Како што ти објаснија сите. Бременоста трае 40 гестациски недели, првата недела е всушност циклусот, крварењето. Ќе ти разјасни најубаво гинеколог. Ама сепак рано ти е, за 2 недели најдобро ќе се види.
Фала многу Дали има потреба да проверам серолошки со серолошки тест за бременост или бета хцг? Знам дека се различни, не знам дали има потреба?
Не знам што да ти кажам,се е можно. Јас сум со скратено, омекнато грло со недели. 41ва скоро ама ништо немам ни отварање ни болки. Кај ќе се пораѓаш?
Во плодност, и немам никаков абер за природно, а се си е наместено бебето надолу како што треба, и плус то мн ми се намалува плодовата вода, и инсистира да се оди на царски, ти кај ќе одиш
Вчера жешко и тешко денес друга мака добро девојки само јас ли сум вака за се нешто мислам... Денес бебенцето кога и да мрдне осеќам мала краткотрајна болка на местото каде мрда и одма се вадам од памет, да не правам со седењево мое некоја незгодна положба за него или слично.. Дали е нормално така од време на време да осеќам болка каде што мрда? Минатата недела бев на преглед се беше во ред а инаку сум 25 + 5
Нека мрда, нека удира, нека боли секако ќе се издржи се само женско ко женско да си праша да мисли цел ден дали се е океј Фала ти мила
Мешиња средина на 8ми месец сум и почна пак со гадење , дали е од жешкото незнам . Крв имам проверено се си добро. Нормално ли е пак да ми се лоши како на почетокот на бременост.
И што ти велат ќе чекаш за природно? Урми се скапав од јадење дури јадам ќе ме фати некоја менструална болка и си викам готово и после прекинува толку
Денес сум ко отепана, ни раце ни нозе не ми мрдаат. А плус немам апетит ко на лошење ме тера. Дали од времево или нешто друго? Не знам дали да скокнам до на доктор?
Женски, сигурно ве има некои со висок крвен притисок во бременост, но дали има некоја што и пред бременост качувала. Не сум бремена сеуште, ама имам проблеми со висок притисок, оди до 150. Како го регулиравте пред и за време на бременост? Се водевте ли како патолошка? Правевте почесто контроли? Многу ме загрижува ова. Еве се бориме за дете, не сакам ова да ми биде некаква закана за кога ќе останам трудна. Чудно ми е што, дома мерам на дигитален апарат, прво мерење ми покажува пример 140, второ мерење 120/110...
Не се точни дигиталните. И мене така од памет ме извади, 3 пати мерев прво висок, па нормален, па низок. Кај матичниот ми мери стално под 110, и со обичен мерам кај свекрва ми секогаш е низок. Имаш симптоми дека ти е висок? Ако е вистина треба да се најде причината, ќе те испрати матичен на интернист. Има терапија и за во бременост, и се следи постојано.