Јас мислам нормално е исцедокот, јас си го имам цела бременост и жолт и бел и секаков, па чисти брисеви. Ама ако ти е мисла консултирај се, ќе ти каже докторката дали има потреба.
Исцедокот веројатно е нормален, и јас исто имам зголемен исцедок бледо жолтеникав скоро проѕирен и ми кажа докторот се додека не е јако жолт или зеленикав со мирис и др симптоми не е загрижувачки. Секако можеш да направиш брисеви, во период си кога се прават вторите брисеви.. И фолната има влијание до 12 недела (и најголема улога) после тоа е индивидуално, повеќето пиеме пренатални витамини така да твој е изборот.
Јана, зошто те премислуваат докторите? Аиии супер Ресанке! И моите скоро 3 ќе се разлика, 2 и 10 месеци. Дај боже лесно да оди. Да ти се живи и здрави. @eli25 ехото реално не треба кога имаш цтг. Мене со цтг ме следеа кога видоа дека не е нешто во ред, завршив на итен царски. Бебето беше замотано во папочната врвца и сама го видов кога го извадија од мене. Цтг го регистрира срцето на бебето, и ја детектира секоја промена. Ако недај боже приметат нешто може да те видат со ехо како другарката. Иначе и без тоа цтг секако ќе ја покаже секоја промена. Затоа и нема ехо со цтг. Ич за тоа не се секирај.
Матичната не сака да ми земе, вели пред породување ќе правиме брисеви. Вели долу сега никој доктор не би се осудил да те проверува да ти зема брисеви.. Пошто таа ептен ме паничи и се паничи и самата ко што гледам. Кога крварев и го имав хематомот ми рече дека ова и бил 2 случај ваков во нејзината 30 годишна кариера.. Па затоа реков дали да инсистирам на мој "ризик" или да ја послушам неа
Немаш потреба да се оптеретуваш сега, чим немаш чешање, печење, оток, ќе ти ги направи регулар во 35/36 и ако треба терапија ќе си земеш. Во меѓувреме ако почувствуваш нешто оди. Можеш Вагисан вагиналети да земеш за одржување, а мене ми препорачаа и интимен гел за миење со ПХ 4 или 4.5. Фолната е убаво да се пие до крај, па и после не штети. Јас им "верувам" на витамините од причина што знам дека не внесувам доволно преку храна.
Зависи од финансиската можност, креветче кое понатака може да се преиначи во кревет и се користи до некаде 10 години е најисплатливо. Јас такво земав за првото, додека е само креветче има 3 левели. Меѓутоа второво дојде тамам кога престанавме да го планираме и сега тоа останува за него, за големава земавме нов кревет. Иначе за почеток користев друго дрвено креветче со тркалца од оние што се користат до 6 месеци, попрактично беше за движење и беше до мене ноќта. Јас на транспортно не сум фан. Што и да земеш, вложи во убаво душече.
На клиника имала немала крварење кога и да сум била ме гледале вагинално. ( А имав крварење на почетокот). Така да ако и веруваш на докторката слушај си ја неа, сите имаме различни ставови и искуства...
Жени, се породувала некоја природно а да има ХПВ? Пред 2 години знам го имав и од тогаш не сум проверувала повторно бидејќи немав симптоми, пап тестови чисти ми се. Докторот ми рече дека нема да прави проблем, не се пренесувал на бебето и да има ама ете ми дојде мисла сега да си прашам.
Бев на контрола кај матичниот, супер е бебушка пораснала 950 грама. Го прашав зошто денски е понеактивна, ми вели види ја што прави, нозе раце пред лице носи, мрда, а јас ништо не осеќав. Изгледа само посилните удари ноќе ко ќе се смирам можам да ги осетам. Сите мерки одговараа точно, провери и протоци на плацента и доплер на срце, и нормално не ми даде за димери пак. Ќе морам сама на приватно па кај докторката што одам таму со резултатот. Се исплашив малку со папочната, еднаш е околу вратче ама рече не е проблем воопшто особено што ќе сум царски. Се има кај некоја случено вака? Не може ништо внатре да штети на бебето?
Која недела си? Движењата прати ги недај боже ако има нешто ќе се движи помалку ама чим доктор ти рекол нема проблем значи нема зошто да се секираш. А за димери зошто да плаќаш приватно ако е се во ред.
Со лесно мила. Во таков тежок период не можело нешто поубаво да те снајде. Да имаш лесна бременост и здраво живо бебче
@Saf 27ма скоро, рано е уште. Ми рече се гледаме за еден месец, ако беше нешто си велам ќе ме закажеше порано.
Тие недели има и простор да мрда многу може и да се ослободи од папочната. Само прати движења и не се нервирај.
Велат дека во текот на бременоста се чистело се тоа, репродуктивните органи се обновувале. Ако ти е чист папот нема простор за грижа.
Јас пак со моите прашања, што смее што не смее. Ацетон користите? Барав отстранувач на лак без ацетон, на друга база, и пак на него пишува дека содржи. Како е acetone-free, кога прва наведена состојка е ацетон Малце ми е шубе да го користам. Прво да исчистам ноктите, па после ќе прашувам и лак дали користите Или ете две во едно прашање.
Имаше едни маслени во аптека да побараш, немаа сигурно ацетон, за вештачки нокти се повеќе ама вадат и лак. Јас користам обичен, не верувам да прави проблем некаков сепак е надворешно. Измиј ги рацете одма и нема штета.
Моето бебе беше со папочната врвца можи два месеци околу вратчето и немаше никакви проблеми...и јас се правев филмој да ме се случи нешто ама се ок беше и на крај природно се породив. Проблем било ако се брзи папочната во чвор...тогаш немало проток на хранливи материи.