Еве да ти кажам за првото. Сва среќна после пораѓај нема да сум слон, спакував тренерки од пред бременост. Ги облеков до колена. Со плачење си искочив во трудничкиот фустан.
Дали мукозниот мора под дифолт да е со сукрвица? Ја кренав кратко ќерка ми и во моментот осетив ми истече. Лигаво, ама немаше крв.
37ма терам. Имам и некоја блага болка како во бубрези ли кичма ли. Ама сум многу вознемирена, мислам тоа допридонесе. Аман не ме пуштај прва. Некој треба да ми каже што осеќал, нејќам прва да одам. Кажи му на маж ти да те изнервира. Еве мене ќерка ми успешно ми ги троши сите нерви.
Баш ке те послушам, подобра сум само што ми е страв да јадам како претходно, малце на диета ке се ставам. Мислам ако беше некое труење ке продолжеа симптомите да не паничам за џабе, еднаш со труење на инфективна завршив у оваа ситуација не би отишла пак..
Се размислував јас за зачувување на матични клетки. Читав и во темата, ама баш некоја членка што прашала и ја интересирало, никој не одговорил. Па некој да има поинформиран. Ме интересира што доколку фирмата во која ги дадеш клетките на чување, пропадне? Фирми како фирми, има што опстојуваат со децении на пазарот, ама има и такви што брзо се гасат. После и без пари и без материјал да останеш. Исто, дали може сега да платам за чување на 20 години, па кога ќе потсоберам некој денар плус, да доплатам за следни 20 години, или мора одма да се каже. И трето прашање, не дај боже никогаш да треба да се искористат, но во случај да треба, како би одела постапката. Се доплаќа ли нешто плус? Може и да предложите од каде сте се одлучиле, како сте задоволни. Сакам сигурна варијанта, што доколку би се одлучила да знам дека нема материјалот за џабе да ми го земат.
Немам. Ги допив баш пред да влезам во 9ти и не купив веќе, овде читав не се пиел во 9ти. Ништо, ќе ми помине и така.
Здраво мешиња и идни мамички, ве читам со месеци, ретко сум ви коментирала нешто кога некоја челенка нешто прашува, топ сте сите и сте моја најголема поддршка. Сега официјално ви се најавувам во групава се надевам ме примате. Веќе сум од денес 32 недела со ИВФ и со краен термин крај на јули. Кои сте од групава приближно со мене да разменуваме симптоми и идеи? Ве гушкам сите виртуелно мешиња!
Мене така од 36-37 недела почна да ми паѓа по некое делче исто безбојно лигаво, ден два па го снема...за да ми испадне скроз вчера после прегледот колку сум отворена...
И мене буквално на страмната коска ме гледа ми вели спуштено е но не е во канал за да излези. Вака можеш и да надминеш и термин но не се знае ми вели. Тоа кога ке почне да се спушта ке имаш болки или водењак ке пукне
Има некоја друга со болка во мускулите назад на нозете? Не се поднесува веќе. Немам отоци воопшто, не е јака болка, ама е некоја постојана тапа како да ме тера да ги истегнувам и да ги масирам, ама ништо не помага. Си најдов мислења овде и за првото вака ме болело, ама последниот месец сега е рано за толку да ме болат, а и не знам од што.
Дали знае некој од што зависи тежината на бебињата кои се раѓаат, негде прочитав дека е поврзано со тежината на таткото што ми е навистина интересно. Странско истражување мислам америчко беше вели детето што ќе се роди е можно да има слична тежина со тежината на таткото )) Па малку се зачудив