https://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-pomosh-za-oprema-na-novorodence.nspx Ова е страната, а го има и барањето за поднесување за еднократна помош. И да вика или мајчина книшка или потврда од гинеколог. Ајде побрзо сега да стигнеме до пополнување на барањево
Има Фана. Преку општина нема, ама преку социјално има. 5000 прво, 20 000 второ еднократни и за трето постојана за оние без и со мали приходи, 10 000 денари секој месец додека детето не наполни 10 години.
А за социјално да тоа нема врска од каде си. Ама Битола како општина не дава плус пари, како што даваат Скопските општини.
Е нема ништо не даваат преку општина за новороденче. Освен ако не си побараш поради некои други причини, како потребна помош да ти исплатат еднократна. Ама со ептен јаки причини и не дај боже некои фактори.
Коса ми се крева од вакви прости жени ко продавачката. Сериозно, ај што се прости, нека се, ама зашто се прават паметни бе
Во Скопје даваат и од општина и од градот мислам, само има рок 3 месеци да се поднесе, сега со изводиве што штрајкуваат не знам како ке биде
Па и 4 ги имала, за првите две не знаела не и кажале, ама па затоа за последните две си побарала. Не знам само дали сама си верува во лагите или па како се што е ненормално па и вистина да се десило.
Ако ви требаат информации за еднократни или друга помош што се исплаќ и оди преку труд и социјала јас ќе ви кажам се како е точно и што е потребно и за кого се е тоа. Баш со тоа работам.
Не, само за деца родени во таа општина каде што се поднесуваат документите. Со странски извод, за тоа бебе нема еднократна.
Па за сите е таа истата, 5 000 прво и 20 000 второ. За трето само се битни приходите. За прво и второ следува на секој.
Од таму кај што му пишува во извод дека е родено од таа општина ќе си барате. Т. Е од тоа социјално во таа општина. Зошто поднесувате и извод на бебето.
Ќерка ми е родена во Тетово, а од Гостивар сме. Ни следуваше, само не знам кај подаде маж ми документи, дали тетово или гв, ќе го прашам ако сакаш. Сега и за второво исто во Те ќе раѓам, и ќе лапнам 20 000