти се супер. За здравството овде, имате читано може и од други членки, шта речи, а не заплакати. Крвна слика до сега два пати, не морало да се проверува толку често. Железо дали да се пие.. одговорот беше да пијам сокчиња со железо, па ќе биде добро, се додека се испостави дека не е доволно, плус со гестациски дијабетес за кој имаше индикации и порано, ама не, мора ОГТТ во 25 недела. Брисеви на почеток и следно по индикација. За Де-димери кога прашав, кога ме погледна накосо... Немало потреба, секако во бременост биле покачени. Сега сака да ме вакцинира, нели прашував пред некој ден, а пред 3 недели прележав Ковид, кој најверојатно го добив во болница, каде ме прати на следење и консултации. Е добра страна е што, бременоста ми е ризична и ме гледа на ехо на две-три недели. ЦТГ почна од 30 недела и на секои две ќе ми прави. За природно или царски, алал да ви е како се одлучувате за првото. Ајде што имам индикации за царски, и да немам не знам дали и се нафатила, бидејќи ми е страв, а и не сум толку млада. Што не поминавме, сега да го мачам бебе, ух... Исто и кај мене се случува. На брисеви излезе чисто, ми препорачаа гел со млечна киселина или пак вагиналети, колку флората да се освежи.
Јас мислам до 13 недела пиев фолна. После почнав пренеталниве, има во нив внатре и фолна. И јас имам исцедок а два пати правев брисеви, чисти беа.