Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    4.942
    Пол:
    Женски
    До вечер ме фати скроз настинка ли е,вирус ли е, веќе 2 несеци поминаа,носот пак ми тече, грлото партал црвено,цела сум отепана и се чуствувам болна.Од април сум ваква,ке ме фати ептен неколку дена па ке помине малку,па пак ке ме заврати ама никако не поминува,до сега 3 крвни слики направив беа добри, црп мирно,утре ке одам пак да направам нова.Оддома не излегувам,ниту пијам ладно,незнам од што толку се разболувам, сабајле станав си викам од времето,однизок притисок,ама еве до вечерта скроз се разболев,сега ми пука главата, носот ми тече, уши ме болат,грло ме пече,кашлам,стомак ме боли кога кашлам и ми се плаче.Дај кажете некое чаре како да подобрам имунитет ова не се трпи,неможам да дишам.утре ке ќе идам пак крв да проверам ,пиев прополис па чаеви и џабе.Башка еден куп витамини пијам.
     
  2. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Е баш затоа нема. Спремна бев и болки да трпам само за да не ги почастам, бидејќи се крајно безобразни.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @macalavica паднат ни е имунитетот, нормално е во бременост, јас сум 4-5 пат настината. Двете бремености со настинка ги почнав. Пред ова не памтам кога сум била болна, моите дома со корона ко беа спиев со нив и немав симптоми. Сега сите вируси ги собрав. Мене ми е носот затнат да не можам воопшто воздух да земам, ништо не помага, ќе дежурам и ноќва од што не можам да спијам.
    Матичната ми даде за имунитет мене на почеток од бременоста, ама гинекологот ми рече да не ги пијам, доволно се витамините. Можеш цинк и витамин Ц плус да пиеш, и природно овошје, зеленчук повеќе, чаеви што се дозволени и ќе помине.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Овие нашиве одат од крајност во крајност...
    Јас добив впечаток дека во Чаир форсираат царски, на ГАК ете друга приказна, абе шо да кажам...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Јас пред да останам бремена пиев еден сируп на Dr Wolz баш поради тоа што често се разболував и ми помагаше доста.
    Прашај во аптека дали е дозволен за трудници.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.351
    Пол:
    Женски
    Погрешен впечаток си добила за у Чаир баш напротив не форсираат царски а и зошто би не е оваа приватно па да земат повеќе пари..
     
  7. Grateful

    Grateful Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    30 недела, бебето денеска беше посмирено,овие 2 дена цело време ми се оди во тоалет, значи по 2-3 капки урина, тамам ке станам пак исто..значи ми се плаче не можам да станам од шола, дали е нормално? како и секогаш се плашам да не губам плодова вода
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.456
    Допаѓања:
    120.100
    Пол:
    Женски
    Испитај уринокултура :)
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.921
    Да не ти е алергија?
     
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    4.942
    Пол:
    Женски
    Не, не сум имала алергија до сега никогаш,ке одам и за брис од грло и од нос да ми земат,имунитетот ми е паднат многу.Пијам едни апчиња плакенил за свтоимуните антитела,ке му пишам и на ревматологот дали е можно од нив толку да ми е паднат имунитетот па цело време дасум болна.Јас до автоимуното сум навикната на болки ама ме боли телото,коски мускули ,умор,со бременоста па све тоа е интензивирано,половина плус ,препони каралица ама надтинкивенеможам да ги истрпам,нервоза плус ми прават,од арил до сега постојано болна аод дома немам мрднато, ми се смачи,неможам да дишам,да спијам,нервозна сум, и таман за 2-3 дена ке ме попупти одново ме фаќа.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Јас разбрав дека и у Чаир ги плаќаат по учинок, односно колку поише царски толку поише плата, сепак царски е операција. Може грешка сум разбрала ама искрено да одам да ме мачат у кланицана Гак и не би баш. Гак во широк лак ја заобиколувам иако се почесто слушам за позитивни искуства ама не можам, ме фаќа језа кога треба таму да се оди. Ако имаш врски се е супер, ако немаш иди да те видам пројде супер. Ќе видиме, не знак искрено како ќе биде, ама се си мислам Чаир ќе одам.

    Ме утепаа сонови реални, ме уништија, и тоа сонови ли се, некои глупости. Страшно! Бегам у сонот од некој, маж ми умрел, а јас на пазар пазарам со толкав стомак натоварена и треба да одам до кола а моите нигде ги нема да поземат, купувам дудинки на пазар бе... дал да плачеш ил се смееш.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Прв пат пишувам во темава, прв пат сум си бремена. Со мал милион прашања сум:$
    Во текот на 24 часа направив 6 тестови, и сите си покажаа втора бледа линија.
    Пробав и со утринска урина, и утринава таму линиите беа најизразени. Најверојатно станува збор за рана бременост.
    Прв однос со свршување ни беше на 14ти Мај, ден два пред овулација, па според тоа претпоставувам дека сум трета недела.
    Прашањето ми е, кој е следниот чекор кој треба да го направиме?
    Дали е рано преку крв да се провери hcg? Како да се осигураме освен со тест (урина)?
    Дали е прерано за на гинеколог, за вагинално ехо да ме види и да ми каже што како?
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    5.773
    Пол:
    Женски
    Добредојде во темата :)
    Инаку бременоста се рачуна од датум на последна менструација, не од овулација или зачнување.
    Според тоа што пиша претпоставувам дека си петта недела. Може да си закажеш преглед следната недела или слушни се со докторот каде што сакаш да одиш тој ќе ти каже за посигурно.
    Исто така посигурно ти е да потврдиш преку крв, но со оглед на тоа дека си имала 6 позитивни тестови не е потребно. Сепак како сакаш. Јас ни во двете бремености не испитував бета hcg, после позитивните тестови директни бев на преглед во 6та недела.
     
    На Doktor F, fana и najjacha им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Крв можеш да провериш, ама ехо е ептен рано. Ехо за едно 2 недели за да не кркаш стрес ко мене.
     
    На najjacha и Tiny Love им се допаѓа ова.
  15. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Проблемот е тоа што јас стварно не знам како да рачунам, само што решивме дека ќе пробуваме за бебенце, ми заврши добиеното на 12ти Мај, на 14ти прв пат пробавме, и така скоро секој ден.
    Значи ако се фатило од прв пат, претпоставувам максимум да сум 3та недела.
    Поправете ме ако лошо размислувам.:sweat:
     
  16. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.351
    Пол:
    Женски
    Мене ме баш “бодреа” у Чаир да издржам природно така што не знам што да ви кажам никој не знае како што ќе се одвива у тој момент ама дека форсираат не би кажала.
     
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Кога доби последно? Тој ти е прв ден на бременост, 3та недела не можеш да си, тогаш се случува оплодувањето.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Последно добив на 7ми, НО пред тоа не пробувавме, пред тоа немавме односи долго време поради здравствени проблеми на маж ми. Првата проба беше на 14ти.
     
  19. Ireeee1

    Ireeee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво, веќе сум во 40та недела бебето си е се свртено убо надолу за природно, ама цервиксот никако не ми се намалува од 35, и никако не се отварам ни 1 прст, а недела ми е краен термин дали е можно некое чудо да се случи во оваа недела? Докторот ми вика да одиме на царски а јас сакам да пробам за природно чим си е се свртено бебето
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Нема врска пробувањето, кај секоја жена гестациски бременост се рачуна од прв ден на добивање. И на гинеколог така ќе ти рачунаат. Не се рачуна од зачнување. Според добиеното си околу 4 недели и 3-4 дена, значи скоро 5та недела, почекај 2 недели за на преглед.
     
    На Tiny Love, fana, najjacha и 1 друга личност им се допаѓа ова.