Прво да пишам, па ќе ве читам. Да се пријавам вчера бев на преглед, момата е супер, мереше докторот, се одговара супер според неделите, и ги броевме прстите на рацете и нозете,тоа цело време мрдаше, се стопив, едвај, ама едваај чекам да си ја родам И утрогестанот ми ги прекина, рече се е во совршен ред, само витамините да си ги пијам Плус калциум да земам ако сакам. Ќе купам тоа денес. Го прашав за препонот и срамната коска што ме болат, рече нормално е тоа. Крвната слика е добра. И женски ПОПРАВЕНА СУМ 8КГ Му кажав дека прскам спреј за нос детски, мералис, рече во ред ама да не го користам премногу. Одобри и секс, не дека ние ќе правиме нешто, од страв сега нема шанса, ама добро е да се знае дека смееме
Јас денес бев на преглед, бев само за брисеви и го прашав матичниот дали ќе има уште прегледи ми рече не, од 38ма на цтг да одам. Па му реков уште еднаш да ме види и супер е бебка, си расти. Тежи 2681 гр, 35та недела сум.
Имам завршувано и на итна, таму 150 ми имат измерено. Многу сум паничар верувам дека и тоа има удел, ама до 150 да го качи паниката... не знам. Бев на кардиолог, таму ми измерија 137/90. Ехо на срце ми правеа, океј е, ЕКГ океј е, димери во ред. Не знам шо следно да сторам. Вака најголем дел од времето ми е ок, дури накај низок. Имам симптоми, го осеќам кога се качува. Осеќам во ушите, лесно се заморувам, кога лежам е во ред, со прво мрдање/движење се качува. Дојдена сум до ситуација кога се осеќам лошо да ми е страв да седнам пред апаратот. Абе паничен напад. Стварно се надевам дека има чаре да истерам бременост со висок притисок. Секој совет, искуство е добредојдено. Многу многу ми е на мисла и ме плаши.
Женски, дали треба да прекинам со овунормот сега откако веќе сум бремена? Си пијам веќе 2 месеци овунорм 2x1, фолна киселина 400mg, цинк, селен, витамин Ц...
@DaisyDoo има удол голем и паниката, ама сепак за во бременост ќе си следиш од почеток и со терапија ќе е во ред. @idontwannabeyou според мене најбитен преглед во бременоста е вториот скрининг.
Иста сум и јас .. средина на 8ми месец сум вие два три дена немам апетит само ми се гади незнам што да мислам
Јас пред бременоста имав екстремно низок, посебно во лето. Сеа при крај почна да ми се поткрева во неколку наврати го измерив над 130 па гинеколог ме прати на кардиолог. Носев 24 часовен холтер кој покажа неколку мерења над 140 со 90 ама сите тие беа додека бев во движење. Не добив терапија само препорака за поише одмарање (секако сум на лежење) Не се плаши, можеш да си направиш холтер прво да видиш дали воопшто имаш проблем или имаш бел мантил синдром односно да качуваш само од стресот од мерењето. Дури и да имаш покачен притисок си има безбедна терапија која можеш да ја примаш и само ќе треба почесто следење. За патолошка дали е индикација не би знаела. Дај боже да не дојде до тоа.
@le.soleil тој синдром јас за ЕКГ го имам штом ги стават штипките над 150 пулсот крева. Едно нормално екг немам во животот направено.
Треба на спиење да ти направат едно Абе и екг холтер постои за такви како тебе, ај да те видам дали 24/7 ќе бидеш под стрес
Devojkii nekoia so mnoguu celulit ke mi kazit dali e normalno!?? Deneska se onlakav so fustan za na doktor gledam nozeteee celiii topconja ogromni celulit ke placaam .
Колку мг цинк може даде пие во бременост,во пренаталните има 10мг? И витамин ц пијам од 1000дали смеам сама да појачам на 2000? И трето псрацетамол,смеам ли неаеднаш по два да пијам,еден џабе неми помага,2 помагаат,мстичната општа вика може ама пак ми е мисла да не е многу.
А ова со над 140 во движење го сметаат за нормално или? Дозволено е да оди вон нормала притисокот ако си во движење, не зборам за физичка активност во екстрема, туку за качување скали пример. Последно прашање ми е ова, ветувам.
За парацетамол јас кога имав корона прашав интернист, он ми дозволи и 2 одеднаш, ама сегде кај што прочитав беше макс 2 гр на 24 часа, па подобро е да ги пиеш на 6 часа по едно од 500мг... доколку имаш цело време температура на пример.. ако е за моментално смирување на болка, може е подобро ибупрофен, мене гинекологот ми дозволи ако ептен имам болки и слично, ибупрофен слободно да се напијам, ама сепак консултирај се
Па штом не добив терапија веројатно го толерираат...инаку и моето беше стоење и одење на рамно, не тегови кревање Кога лежев и одмарав не идеше над 115. Во секој случај тоа е мое искуство, ти најдобро со интернист/кардиолог да си се консултираш
Иста сум за ЕКГ, а смарт часовникот ми мери максимум 90 отчукувања во минута, а штом легнам на екг ми оди до 150 Во последно и за притисок сум таква. Страшна паника ме фаќа, а кога ќе заврши мерењето му олеснува и како ништо да не било
Јас сум со благо покачен притисок кој иде до кај 150/90, велам благо бидејќи двајца доктори ми кажаа во бременост до 140/80 било крајна граница....и пред да останам бремена си го носам тука некаде од 130/80-150/90. Цела бременост ја поминав добро во поглед на притисок сега последниве две недели знае да ми се покачи ама не повеќе од што пишав. Ми дадоа метилдопа 2х на ден ако има потреба и помалку солено... Бара само почесто да се контролира ама не со дигитален подобро земи си од оние со пумпа најобичните апарати и ќе си пратиш.