Мене сега ме мачи нешто друго.. Синоќа бев излезена да пешачам, се напив кафе и лимонада, кога си дојдовме дома пак исповратив... А вчера дента се беше ок. Дали е можно да е листерија? Се убив од читање и уште толку ме фати паника. Каде можам да испитам? Се јавив во Авицена не испитувале. Болки немам во стомак, температура исто немам. Повратив два пати и вчера ме болеше глава...
Да не ти е мигрена? Јас кога ме боли глава повраќам обавезно, или притисокот да не ти се качува па од тоа да повраќаш?
Низок ми е скоро секогаш, баш мерев синоќа 100/70. Почнав да повраќам после таа прославата, изедов похована зденка и прсти... И на мм му беше лошо ама ништо му помина, мене и синоќа пак ме повтори... Изначитав триста глупости и што може да предизвика листерија на плодот и ме фати страв
А чекај , зошто од царскиот??? Како е врзано царски и кичма??? Да пробаш со редовно вежбање, зошто јас физички кога сум активна никаква болка немам ниту на грб ниту врат ниту кичма... Сега ми забранија дека со ИВФ и докторот е претпазлив ама пак еве беља од тоа одмарање.
Не си стварај грижи без потреба. И да е недајбоже бактерија нема одма да повраќаш и да имаш симптоми, има период на инкубација. Можеби било стоено на топло подолго па ви предизвикало мачнини. Чим немаш температура и други симптоми мислам дека не е ништо страшно. Сепак појди си кај матичен, направи и крвна слика. Ќе видиш дека се ќе биде во ред.
Ич не се секирај,штом влегло мора да излезе. Кога ќе почне процесот ќе заборавиш на стравот. Јас 5 дена после термин се породив. Уживај си,до 2 недели плус од термин нема проблем да си седи бебуш Јас затната,размрсулавена, синуси ме болат,очи ме печат.. настинка ли е,алергија ли е нз.. господ да ми ја чува бебушка,ама вчера не можев воздух да земам и прскав од на ќере капките за нис Мералис.
Дали пиете витамин Д плус од пренаталните витамини? Сите ми коментираат овие дена дека бела сум како крпа, а јас не излегувам на сонце воопшто, имам алергија плус мигрена и се замислив да не имам недостаток. Зимата пиев ама нередовно, има некоја штета ако земам пак? @Doktor F кај сите тие бактерии како листерија и салмонела симптомите се со висока температура, дијареа и посилно повраќање. Оди да не ти е мисла до кај матичен, ама мислам дека не е тоа. Евентуално некој послаб стомачен може имаш фатено.
Јас мака мачам со носот што ми се затнува, штом легнувам да спијам мора едната страна да се затне. Синоќе во 04ч станав и дури околу 07ч заспав, левата страна од носот ми се затна а баш на таа страна заспивам.
И јас сум затната и мака мачам веќе цел месец, ми помага инхалација со вриена вода и морска сол, топло перниче полно со морска сол на синус и плус со инхалатор се инхалирам само со физиолошки раствор и тоа секој ден и аква марис по 100 пати во денот пробајте може и на вас ќе ви помогне.. сега на последен преглед го прашав Димчев дали смеам други капки освен аквата ми рече слободно кој сакаш прскај. Но сега за сега вака успевам да дишам со 100 марифети но ако загусти си купив мералис за возрасни
Ако не излагаш на сонце, најубаво испитај д витамин, па ке знаеш колку да земаш ... зошто и премногу не е ок ама и низок пак ич не е ок
Јас мислев дека ми доцни поради промена на временска зона и си пиев не се грижи ништо не си му направила на бебуш ❤️❤️❤️
Не можам да се одлучам кое да го земеме, може да ве замолам за помош? Нешто од искуство, нешто од карактеристики на самите душечиња?
Што полоши мисли тоа потешко ќе ти биде , јас ги имам сите до мене ама ја најубаво си го чувам бебето пошто сум најопуштена другиве рипаат за се и сешто и тоа ме страшно нервира едвај чекам да сме сами .. И неможе да се задави од млекце може да се засркне и закашла а тоа е сосема нормално и они се учат сами да се борат со такви работи нема потреба од рипање и потресување само опуштено да си го чуваш не ти треба никој
Па по тоа што Димчев ми кажа слободно земи си кој сакаш капки подразбирам дека е дозволено хехехе и јас си земав проверено Мералис дефинитивно најдобри ми се и мене