Ако имаш доктор договорено што ќе те пораѓа, со него да збориш? Мене не ми ставија провокации, дирекно на царски, затоа што беба беше голема. И тоа докторот прво викаше природно, па после некој преглед ми кажа јас би те породил природно, ама да не ризикуваме, да одиме на царски. И така и беше. Сакам да кажам сепак тој предложи и затоа немаше провокации. Ама ова за Чаир зборам, не знам како е на ГАК.
Floradix само. Од едно шише железо од 5ка на 19 ка. Пиев со првата бременост, и сега превентивно си земав. На природна база е, не предизвикува тврда столица и вкусно е за пиење.
Се каам сега што се одлучив за ГАК во последен момент. Демек врски а уствари никој не те гледа и на никој не му е гајле. Подобро во Чаир да си одев. Доктор немам договорено, процедура им било наводно да ме задржат во 41ва па кој ќе се погоди шо ќе ми прават само Господ знае.
Страв ми е да пишам веќе И на тебе, Малтофер со вит Ц. Би требало за брзо време да има ефект. Јас и од тотхема имав подобрувања.
Истата фирма е со Алпенкрафт сирупот, значи најдобри природни сирупи имаат. За малиот зедов магнезиум сируп, многу сум задоволна. Ќе си земам и јас наместо ќесичките од Алкалоид што ги пијам, се поуморна се осеќам, сигурно не делуваат многу.
Мене сирупов ич не ми помогна. А и гаден ми беше за пиење. Искуства слушав дека апчињата флорадикс повеќе помагале отколку сирупот.
Уште подобро ако има апчиња многу сум проблематична со вкусови. Тотхема знам дека ќе има ефект, ама таман ми се среди малку стомакот, многу ми беа јаки во првата бременост. Тогаш мислам дека реферум пиев на крај, па добро ми беше и железото и хемоглобинот после царски.
Мене др. Зоран ми ги спомна сидерал за железо дека се добри. Но ги немам користено, не сум имала потреба.
Не знам што да ти кажам :/ Да пробаш преку врската нешто да видиш дали може без провокации, дирекно на царски, или ако имаш уште време да смениш за во Чаир?
Девојки веќе сум 34 недела близначка бременост, ама денес на ехо матичната ми стави "бубачки" во глава Двете бебиња се ок со килажа и си напредуваат, но на едното ми кажа главчето му е као ПОТЕСНО за 2 недели, во цел обем кога го мери е ок, ама само на една страна кога мери го има тој податок... И сега од 35та треба да почнам со цтг и да се спремам за пораѓај а јас мислам зошто е главчето потесно, дали е опасно, зошто заостанува, дали бебето е добро итн.
Железото во претходната бременост во 7ми месец ми се спушти, па по препорака од гинеколог испив една доза од Haemovit на Health Aid. Еден месец паузирав од премама дуо,додека пиев хемовит,затоа што во него има и б комплекс,фолна и 47mg железо (во форма која не го дразни желудникот)
Се разбира ли некој од читање Цтг? Бев денес на цтг, во моментот кога ми се стврдна стомакот на мониторот ги снема бројките, како да престана да отчукува и после пак продолжи да работи. Во тој момент и линијата на цтг е прекината, па после продолжува. Што значи тоа? Сестрата ми го правеше цтг, па го однесе кај докторот, он кажал дека не му се допаѓа и да одам утре пак. Цела сум прашалници, ништо и никој не ми објасни, само утре пак да одам и да се најадам ептен благо претходно. Дојдов дома, почнав да читам на интернет и се исповадив од памет. Страшно е? Нема кислород бебе, тешко дише.....? Вака го чувствувам постојано, си мрда нормално, стврднување на стомакот имам одвреме на време, ама сега ептен се испаничив. Спојлер: Цтг