Си закачила нешто бактериско , има леукоцити. Земи нешто хеферол, тотхема за железо и мене ми се вака ниски
Тоа е баш мој личен впечаток, кога бев на преглед докторот ме прашуваше за пораѓај како планираш природно или царски викам природно и као абе сите сакаат природно ама ке видиме како ке биде... И заради тоа добив таков впечаток. А мислам дека и на државно повеќе им се плаќа на докторите царски отколку природен пораѓај, откако почнаа со плаќање по учинок, ама нејсе, како и да е... Се да биде во ред само, па како треба така ке се пораѓаме
Во која недела ви се свртеа бебињата? Ќе го редактирам прашањето. И дали ако било со главчето нагоре свртено, ја променило својата позиција, да речеме покасно во бременоста?
Бевме на свадба, околу мене се навртеа тетки, баби, стрини и сите ме допираа за стомакот, дали само мене ужасно ме нервира ова? Како да им кажам дека нејќам да ми го допираат стомакот без да биде тоа навредливо/нервозно? По секој ваков настан 3 дена од мачнини не можам да се опоравам... Не сфаќам како не им е незгодно. Си замислувам јас да видам трудница и да одам да ја чепкам за стомак
А мене свекрвата што ми го бацува стомакот? Супер си е жената, и односите ни се одлични, ама многу ми е глупо значи
Незгодно ми е да и речам нешто, а не знам нејзе како не и е незгодно да ме бацува Среќа досега само неколку пати се десило, ама пак… Првиот пат не знаев што се дешава, се збунив скроз пошо не очекував нешто такво
Тоа ти го кажал затоа што сите се откажуваат од болови и сакаат царски баш кога се пораѓав јас една женичка бараше царски а немаше индикација за истиот Тука читам дека плаќаат повеќе за царски се е можно стварно не знам , најбитно е на крај се да е океј како што кажа
Карлично беше цело време во 25+5 веќе беше свртено со главчето надолу. Геникологот ми рече дека нема да се сврти пак ама ќе видиме
Стомак да ми бацува? Не знам, но мене ми е ептен глупаво и би и кажала да не помисли во иднина на тоа.
Vo Struga Ima ednokratna pomosh za novorodenche I e zadolzhitelna majchinata knishka....a I na poragjaj mi ja pobaraa ...
Скоро секоја општина има еднократна помош и наместо мајчината книшка можеш да однесеш само потврда од гинеколог.
Potvrda od ginekolog,transakciska smetka od majkata,fotokopija od majchina knishka I i izvod od bebeto....vaka e vo Struga a vo drugji gradovi ne znam ....a I sho e tolku teshko da se izvadi majchina knishka...
Рокот е 3 месеци од раѓање на детето, нема потреба од мајчина книшка, само потврда од гинеколог кое по ред е бебето и дека мајката била на редовни контроли. 5000 за прво, 20 000 за второ, еднократни и за трето зависи од приходите, таа помош е додека не наполни детето 10 години. За прво и второ е за сите еднократната, за трето е за семејства без или со мали приходи. Еднократна за трето нема.