I jas si kupiv fustance teget osnova so cvetcinja na preklop za sekoj slucaj da mi e tocno Inace denes za prv pat me bolese vaginalniot pregled uzasna bolka mozebi deka sum veke otvorena
Мене ми падна во 37ма, се породив 39+4. Ме болеше кичма (и се друго) , имав дијареа, неколку пати нагон за повраќање и бев отворена 4цм од 37ма
Ллелеле жени шо ми се задеси денес. Кичма ми се фати, ама ептен сериозно, неможам да станам сама ниту да се движам самостојно. Ужасни болки... Докторот ми даде дијазепам 2ка и парацетамол на 6 саати, и да мачкам Voltaren ... ама ништо не попушта, ужас ... Некоја да и се десило ова ??? Па од нешто да попушти, неможам да мрднам од кревет
Скоро до крај. Ја денеска си најдов други пижами што ги бендисав за на клиника, а ќе стасаат тек на 9ти па сеа си викам да издржам до тогаш. Чим си примила терапија ќе попушти, не се секирај. Само не се концентрирај на таа болка. Пушти си музика или филм и пробај таму да насочиш фокус. А ако имаш и така проблеми со кичма, јас топло ти препорачувам да си купиш масичка за пресоблекување на бебето. Мене како последица од епидуралот откако ќе ја пресоблечев ми требаше 10 минути да се исправам. Имав многу болки и сеуште имам. Поучена од тоа искуство, тоа беше прва работа што ја купив за второво.
Не сум имала никогаш проблем со кичма, ама секогаш физички активина, е овие 7 месеци , трц забрана нема никакво вежбање... и еве.. Значи не е болка само , туку неможам сама ниту да станам ниту да одам , ниту да се свртам. Како ке ме легнат така и си плачам само
Во 7ми месец по колку магнезиум пиевте максимално? Се мислам да почнам со 3 на ден, еден од 375 директ од natural wealth за ко ќе имам болки, и два од Биолектра по 400, насабајле и навечер. Ама да не е многу од сега, кај ми е крајот до август Инаку ми ја среди столицата магнезиумот како ништо друго
Ајде не се секирај. Чим си почнала со терапија ќе попушти. Ама и ти мораш да си помогнеш малку сама на себе, со нервирање и плачење ништо не правиш, само се фокусираш повеќе на болката. Пробај да се смириш, покриена со терапија си, најди нешто што ќе ти влијае пријатно, пушти си некое релаксирачко музиче или некоја комедија и ќе ти помине. Се ќе биде во ред.
Јас пијам 2 од 400мг и еден директ по потреба дополнително. И мене ми ја среди столицата ептен бев проблематична
Рано е, ама се е можно, може да не изненади доаѓање посебно па на близнаци и демек не си го викај лошото ми велат со ова, ама сакам да си спремам една торбица, да си ставам се што треба за мене, да не треба после неочекувано набрзина мажот ми да бара или полош случај свекрва ми во гаќите да ми бара да ми донесе. Не е луда замисла нели? И пижами дека велите, дека со стомакот и со се не е поубаво некоја ноќница нешто?
За првото бев царски и си носев обични пижами. Од дома. Овој пат исто ќе биде бидејќи пак ќе сум царски. Во државна во Битола ќе се пораѓам.
И јас исто. Царски кај Михајло. Можам значи да си земам од дома се. Пижами, влечки се што е потребно.
Која прва? Ако сум пред тебе ќе му речам да те поздрави и да те има на око хахах. И ти така за мене И првото ти беше царски кај него? И извини што те прашувам ама која беше причината? И сега зошто царски? Зошто мене цела бременост за царски ми прави муабет и читам тука дека настојувал скоро кај сите царски.
Се немам договорено кога ама термин ми е 20.08. Со првото ме породи др.Сотир кој работи сега во плодност заради карлично бебе. За ова нема причина за царски, ама јас не сакам да се пораѓам природно Михајло ништо не ми рече. Многу ќе ми биде криво ако тогаш му е планиран одморот
Јас кога почнав да осеќам напон за да излезе, дури тогаш се спушти. Не се секирај, се може во последен момент. Мајка природа се ќе си направи како треба.