Па како да не бидеш задоволна, види каква згодница си, божеее Него кажувајте каде купачи да си купам, сара фешн ужас бројчињата или мене градите ептен ми пораснале. Па и малку занес со цените.
Ваикики да видиш, Бонати? Јас обично Лиска земам , таму има за моиве гради ама и ваикики и Бонати сум наоѓала, ма да последното не вреди за парите, последно од едно влагање у вод ми излезе жицата! Лиска трудна не би давала пари сега. И колку се Сара Фешн (онака ме интересира )?
Јас си земав во Ваикики има супер обични црни посебно се продаваат долен и горен,па може да се комбинира со бројчиња и не се скапи по 400-500 ден. се.
Девојки има ли некоја искуство/мислење за др. Ана Марија Шпишиќ во Чаир? Требаше да ме пораѓа Неџипи царски со близнаци, ама ќе биде на одмор тој период и ми ја препорача докторката...
Колешка моја со двете деца ја породи царски, презадоволна е од докторката. Иначе им ги кажале одморите? Мојот доктор е во јули на одмор, ама не знаеше точно кога, а тој месец треба да се породам, можно е и јас да завршам кај друг доктор.
Само што бев кај др.Неџипи и кажа дека од 20.06 е на одмор, а се враќа на раб на 03.07... Топло ми го препорачаа и сакав да бидам кај него, но можно е токму тој период да се породам..така да најдобро разговарај си со др. што планираш да те пораѓа, за да имате и план Б.
Да да секако тоа, битно ми беше дека ги знаат веќе одморите па да се спремам полека и јас. Колешката баш ми инсистираше да одам кај Ана Марија, ама се сѐ надевам дека докторот ќе е слободен таа недела. Со лесно
Во декември братучетка ми ја оперираше итен царски, без претходен договор и баш е задоволна. Резот не и' се познава скоро ич. Да не има инфо Др. Илиевски кога ќе е на одмор?
А негде постои опција труднички купаќи? Затоа што стомакоѕ ми е огромен, а горе и доле ќе влезам во 40ка. Не ми се носи дводелен, незгодно ми е некако.
И мојот лепотан дојде на свет конечно. Приказната да не ви ја кажувам најубаво ама кога го видов се заборавив. Сонце мое