Мм денес почнува со ѕидовите. Јас цело време ќе сум до него пошто моите а и неговите 200 км се од мене. Нема штета
Ние паркет стругаме дома Има некој нов еко лак што не мириса и не се ни осеќа , малку е поскап ама вреди . Прашај сигурно има некоја таква еко опција зошто бојата мириса многу .
Би сакала да слушнам мислење од оние кои веќе се оствариле како мајки како се справиле со предизвиците со првото бебе. Може и да се пријави и секој што го дели моето мислење. Имавте ли помош, дали ви беше страв, како го надминавте стравот со новороденче во домот. Како поминува време, чувствувам немир што ќе биде. Мислам дека око нема да склопам со денови и недели и ќе бдеам врз него. Страв ќе ми биде за бањање, општо да не го повредам случајно, да не се покрие несакајќи врз глава итн. Секакви мисли и хипотетички ситуации ми прелетуваат. Си викам барем првиот месец да го преживеам, можеби полесно ќе биде. Се си мислам дека сите знаат што прават, само јас не знам. Од пораѓај не ми е толку страв, колку што кога на свет ќе дојде Александрит Џуниор (да нема забуни, друго име ќе има). Само да му биде добро, да биде здраво, најадено, среќно, ништо повеќе не сакам. Можеби и се плашам дека влегувам во нова етапа од животот, за која немам ни знаење, ни искуство, ништо не знам, цел хоризонт на предизвици. Ете така, да ми олесни на душата.
Немавме помош од никој буквално, за ништо. Сами се снајдовме, не беше лесно признавам, имаше и плачки и паники, плус маж ми прв пат гледаше бебе од блиску, прв пат држеше во раце. Битно е убаво да се спремаш, да се организираш. Да прочиташ околу бањање (ако во болница не ти покажат), хигиена на папче, околу доењето посебно да се заангажираш доколку сакаш да доиш и тоа е тоа од прилика. Убаво би било да имаш број од доктор, сестра да можеш да ги контактираш за не дај боже ама искрено да ти кажам мене форумов најмногу ми помогна. Обавезно има некоја дежурна да ти помогне во итен случај. Значи ти спремај се добро дома, а за другото секогаш сме тука за совет
Не верувам дека постои некоја тазе мајка која не ги дели истите стравови, но спокојно, ќе се снајдеш, не се секирај предвреме а исто така дозволи си да уживаш во мајчинството без многу окупирање, тоа е најприродната работа на светот...
Син ми наполни 6г и сеуште имам стравови! Цел живот ќе биде со стравови, што дека чекам второ, се плашам сеуште и ќе се плашам и за второво. Ама од прв ден си земавме се во наши раце, освен доењето, не успеав во тоа, бањав сама со маж дете, чував сама скоро, маж беше по 16 саата на работа, сами бевме скоро па за се. И нема подобро од тоа, верувај, се ќе совладаш, баш се, и ќе бидеш среќна со успехот. Размислувај дека друг освен тебе нема, за бањање полека, никој не те брза, за спиење ќе му наместиш да му биде удобно, но нема да му оставиш простор да се покрие преку глава со нешто и толку. Првите денови ќе го гледаш дали дише, и тоа е сосема нормално, ќе го гледаш дали е се во ред, ќе броиш мочани пелени, каки, колку пати голтнал и се тоа е во ред. За се што ти е нејасно ќе си најдеш педијатар од доверба и ќе го прашуваш него, за совети можеш и овде или блиски да прашаш, но секогаш води се по педијатар, тој на крајот е оној што ќе треба да го оправи тоа што сме го закашкале нели.
@Alexandrite имав помош јас а ќе имам и сега првиот месец. Не планирам да го капам додека не му падне папочето, тоа мајка ми или свекрва ми како што беше за првото. Можеби можам сама, ама не сакам ни планирам да пробам За стравови околу детето мислам тие никогаш не престануваат и нормално мајката да ги има. Природно ќе си оставиш да си течат настаните и се што не ти е јасно прашувај или педијатар или патронажна сестра. Ќе се снајдеш сигурна сум.
@Alexandrite И што вика Ангел, за бањање никој не те брза, полека ќе си наместиш, ќе си ставиш се на дофат алишта, чепкалки, газички со алкохол за папчето, тропалки ако плаче, и онака бањањето е 2 минути, повеќе трае местењето и собирањето после тоа За бдеење, се уште ги проверувам и маж ми и син ми дали дишат Тоа ми е некој страв што не можам да го надминам, а инаку првите месеци се најлесни ќе ги преживееш секако. После станува се потешко ако нема помош од никаде.
И јас за првото бев сама. Со мм го бањавме.нешто со читање нешто од педијатар учев, а и мајчината интуиција си ја слушав. Тешко е но денес можам комотно да се пофалам дека јас си ја пораснав ќерка ми без помош од свекрва оти мајка ми е почината. И се гордеам многу каква мома ми порасна знам дека од неа ќе имам помош многу.
Ич нема да се брзам, полека, смирено колку што можам да бидам. И маж ми не е поарен, сака многу деца, само и он со пусти страв бебе да не фати. Јас сум во фамилија таа што не се плаши од ништо, со пипави и спретни рачиња, па ме праќале стравот да им го берам. Што не можат они, прати таму на Александрит да среди. Но, ете секој има своја ахилова пета. И мислам дека конечно си ја пронајдов. Толку мало прцле, а толку голема слабост на него.
Некоја искуство со бебе свртено со лице нанапред/нагоре пред пораѓај? Има ли шанси да се сврти како што треба?
Еве сме и ние исти, вел месец се рушиме и ѕидаме. Нема што не вдишав веќе. Подај ова, подај она....па и маж е душа, не иде да го баталиш сам и да заминеш на друг крај на државава (кај родители мислам). Едно кафенце едно сокче, ред муабет и проаѓа побрзо мајсторијата. Леле жити се ако можеш дознај ми кој е тој вид. Треба да стругаме за некоја недела, а баш немаме каде да одиме да спиеме додела смрди лакот. Мила, за туѓо бебе ми е страв да чепнам, но за свое...не ми беше страв од прв ден. Си доаѓа тоа само по себе. Јас па немам доверба во другите и само се мислам кој како ќе го фати. За бањањето нема да ти е проблем оти се состои од два три пати прошлапкување во вода. Мало бебе е тоа, колку ќе се испрља. Ќе го легнеш на рака на стомачето и по грбчето ќе полееш водичка. Ќе го замиеш газето малце, малце ,,витките" кај што ќе се поти и тоа е тоа. Малата ја бањав секој ден, сега се чудам шо ми било потребно. Дури и со мокра тетра да го поминеш некој ден коа ср осеќаш неспособна, ќе биде океј.
Јас сум мнооогу организирана личност во принцип (можда веќе не ). Ова моево најмирно беше мислам во болница сите плачеа она си ќутеше. Таму ме „учеа“ да дојам и на испис пишано да дојам и дома на 2 саати. Кога си дојдовме дома ја оставивме во гнездо да си дојдам јас на себе, маж ми да види што чудо сме направиле и гледам кога ќе пројдат тие 2 часа. И стигнува време, вадам цицка бебе неќе да фати, камења напраени, ајде со силиконска неќе, почнува да вришти, јас не знаев дека може толку да е гласно а толку мало, почнува паника да ме фаќа. Ама јас спремна, кај оставам на случајност, стерилизирани шишиња (медела пошто такви препорачуваат), адаптирано спремно, го прави маж ми млекото ова вриска уште толку ме фаќа паника. Ајде спремно шишето и го даваме, не пие, не влече, не капе тоа калмата! А во болница си пиеше од такви без проблем и јас и давав. Е тука веќе нозе ми се пресекоа. Гладно дете, не цица, не пие од шише, а веќе заоѓа плаче. Облакај се му викам на маж ми ја носиме у болница да ја наранат. Имав земено и едно авент на почетокот пошто не знаев какво шише треба, ама кога ми рекоа калма, авентот остана спакуван во кутија некаде по плакари. Е пусто не го ни измивме и го претуривме млекото и си го испи од тоа. И така следно кога ќе помислиш дека не знаеш што правиш, а другите знаат, нека ти текне дека јас само што си дојдов дома ќе се враќав у болница за да ја наранат. Едит: Околу бањањето НАЈПРОСТО НА СВЕТ е, ич не се преоптеретувај. Со царски бев сама ја бањав од прв ден со помош од маж ми, да ми даде туш, да капне купка и сл. Папочето не е страшно ако се намокри, не смее да се кисне и да е во стоена вода. Затоа се бања на проточна вода односно на чешма или со туш. Бебето фатено на гради со едната рака свртено надоле, со другата рака сапуњаш и плакнеш, толку. И вода у очи ако иде не е страшно. Во лавабо ја бањав.
Никако. Му кажав дека цело време ќе сум дома што можам ќе направам ручек кафе со џогер ќе поминам веднаш ако капне некаде од бојата за да не се суши. Тој ќе преместува се сам уште да си одам. Не не.
Женски ви се случило ли да ви се слоши, како вртоглавица да осетите слабост? Се исплашив, мерев притисок ок беше 117/78, се мислам шеќерот да не е , од вчера не бев јадена скоро 16 саати... Еве јадам и пијам кока кола да си дојдам на себе... Мн се исплашив дури уши ми се затнаа еве лежам уште осеќам слабост.. Денес полна 8ма недела
Купив плакарче за алиштенцата за бебето со што внатре да го избришам? Некако со средство што бришам прашина не ми се бриши таму.
Јас два пати се онесвестив до сега. Таков ми беше и мене притисокот, повеќе доближан. Исто ми се затнуваат ушите, ми се прави темно се околу и готово се губам неколку секунди. Од дехидрираност и од нередовно јадење е, пад на притисокот нагло. Шеќерот не е, ама помага во моментот благо.