Можеш слободно, нема врска едно со друго, не ми е јасно само зошто вечер баш да го пиеш, витамини се нема одреден саат...
Јас претходно благо да не видам, многу ретко ми се пријадувало, сега после секој доручек, ручек јадам. И тоа на маса у дневна ми стои да не случајно заборавам
Некоја членка ако може да ми пише што има/имала искуство со бебенце кое е 10-12дена назад. Притоа протоци во ред, примам и клексани. Го следиме секои 10дена бебето, накачува по 250 грама. Моментално сум 32недела. Кога спомнав на докторот за порагај, ах вика дали ке чекаме термин, може и порано да е царски/ провокации.. се зависи од напредокот од контрола на контрола. Па ако има членка со нешто вакво би сакала чисто да исконтактирам да сподели искуство. Фала
Јас само да ве известам за тие што пиете Магнезиум од Биоелектра пак го има на залиха во Зегин. Денес купив, добиле нова тура
Од кога почна да заостанува? Дали цело време е помало? Дали вие фамилијарно сте крупни? Дали од една до друга контрола напредува? Дали имаш некои мутации, димери и времиња, ин витро, било какви индикации за клексани? Има ли индикации за предвремен? Бебиња се раѓаат од 2,5 до 4,5 кг и ако се термински сите си се еднакво здрави. Килажа е помалку битна од развој на бели дробови.
Се ова почна пред месец ипол. Инаку времињата ми се во ред, димери 2000 што според неделите беа прифатливи, но клексаните ги примам за да подобриме циркулација и воедно имам и неколку мали лакуни на постелката. Од контрола на контрола на 10 дена накачува 250г од прилика, тука спаѓаат сите мерки, главче, нозе, меше се тоа е помало.А за предвремен, како што спомнав ќе се следат отстапките на 10 дена, да не се зголемуваат повеќе од ова сега. Според докторот, Во овие недели заостанувањето во овие недели повеќе од ова е ризик за бебето внатре. Да, тежината и не е толку битна , но вака гледано целата ситуација ме потресува.
Можеби бебето си е помало. Скоро една жена се породи со поситно бебе по термин, здраво право. Трансфузиолог што вели? Мојот матичен не сакаше да слушне за ништо плус ако сите параметри се во ред. Мене клексанк не мо даде, следевме цело време димери и времиња. Трансфузиолог се согласи. Големина на плод нема врска со тоа кога ке се роди.
Дали си прележала ковид во бременост? Мене тоа ме предупредија како постковид. Иако за сега се е ок кај мене
прележав во 3 месец. И мене тоа го искоментираа. Ке видиме, се молам да си напредува и да си поседи внатре до 9ти.
Порано многу сакав, ама како останав трудна ми се лоши од благо, некако преблаго ми е и лош вкус во уста.. Се надевам до втор триместар ќе се вратам во нормала
Да те утешам за 10 дена влагам во 8 месец еве а каснам благо умирам, ама па до сега само 7 кг сум качила Со првото до крај имав +20кг
Јас бев во слична ситуација, бебето не напредуваше од 27ма недела, примав скоро цела бременост по 2 клексана поради лоша постелка, се породив во 37+6 со бебе од 2 кила. Ене ја жива здрава 4 год ќе прави и за нејзина возраст со килажа е супер а висина над нормала. Не се секирај се ќе биде во ред. И да мене ме паничеа ќе ме пораѓаа во 28ма недела, па во 33та ( примив две дози зреење...)
Бидејќи ми најдоа скриен шеќер, сега утре испитувам тримесечен и ќе внимавам на исхраната. Не сум од Скопје, не би сакала да доаѓам таму за пораѓај, дали при царски и со гест дијабет би имала нешто проблем за царски и дали би ме упатиле секако таму?
Јас баш денес го прашував докторот за на одмор, конкретно Грција, ми рече слободно оди. Сепак, можеш да го прашаш твојот доктор да видиш што ќе ти каже. Ти посакувам лесна бременост.