Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната годинa. Ова ќе претрпи некогаш измени, со оглед на тоа дека 5000 еднократна помош за тетра пелени веќе не стигаат...
Што правите мешиња? На толку пазење, денес поштено се отепав. Свиткав глужд, изгребав колено...се расчепатив поштено. И така ме болеа лигаментите кај вагината, уште ова ми фалеше. Ме фати страв после, ама со оглед на тоа дека двете раце ми беа заглавени со јадење, а ништо не истурив, значи не сум се удрила во стомакот. Заклучоков се ќе напраам само да не одам на дежурен хахха. И така, си одмарам сеа и си правам филмови како коа ќе се породам ќе ослабам и ќе бидам витална да трчам по бебо.
Внимавај женска, ајде битно да си добра и ти и бебчето јас пак со стомаков заборавам дека ми е пораснат и пробувам да влезам на места кај што не ме собира и кога ќе се удрам ми текнува дека уствари не ме собира секаде Инаку да ве прашам дали да порачувам Lala pillow, дали ви помогнала? Веќе не можам да си најдам добра позиција за спиење а да не ме боли грб
Јас имам, некако и со неа не можам да најдам добра позиција, повеќе ми смета и на крај завршува на под. Може тебе ке ти се погоди.
Не можев мирно да спијам. Бебе не е свртено. Иако можеби е рано, сепак постои веројатност да не се ни сврти. Како да чув трансверзално поставено, прво рече горе со главчето, и се изгубив, не ни разбрав. Не сакам царски. Мразам анестезии, преголем страв имам. Подобро болки ќе трпам, какви сака нека се, со царски не сакам. Од самата помисла се ежам. Вчера дури и како улава му зборев на бебето, го поткупував за да се сврти. Не знам што ќе биде. Докторката што ќе ме пораѓа е доста професионална, имам доверба во неа, немам доверба во сопствената реакција. Ќе доживеам нервен слом. Пуштајте среќа да се сврти
Нема потреба од толкава паника, анестезија кога мора=мора... Јас исто така имав страв од општа анестезија,а бидејќи матичниот ми наговести дека наверојатно ќе сум царски, ми ја зацементира одлуката да се пораѓам во Систина. Таму даваат спинал/епидурал па некако порелаксирана отидов на пораѓај (првин пробувавме природно со провокации и епидурал, потоа мораше царски и само ми ја појачаа дозата)
Ме ставивте во дилема каква цуцла/шише да се купи. За првото коростев Бејбилов, имаат као цуцла со мал проток за 0 месеци и антиколик ефект, ама нз. Бебе пиеше од нив за дохрана, ама па и реално рано се освикна од цице. Имам и на Чико, ама обични. И на Ланишол имам. Фактички ми фали само цуцлето горе, па се мислам дали на некое од постоечкиве да купам.
Јас користев на МАМ и шишиња и цуцли, самостерилизирачки се во микробранова, ем се расклопува на шишињата долниот дел и се супер практични за миење, а и не се скапи...
Вредност на b-HCG во крај на 4та недела, вредност 147 дали е нормална и во ред? Пред два дена добив позитивен тест, сега испитав и преку крв. Какво мислење имате?
Какви пробиотици пиете во бременост? Имам стомачен вирус Друго е се добро, и крвна слика, нема потреба од антибиотик
Нормално е. Ако сакаш да провериш дали правилно расте, повтори го тестот во истата лабораторија после 48 часа и вредноста треба да е дуплирана. За да се види нешто на ехо мислам дека требаше вредноста да биде околку 2000.