Не се плаши, ако не може сега, кога ќе може. Не би продолжувала со муабетов за здравство и доктори, малку сум овде, ама скроз позитивно изненадена. Се чека, нема непотребни испитувања, ама лечат според симптоми и во итни случаи реагираат веднаш. Знаат да препознаат симптоми. Во Македонија да, има доктори, ама да бидеме реални, малку се. Услугите никакви, резултатите катастрофа. Затоа еве јас бидејќи се работи за трудници нема да продолжам, ама пак, не ми фалете и величите мк здравство. Инаку, веројатно и јас ќе испитував се оти не сум сигурна во нашето здравство. Скриен шеќер и овде се проверува. На 4 недели ехо, сега плус урина. Крвна слика до сега два пати, првата беше обемна, и Кумбухов тест, и рх фактор, и торч, спи, се што на почеток кај нас испитуваат. Брисеви немав, да, имав мака, ми ја решија со терапија, симптоматски. Доколку имам ризична, проблеми во бременоста, ќе реагираат и те следат подетално. За нормална бременост, не оптеретуваат. Димери биле нормални да се покачени, без индикации не проверуваат. Имам попуштено вени, докторот ме прегледа, виде какви ми се нозете. Не те оставаат на немилост, на среќа. Следат и бебе и трудници. Витамини има што пијат, и овде има реклами, гинеколози што препорачуваат. Мојот смета дека не треба и јас одбрав да му верувам. Во болницата е чисто, врски не ми требаат, кога прокрварив бев примена одма. Тоа е генерално и јас сум задоволна. Се надевам така ќе биде и до крај. Инаку, еве сега следен преглед ми го закажа на 3 недели.
Апсолутно ќе ме чекаат и ме поддржуваат ако се одлучам да пробам. Ама лично мислење на докторката беше дека ако на првиот пораѓај било до мене (што така и беше, јас не успеав да се отворам повеќе од 1цм) дека големи се шансите и сега телото да не соработува. Ми вика најверојатно пак ќе се мачиш и исто би завршило. Провокации и слично не доаѓаат во обзир заради првиот царски, значи би пробале само ако природно тргне работата. Во превод, оди си на царски не се мачи
Фала ти ми беше мисла дека од толку рано. Не е во чвор ми ја покажа, оди од кај рамото назад на врат, па накај напред и се крева нагоре како што е во плацента.
Здраво мешиња. Ми беше страв да се приклучам на темава, се додека не слушнам како чукаат две мали, а толку силни срценца. Денес бев на ехо, инаку со ивф сум и ќе имаме близначиња. Но, не би била тоа јас ако се е како што треба, па затоа видовме и субхоријален хематом 12×10мм, кој претпоставував дека е таму, зошто пред една недела прокрварев. Имав чиста крв вечерта, а сега така по малку кафеав исцедок, се надевам ќе се среди, па да можеме на раат да се радуваме. Ако некоја има искуство, нека сподели во лп. Со лесно и со среќа на тие што се блиску до пораѓај.
На секоја контрола со доплер ги проверуваше протоците во тој дел од папочната врвца и имаше убав проток.
Јас сум задоволна од нашите доктори. Матичната ми е топ, стручна е, ми зборува цело време, ми дава совети, ми ги слуша глупавите прашања и трпеливо одговара, не чекам повеќе од 5 минути за преглед. Премногу е посветена на мене кога ме прегледува, се детално објаснува. Кај и да влегов во бременоста, брзо завршував работа, освен што по протокол мораш два саати да дремеш за скриен шеќер. Разочарана сум од тестирањата на државно, како брисеви што може да ги чекаш со недели, па и месеци. Вака добро проаѓам. Да не испадне многу го фалам нашето здравство, али ете позитивно изненадена сум. Еднаш завршив во болница во една европска метропола, влегов со високи очекувања, бетер од нас се. Уште малку што шатор не постелив додека дојдов на ред, а ќе речеш итна служба. Секаде државно здравство е поникакво од приватното. Ама пари ретко и кој има цело време на приватно да иде. За крај, не е дека цело време не клукаат со разни лекови. Општата матична само со бабини деветини ме лечи, што дури и некогаш ме нервира, сакам брзо решение, ама ете таков и пристапот и на крај пак ќе те оправи. Плус што кога имав корона, секој ден по два пати ми ѕвонеше и ниту еднаш не ми рече не доаѓај. Верувам дека се ретки. Ама сепак ги има и такви што работат за пациентите, а не колку да не седат дома.
A bas mislev deka drveno krevetce mi e podobar izbor, vakvoto montazno mi deluvase nestabilno koga go gledav niz prodavnici, ama stom i za vtoro dete ke ti sluzi, znaci vredi da se kupi
По мое искуство алал да им се парите. А искрено скапо и гломазно е дрвено детско креветче според мене. Плус оградици па мисли го дали ќе чукне раче главче во спиење .... Шо знам.... Кај моите имам јас и дрвено, ама ова не го давам
Презадоволна сум и јас од монтажното. Иако само само 1.5г спиеше во него, сепак супер е склопи го и не фаќа простор.
Моето е од пред 4 и пол години, од алф кидс продавница за бебешка опрема во Прилеп. Има на повеќе места локо кроко, енци менци...
Јас имам и монтажно за во дневна и дрвено, ама не е тоа тврдо дрво па да расчука глава Дрвеното ми е поубаво и полично, мене монтажното нестабилно ми е , ама ни се најде за во дневна и за летен одмор сме го носеле, практично е за носење Тогаш таа генерација изнакупувме од Енци Менци дрвено, со мече, со гратис душек околу 10.000 а гледам и сега е толку. Монтажното околу 4.000 ки го зедовме
Назад да можам да бирам, монтажно ќе изберам. Дрвено па додека го намонтираш, па неможеш да го мрднеш и преместуваш лесно. Плус што мал милион пати бебе со вриштење најстрашно на свет ме будело (заглавена рака и нога и ја влечат со сила од паника и тоа боли...). Монтажно рај, нека се врти колку сака, нема опасност. Ми спиеле во апармани по одмори во монтажни од таму, многу поубаво спиење имале..
И јас меѓу другото не се отворив повеќе од 4 прста. И многу истражував околу ова, и со доктори се консултирав сите ми рекоа секоја бременост е различна и ништо не мора да значи. Обично, најчесто цезареа се прави од причини или компликации кои настануваат во текот на раѓањето и затоа не значи дека истото ќе се повтори. А демек кога индикации за царски настануваат предходно тогаш се поголеми шансите пак да треба царски. Секако до крај ниеден доктор не може да гарантира со каков пораѓај ќе завршиш. Да сме здрави и живи само.
Другарки имам болки во стомаков над папокот од десна страна и го чепнав стомаков ми е цел стврднат. 30 недела сум. Прв пат ми се случува ова. Се загрижив.
Да се консултираш со лекар. Кога бев сеа на цтг др.ми го пипкаше стомакот и рече уште е мек а искрено не прашав што значи. Не паничи но утре прашај лекар.