Ама ќе ги собере. Јас планирав надвор да сушам.Барем мојава сушара собира. Имам и 50-ки, тие минијатурни ќе станат
@kristina.k јас го користам еуцерин и многу ми се допаѓа маслово. Од 4 месец и дури вчера ми се потроши. А сега влегов во осми. Овој путеров и јас го имам дома не знам дали да продолжам со него и со кокосова масло да мачкам до крај. Сега баш 8ми и 9ти месец се најкритични. Или да си купам пак еуцерин ама со оглед колку бавно се троши ќе ми остане скоро цело. Стрии за сега немам освен на бутовите ми излегоа неколку, ама таму не се ни мачкав баш.
Eve go zivo zdravo do mene lezi veke 4 nedeli, sekoe mozno ctg mi se gubese, ne e sekogas do bebe, nekogas se vrti I se gubat srcevite pulsevi na bebeto
Овој твој рецепт го кажувам на мм веќе месец дена и му викам спреми се за на крај. Мислам дека поише го плашам од што после 8 месеци конечно би имала секс без проблем. Кога ќе влезам накај 34-5та ќе треба пак да пишеш за да ме сфати озбилно ко вас тука. Инаку уплашен е нешто на бебето да не му стане и ете така у сон ако завршам работа тоа е. А греота ми е и за него… вика ајде после Август ќе имаме на раат. Уште природно да се породам и нова година не не крпи ама ај.
Дур не се врати телото у нормала ќе мачкаш. Така да земи си уште едно. Мене стрии што имам од порано на бутови од нагло слабеење ми се поише.
Незнам што да ти кажам, минатиот пат јас цела бременост немав, ама како фатив прв ден од 8 месец распукав ко лубеница, така да еве деновиве чекам да видам дали ќе се повтори историјата
Навистина мора да сфатат дека сексот може само да помогне пред породување не може да има штета апсолутно ништо не чуствува бебето при односи. Подобро сега нека си го земе делот, после породување (и царски и природно) нема шанса да сакаш да имаш односи, бебе плаче секој час, градите болат, тежат и жежат, за брадавиците да не ни почнувам, млеко тече, се потиш страшно многу, крвариш и на секс нема шанса да помислиш.
Уште ко ќе му кажам и да сврши внатре тоа е реакција за гиф. Ма видеа од тоа како бебе е у вода, како ништо не допира до него џабе, сега за сега не помага… ќе видиме дали ќе има ефект за некоја недела кога ќе запнам на најјако.
Мене ми се супер маслата на алверде и на бејбилов од дм за стрии. Тоа на алверде малку појако мириса,на кокос така некако, го шлакам на цело тело и баш немам никакво чешање,а имам многу сува кожа...
Девојки два дена имам болки кај вагината како игли ,како болките во овулација..не толку јаки ама сепак се тука,како боцкања. 14 недела сум Дали е нормално?