Јас бев во саботата , ваљда ќе ми кажел ако е спуштено. @Eli23 во движење само , сега дури седам нема. Ама мн.непријатно е
Дали сум единствена денес ваква? Само ми се лежи, ми се спие, очиве ми се затвараат... Нешто ми е ама не знам што ми е, како некоја мрза да ме фатило од кревет не станав и како сила да немам за ништо
Мојов од 32 е спуштен дури сега кога бев на цтг и ехо претходнава недела докторов ми вика батково се наместил да искача да издржиш уште недела две ми вика барем.
Денес цел ден ми е лошо,главата како да ке ми експлодира,нос ми се затна,во ушите притисок осеќам ,како да не стега обруч некој,ми се повраќа,мачнини имам и менструални болки,мерев притисок 90 со 60.Сега ке пијам кафе,од времето е изгледа
Не да ми беше мака денес... Легнав да спијам, душа ми спие ама мозокот активен, пресметувам нешто, рачунам... Сум заспала и со мозокот и само осетив дувна и станав, е сеа лакше се дише. Денес бев излезена низ град, прошетав, дојдов дома не бев ич уморна, ама очи ми плачат за сон. Мислам дека ќе излезе железото ниско, не знам зошто, такво чувство имам. Ќе направам една крвна слика само тоа да проверам, ептен ми се завршува кога станувам и ми се спие страшно, очи ми паѓаат за сон.
Имате некое искуство со провокации, па да морало царски на ГАК? Сакаат да ме задржат да пробаат со провокации па ако не биде (а сами кажуваат дека нема да биде поради големината на бебето и др фактори) да ме направат царски. Ама додека не пробале природно прво, не правеле царски. Значи ти да се измачиш со болки секако па после ако се нафати некој царски добро... Нема ли опција да те направат царски ако знаат дека треба царски и готово или тоа со самиот доктор да преговарам? Да препорачате некој?
Кажувајте кои апчиња најбрзо го креваат железото? Претходно само железо ми беше слабо, сега и хемоглобин и еритроцити
Јас како што знам а и од искуство тотхема и хеферол по 2 пати дневно Мене ми помогна и семе од коприва со мед. Цеди сок со цвекло јаболко морков. Јас сум скоро цело време со низок хем.еритроцити и железо, малку ми се покачи последната крвна слика со хеферол 2по1
@Arababy @eli25 епа кажете му на телото да не се спрема као јас што му спискав. Само врски и пари. Јас во 42 со првото ме мачеа природно, за после да ме напраат царски.
Мене само тотхемата ми помогна, имам спомнато мислам и претходно. Ама забите ми се уништија многу од нив, црни наслаги се прават