Сега одвакумирав од синко алиштата. Тие неутралните , сите се пожолтени.Дали од стоење дали од бљуцкање Не верувам да се испере , ќе треба уште некој помал шопинг да се направи ....
Od stoenje pozoltuvaat mene sestrami od vnukmi mi cuvase nekoi alista i bea pozolteni so becutan tecniot prasak izlegoja flekite , probaj si
Јас тие лажни контракции не знам да ги препознаам или сум ги немала. Се напив магнезиум. Маж ми се запна да одиме на дежурен да ме видат.
Јас имав еднаш споделено ми искочи како реклама дека имаат понуда за масажа на трудници. Не сум ја пробала ама мм одеше кај нив на терапија за кичмата и беше задоволен. https://petreski.mk/category/третмани/
Не ти е цело време тврд , туку обично едната страна или двете од папокот. Баш онака стегање се осеќа и непријатност и пушта за една минута.
Кога сум станата ми е тврд. А легната кога сум не ми е. Откако јадев ова ми се случи. Инаку сега и како да слушнав крцкање на коски во стомаков. Болките почнаа да попуштаат по малку.
И мене ме пипкаа така и ми рекоа дека имам доволно плодова вода. Па најверојатно тоа им значи дали е тврд или мек.
Исто. Јас не ни сакав дрвено да купувам. Тогаш од Бебе Комфорт зедов на Cam монтажно, на попуст беше 10. 000 ден, без душек. Стабилно е и цврсто. Сега ќе го исперам само, едно душече ново и спремно е.
Јас мислам бебето има некоја положба завземено таква, може и се успало и него го осеќаш. Мене често ми се случува баш сега се пипкав како топка е склопчено, на пипкање стомакот тврд. Додека не легнав така ми стоеше. Сега се размрда и ок е.
Тврд ми е и мене ко ќе стојам или ко ќе одам. Штом легнам омекнува. Дури некогаш ко да ми се здрвува цел, не како контракции туку цел камен се прави во одење.
Јас денес баш го прашав докторот што има лево, ко ќе се склопчи таму десно празнина дури останува и ми го изобличува стомакот цел. Газето беше
19г.н сум. На контрола докторот ми кажа имам плацента превија и плодот е се наоѓа многу ниско. Дали имала некое искуство. Испаничив ептен. Едвај излегов од ординација.
Да и кај мене истото, на прегледи секогаш ми кажуваше кај се трти со газето според тоа како е наместено и стварно беше така. Ама сега 40та недела преку цел стомак е нема ни газе ни ништо, кога го гледам страв ме фаќа да не е многу големо. И не знам дали до мене е ама веќе немам претстава што е нога што рака што лакт само гледам некој работи ми излегуваат од стомак кога мрда и се чудам.
Делумна или целосна? Мислам дека е рано и дека со лежење може и има време да се помести нагоре. Во трет семестар ако е уште така поставена, царски е пораѓајот. Што ти даде совет докторот?
Не ми кажа. А јас од пуста паника заборавив да прашам. Сто мисли ми се заврте во глава. Повеќе мирување. Не добив друг совет.
Дека е тесно затоа, цело место го зафаќа сега. @H.VAGA дека е рано веројатно, мирувај и лежи повеќе, не се плаши има големи шанси да се премести.
А дали и после 36 недела постои шанса бебето ако си е наместено со главчето надоле, да се изврти и да заземе некоја друга положба? Околу 35 недела кога бев на ехо ми кажа дека бебето се спремило за породување со главчето надоле, ама веќе цела недела е ептен активно и цел стомак ми го превртува, што ли прави внатре, ама ептен лудува некако . И првото беше активно, ама ова, посебно овие денови мислам дека воопшто не спие, се е во некакво движење . Па си викам да не ме изненади, и да се заврти карлично или со нозе надоле во последен момент?! Инаку, ниту со првото, ниту со второто не ми беше страв од породување, ама најискрено. А за среќа и многу лесно и брзо се породив. Сега па и да сакам немам кога да паничам и да мислам што и како. Единствено ме плаши како синко ќе ја поднесе разделбата од мене, друго ништо.
И мене ме интересира ова. Поточно ме интересира до која недела обично поголемиот број бебиња ја завземаат трајната позиција? Нешто дека матичниот ми спомна. Ама секако има и исклучоци секогаш. Па може и во последен момент да се сврти.