Се мислев да му кажам, си викам Като седи мирна, предавања да не слушам Мојов ко мајка и е на Софи, ама во моментот не беше тука, што да правам да ја оставам да плаче не можам . Ме утеши @kristina.k имало и полошо денес еве нема да ја кревам, дома е тој Сега ја нишкам така седната на кревет и одма тата го бара, тој да ја заспие Оставам хаос дома, не планирам едно парталче денес да кренам.
Они мора да имаат дијагноза, не може да не ти наплати оти гледа стомак. Ако си имала дијагноза и ти наплатиле онда пријави ги. Не смеат да наплатат. Мене во Биотек не ми наплаќаат.
Епа она земала од општ матичен не од гинеколог . Затоа и наплатиле, најверојатно е гратис само од гинеколог, јас од гинеколог си земам и никој не ми наплатил. Мене на трансфузија од општата матична ми наплаќаат. Последно се најде љубезен на прием и сам го смени упатот вика чекај ќе го направам од гинекологот да не плаќаш.
Мене секоја крвна слика ми ја наплаќаат по 200 денари, со упат од матичен гинеколог со шифра за трудници.
Сега земав втор упат од опш матичен за трансфузиологија баш ќе ви пишам дали ќе ми наплатат. Инаку првиот пат не ми наплатија. Секаде каде и да одам до упат од општ матичен не ми наплатиле. Само гледаат дали ја има шифрата за трудници.
Честитки нека е жива и здрава Еден апдејт од мене денес прво цтг и преглед 35+1 батково ептен спуштен во канал спремен да излага докторов ми рече да лежам да не кревам и минимално да се движам вика барем да издржиш уште недела две
Мене и општиот ми става Z34 и не плаќав. Знам баш гледаше како е пишано во упатите на гинекологот за да стави иста шифра. Така да треба само да се спомне и да се разбрани у ординација.
Дечки јас сум паничар невиден кога станува збор за храна, ама од расеаност денес, не се сеќавам од кој јогурт сум се напила. Едниот има рок до 6.6, ама е отворен пред речиси две недели. И домашните пијат од тој "стариот" бил во ред. Има некое место за загриженост, во случај да сум се напила од него, дека толку долго стоел отворен во фрижидерот?
Денес беба ич не ми мрдна, се загрижив. Обично насабајле е поактивна и ме поздравува за добро утро и во текот на денот, денес ич. Дали да бидам загрижена? 21 недела сум. Пс: се напив кока кола и јадев благо, ништо..