Ама мрдаше, не беше успиено, баш затоа и ме фати страв. Плус тоа испрекинато, па линијата над 160 што оди.... Баш после ручек бев, ама не јадев благо
Да не се исклучи машината ко те фати контракција? Ако се помести каиш се губи, мислам дека ми се случи во првата бременост па ги местеше пак сестрата. Многу ме нервираат ко ќе не кажуваат така, само да се мислиш до утре.
Не се исклучи, се појавија 3 линии кај бројките што треба да се покажуваат и откако се опушти стомакот сам продолжи да работи, сестрата не беше до мене. А кога ми се стврдна престана да отчукува апаратот и после сам продолжи да работи, без да го мести повторно. Ја препрашав неколку пати, не знаеше да ми каже што, само рече дека на докторот не му се допаѓало, да одам утредента пак (за 12 саати).
Не е успиено туку мрднало во моментот и се изгубиле откуцаите. И мене ми се случи, секој ден одам на цтг више и него му се здосади а на твоево цтг се гледа дека било баш активно по тоа колку му варира срцевата акција.
Се надевам дека нема ништо страшно. Веќе се спремив за останување утре во болница, дека на бебе му е замотана папочната околу врат идека ќе мора да ме породат итно царски .
Не му беше, се си беше во ред на последното ехо. ЈАС така си замислив . Дека претходно многу мрдаше, а веќе беше наместено со глава надолу, па сега ова со цтг и реакцијата на докторот, си помислив дека тоа може да е причината за недобро цтг.
Мене ми рече гинекологот дека ништо не може внатре да се случи ако е папочната околу врат, кај некои бебиња и 2-3 пати била извиткана. Не дишат тие така, па на ЦТГ да покаже нешто. Веројатно не е ништо страшно, инаку ќе те задржеа и денес.
Haemovit plus на Health Aid. Хемоглобин од 108 на 127 за две недели. И сок од цвекло 300мл дневно. Ете ме иста сум и јас. Разумот знае дека колку се поголеми толку се потешки за мерење. Кај мене едното стомакот го покажува назад со 2-3 недели. Крајната мерка е некој ден назад со очекуван според менструација другото е напред со една недела и некој ден а до сега цело време беа скоро еднакви. Убаво знам дека нит ехо е прецизно до толку и дека малце лошо да е свртено одма искривува мерки ама пак ме јаде црвот. Почнав со цтг и уште се мислев денес на кој доктор од 3цата што ме гледаат да му се лупнам да ги мери пак Ако имало нешто билп што сомнително ќе ти кажеле, ќе се преземало нешто. Олабави се, не биди јас
И мене исто. До 5,6 пати рече . На моето рече дека е еднаш лабаво , вика еве ја се врти и и се мести така ама не е страшно. Мене Ремедика ме тераа на два дена цтг. во Систина ми рече нема потреба, сега само ехо , после една недела цтг. Демек не им значело толку често цтг, се виделе шо треба на ехо. Па останува да слушам
Мене ми даде донафил вагиналети.Јас немав симптоми ама ми покажа. Сестра ми имаше јако изразени симптоми, рече дека истиве вагиналети многу и помогнале.
Така и направив. Ме виде доктор во Чаир и рече ќе измериме уште еднаш и карлица твоја и бебе пред пораѓај, бидејќи се мери големо а и не е наместено правилно, ама ми рече царски ќе биде 99%. Не спомна на за провокации ни ништо,само да не ве мачиме и тебе и бебе. Каде каде се покултурни и понормални од персоналот на ГАК.
Па што им е на ГАК? Другарка ми ја измачија а сами и рекоа царски , плус ја чекаа 41ва. Ги премоли ама џабе
Истото и со мене. Као ќе бидеш царски секако, ама мора да поминеш низ агонијата од провокации и болки. Па уште ќе го вртеле бебето на сред пораѓај, дека обратно наместено. Нема шанси да ме малтретираат толку.
Лелеее ич не се секирај. Апаратот се има исклучено. Има висока срцева акција нема проблем со врвца околу врат. Обично тоа опаѓа драстично, и ниско е. Во мој случај на 2 различни апарати не можеа воопшто да детектираат срце. Утре ќе видиш и сама дека се е во ред, сем ако не те фатат контракции и се олесниш па не потегнеш и нас.
Ме пресмеа со коментаров. И ја имам такви остри жегања кога се движам и инстинктивно ми доаѓа да стиснам нозе, божем ако сака бебе да излага ќе го премислам. Ми текна ја како реагирам, па те замислив тебе како се опиша.
Да не грешам душа ама мене ова ми личи како да сакале да те мотивираат да ги почастиш за царски. Тажно е ако навистина процедурите им се вакви навистина. Ајде уште малце па ќе се гушкате