Па едно 2 недели порано се закажува, тогаш вадат распореди. Пред 3 месеци беше 5300 ден скринингот, вака задоволна бев само што не успеа да ми извади добра слика на 4д дека се криеше бебето многу
Jas vo 36ta nedela mozam da kazam deka izleguva na nadvor gazeto se gleda kako tvrdo topce I nozeto ko ke se mesti sto poveke rasti toa povekje ke go osekjas I ke se gleda
Јас тогаш почнав да ја осеќам како да прави водени лудории внатре. Мислам дека 10 пати на ден мењаше позиција, ама баш осеќав како се превртува. Сега ќе се натрти, размрда ама мислам дека фати некоја позиција и кога ќе сменам страна ете ја се доместува. Инаку баш тој период ја анализирав цело време, многу ми беше интересна. Сега се навикнав
Никаде Гради 42, стомак 44, задник 38. Ништо не ми беше комотно, а цел скопје и цела струмица прошетав. На крај се договоривме со Нана за поправки. Ти препорачувам да си пробаш пред да купиш нешто, или ако имаш време шиење. Мене баш ми беше тешко да најдам
Хахахаха и јас мислам дека никаде нема да најдам,малку сум повеќе крупничка а оваа бременост 3ти месец а стомакот како 6ти да сум ми е,ќе барам некое чаре ќе морам и да прошетам да видам..фала ти
Ако си од Скопје во Енџел имаат доста свечени фустани и бројки можеш и да си стесниш некој дел ако ти треба
А почнав да барам со замисла за тесен комбинезон, не знам што си мислев, колкава ли сум Сфатив кога една продавачка ме испрати во ваикики да тражам, дека таму имало за трудници
Можно е 7 месеци горе долу да бидам во ред со хормоните и сега да ме лупнале во глава? Не ме лупнале, него ме треснале овие дена. Малце депресија и сивило ќе ви раскажам, ама што да правам ете и такви денови имало. Се осеќам многу лошо, бедно некако. Како сама да сум на светот. А се е исто како претходно, нема причина никаква за така да се осеќам па да кажам од тоа е. Размислувам кога ќе се родат бебињата и само се замислувам сама во една соба, тие плачат јас плачам и само тоа ми е во глава. Претешко ми е некако, сама себеси којзнае зошто си се сожалувам. Лежам и барам некоја ситница нешто за да си правам лоши мисли. Ете мажот ми почна да вози точак после работа, се враќа само за јадење и одма легнува и толку ми падна тешко демек гајле му е за мене и бебињата, што ако се деси нешто кај да одам, со кој да одам, а уствари што има врска човекот си вози точак не ме претепал или изнавреѓал и оставил за такви чувства ама ајде де... Како две мушички да имам во глава и едната е разумна и само ми вели абе кулирај не е така како што замислуваш ти, уживај си во бременоста, после ќе ти биде весело преубаво, полна куќа љубов, а другата драма квин ми плаче во мозок ти си за греота тебе никој не те гледа на никој не му е жал за тебе, ако ти се слоши нема кој рака да ти подаде, кога ќе се породиш пак сама ќе се мачиш ќе пукнеш, којзнае дали ќе го издржиш периодов и животот понатаму... И си голтам солзи. Е до толку сум овие дена, за никаде. Ви се извинувам за цел никаков пост, никој не е должен да му набивам негативна енергија и сигурно си велите оваа ептен ненормална, ама ете што да правам.
Тие бибс може се "ин" и модерни и се, ама мислам ке го задават колкави се... Не сум експерт ама поголема цуцла немам видено.
Здраво мешиња,сакам да прашам од каде купувате по свечени фустани да се по комотни кај мешето? Гледав низ фб ама тешко некако да се најде баш нешто комотно да е,мака ми е по топлово да се шетам по бутици,доколку знаете би ми било ептен од помош. Ви благодарам[/QUOTE] Зара, комотен е и задоволна сум од тоа како ми стои
Јас овој го купив за свадба сега сум, а членката која прашува претпоставувам е сеуште во потрага. Инаку ти благодарам ❤️
Докторот е супер, објаснува се, можеш да прашаш се што те интересира, дозволува маж да влезе, ни направи убави сликички и стварно ни се посвети. Преглед закажав недела ипол унапред, зависи кога пуштаа термини, може и за ден два да се закаже. Ми наплати 3300 зошто сум негов пациент во повеќе наврати, инаку скрининг 5600.
Аа ми се измешале мислењата. Навистина преубаво ти стои, нема за што благодарам. Јас си терам со фустанчињата над колена качени од стомакот што ми се.
Девојки кажете чаре за киселини? Ме утепаа и преку ден и пред спиење, секој божји ден, веќе не се издржува
И мене исто. Никогаш сум немала, пред месец дена прв пат ги почуствував и сега имам нон стоп, најчесто во спиење накај 4 часот и нема спас.
Мила многу ми е жал што те измачуваат вакви мисли… А верувам дека ќе биде спротивното, ќе имаш и помош и најубаво ќе ти биде со бепчињата. Ама не би да ти солам памет сега од типот на “Ама не, супер ќе ти биде, гледај позитивно и не мисли така” зашто знам дека е бесцелно и дури може спротивен ефект да се добие кога човек си се осеќа толку лошо, ко божем тој не знае дека треба позитивно да мисли па сега некој друг се нашол да му кажува. Затоа да не паметувам, туку да си поразговараш со психолог? Или ако имаме некоја стручна членка на темава Сигурно ќе ти олесни