@Arababy Фала ти Јас вчера се јавив на гинекологот освен витамини и парацетамол ептен по потреба ништо друго нд ми рече да пијам за настинкава.А еве од синојќа и очиве ме чешаат, ми потекоа.. само капки детски за нос ставам. Ќере нема 3 дена како оздраве, се со неа по лабаратории, на лекар и еве денес кашла, се дави, нос и тече.. од мене префати сигурно
Јас јавив алергија во 8ми мислам од зејтин(палмите масло) од Крофните од Хром. Ми кажаа Деслоратидин да пијам.
Јас имам пролетна алергија, на полен мислам.. Ај да ѕирнам состав на деслоретадинот Абе нз мака у пм.. Ќе ме заболи малку стомак и одма грижа на совест имам дека од капките што ги ставам на бебето нешто му е.
Абе за капки знам изричито дека не смеат пошто содржат тоа за допинг што го користат спортистите и ако е до толку да ним им е забрането и има некаков ефект, значи за нас па ептен се штетни. А за лоратидинот не знам зошто би бил забранет, искрено лек е што е потребен и некој без него би имал повеќе штета. Е сеа ако сепак е забранет тоа е. Пробај да го испираш носот цело време, не да прскаш само, со физиолошки со шприц. И седи дома да не се изложуваш.
Високо алергична сум на полен. Уште во првата бременост бев на консултација со неколку доктори меѓу кои Старова и Докиќ. За алергија ништо не се користи. Баш како што пиша членката со шприц со физиолошки чистиш нос и колку можеш да се изолираш од надвор. Јас идам на работа и кога веќе е неподносливо ставам белогент маст во уво за да ми се смири чешањето. Едит: Имаше една докторка во Јане ми препиша лекарства на природна база, ништо не ми помогнаа, само пари се изнададов.
Лето е, има доволно веќе вит д. Јас пијам како терапија оти мене ми беше скроз ниско. Провери го, ако треба тогаш. А што ти текна за Д баш? Имаш некои симптоми? Главата и е баш под десно ребро. Не можам да седам, особено на стол. Кафе ќе почнам лежејќи да пијам. Ако најдеш решение, сподели.
@JuLleE како што читам симптомите ги имам ама истите може и од бременоста да се. Дека не излегувам многу на сонце ми е, и стварно сум многу бледа во последно, сите ми коментираат. Ќе видам на нареден преглед ќе го прашам докторот, до тогаш од витамините мислам доволно е. Ко ќе ми влези мене нешто во главата ко хипохондрик, после само на тоа мислам, ко со Д-димерите.
И јас имам алергија на полен и ептен ми е лошo, пробај да ставаш некој спреј за нос против алергени...ќе ти помогне.
Во лето не се пие Д вит освен ако нема индикации. А досега не сум чула симптоми такви од низок Двит. Јас знам за потење на дланките, вратот, за бледило ама тоа е карактеристика и за други работи, како ниско железо, исто и поспаност. Опушти се, знам дека е тешко ама така со триста нервози нема сврха. Мене и со првата бременост и сега, ме пукна со дебелината и со гестациски, 2 пати ќе сме проверувале. Никогаш сум немала покачен шеќер. Ко за беља ми се јаде ми се плаче. Мака ми е од благо ама пусто и тоа ми се пријадува. Едвај чекам утре да си испазарам па да бутам салати и овошје, сега ништо немам дома.
Јас пијам д3 од 4000 и зимо и лето,ми беше низок,сега е нормален ама пак го пијам,зашто имам автоимуни антитела.
Низок витамин Д имале 80% од граѓаните на РМ, ова податок од доктор. Така да, секој втор кога би проверил би имал ниско ниво. И кај возрасните мислам дека нема некоја симптоматологија и штета, повеќе е за децата...
Јас се фалев дека имам енергија, дека ми е полесно од со синко, ама некако не ќе да е така. Не можам да се натерам да станам, ручек со сила правам, се би да јадам суво. И обавезно си дремнувам, без дремка не се оставам никако. Мада ова е моето природно однесување во лето, да го наречам ете, ваква сум мрзоволна и само пиперки и патлиџан би јадела, кајгана, сиренце, тестенини... од убаво поубаво. Ќе почнам да готвам пак од сабајле кога ќе тргнам на работа, нема друго чаре. Една чорба пилешка денес со сила ја направив. Имам малку ручек од вчера, па чорбата дополнување ми е само, така да не е страшно има за јадење. Денес па ми се вратија и менструалните, ама за нив од синко знам дека се нормални да ги има.
Леле мешиња, што ќе се праи ако болат коскиве до крај. Боли срамната коска, болат нозете, карлицата кај делот шо се седи....нозеве китка матка, некоординирани една со друга.
Кога ептен ќе ескалира, јака кашлица и отечено грло пијам Аериус. До сега имам испиено низ цела трудноќа некои 5,6 апови. Ама стварно беше неизбежно. Докторите ми рекоа самата кашлица може поголем проблем да ми направи од апче деслоратедин. Прашав и пријателка во странство и таму е дозволено и безбедно за трудници.
Мене Докич ми дозволи и Оровчанец да пијам десолатедин, нормално кога е неопходно не на секоја кивавица. На кој Старова мислиш? На кожниот?
Па коа не му заржиш на телото дека џабе се спрема за природно, сега трпи си И мене се ме боли, мислам како некој со бормашина ми буши во коските