Имаше една членка што пешачеше по 10, 12 км. Јас сум запрепастена. Вчера пак јас да прошетам, и пак не е тоа прошетка, туку во маало излегов за да седнам на клупа. Сабајле, стандард препони болат, сега и плус болки кај вагината. До тоалет како пајак расчепена се движам. Денес ќе одмарам, а може и до пораѓање од кревет не станувам. Што се однесува до лигавење, маж ми рече дека можам да одам некаде да одморам две недели сама, ама мислам дека повеќе се однесуваше на него. Се прашувам колку му имам преку глава дојдено. Само нешто се жалам, само нешто викам. И јас би сакала од себе да избегам. Навистина ме фаќа жал за него, со прст немам мрднато цела бременост, трча за се нешто околу мене и за мене. Се надевам после пораѓај ќе се вратам на старата јас, и таа е за никаде, ама се трпи.
Мила маж ми и денес после 6 месеци од раѓање на бебка мојата бременост ја опишува ко хорор. Не оти сум имала проблем, имав прелесна бременост ама хормоните ме пореметуваа бааги. Ако можеш и сакаш, зборни си со стручно лице. Мислам дека ќе ти помогне. Иначе јас цело време му викав дека ќе ме остави сама, ќе си иде на работа, ќе си искача со другари пошо бебето не е зависно од него, па шо ќе сум праела мислиш он у Лондон на кафе ќе оди.. Ама помина и тоа, еве го сега повеќе од мене е дома И воопшто не е така ко црните сценарија шо си ги праев јас у глава Едит: совет мене како ми поминуваа бубачките у глава - најомиленото нешто: онлајн разгледување на соби и сваштарии за бебе, во твојот случај бебиња
Јас 10-12 км и у пуно здравје, небремена нема да можам да ги испешачам... Легач. Е мислам по трговски центри ако се брои може да се испешачат Не се оптоварувај, тие што пешачат по толку и претходно биле физички активни, имаат дозвола од доктор итн... Ние ке си полежиме
Тоа е лекот изгледа, не сме мотивирани Сега некој денар да ми падне од некаде, ортопедски дубак ќе земам, пудра меѓу нозе и трчај во трговски центар. Па утредента и да лазам до тоалет, со крената глава и среќна ќе бидам. Барем во следните 2, 3 саати. После пак стара шема, плачи, викај и прашувај се зошто плачеш и викаш
13та недела. Стасаа резултатите од пренеталниот тест, здраво машко бебе. Сега само со лесно и понатаму и другото да е ок.
@Rtulka јас закажав царски и ми рече 48ч.пред царскиот. Но ме мачи нешто, што ако недај боже биде порано а јас боцната со клексан ? @danichap шо убаво Ептен ќе го чуваат дадите
Вчера прв пат бев на преглед на ургентен затоа што имав некој кафеав исцедок, а пред 3/4 дена добив позитивен тест преку урина, и вчера бета околу 150. Наводно сум на крај на четврта недела, многу рана бременост. На ехо гинекологот не можеше да види ништо, и сега за сега ми ја води како биохемиска бременост. Терминов малку ме плаши, иако знам дека секоја бременост пред да се потврди на ехо се смета како биохемиска. Ендометриум ми виде само 12мм. Дали исцедокот може да значи нешто, дали треба да се плашам и дали задебелувањето на ендометриумот е океј за рана бременост?
Мислам дека ова е поз.знак. Скоро сите вклучувајќи ме и мене и сестра ми сме имале кафен исцедок отприлика овој период. Со 1вото беше се ОК, но со второто детенце излезе хематом ,кој околу 7ма недела го видоа Исто матичната не можеше да види ништо овој период. Ти даде ли некоја терапија, прогестерон за поддршка?
Сакате малку повеќе емоции денеска? За првата бременост делевме се со маж ми. Немаше пропуштено ехо ни цтг. Беше инволвиран до сам крај во се. Дури и на клиника го облекоа и стерилизираа и требаше да биде на пораѓај со мене, ама бебка реши поинаку, па не му дозволија да присуствува на царскиот. Оваа бременост само тоа ми фалеше. Што не успеа да дојде на ниедно ехо со мене. Ротиравме со детево. Се чекавме на центар, тој ќе ја причуваше додека сум на гинеколог, потоа ја земав јас а тој продолжуваше на работа. Нека е за добро само. Ајде девојки раѓајте веќе. Јуни со термини најдолг е никако да почне да се празни.
Мојов ќе припадне пред мене ако влезе на пораѓај, само што ќе види сала ќе падне , па мене ќе ме баталат ќе трчаат по него Нека си седи пред врата. Инаку исто, со првото си седевме на ЦТГ, на секој преглед беше, сега беше само еднаш и тоа сега во 36та недела во Систина го пуштија. Молевме во Ремедика бар на крај само да го видат со синко на лик ( синко одеше со нас па се разоаруваше , на слика не му беше јасна) ама никако не сакаа, така им било наложено од Министерство бе Сите вакцинирани сме, прележани, со маски , од 1 минута нема да се заразиме ама ај. Ваљда имаат некојси маркетинг да чита малку што пишуваме И дека пациентите им бегаат. Изгледа ич не им е гајле .