@Saf @Vincent Честито мамички, да сте живи и здрави и вашите најмали и најмили, се гледаме и читаме во другите теми
Девојки нормално е пупак да се испакне вака речиси пред пораѓај? Знам дека е нормално да се испакне во бременост, ама сега на крај? Вчера ок беше, денеска испакнат. Да не треба да се загрижам?
Бебето врши притисок на абдоменот. Претпоставувам затоа се испакнал. Јас мислам нема простор за грижа.
Друштво, само да ве поздравам и да ви посакам лесни бремености. Ве читам и се информирам од вас. Јас денес влегувам во 21ва недела, утре сум на втор скрининг. Секој преглед ми е благ стрес, особено во прво тромесечие бев во преголем грч. Се надевам се ќе биде добро. @danichap многу пријатно ме изненади Инстаграмџиско екипче, сите трудни Имам чувство дека сите се трудни периодов. Само за арно, за убаво да е, нека се раѓаат здрави дечиња
Честитки Саф, жив и здрав. @danichap што убаво, честитки. Јас си велам нз како да бидам мама на машко, тек ти со три.
Здраво јас сум 37ма недела планирам во Чаир така и почнав од сам почеток. , Ме води Др Илиевски денес го прашав дали може он да ме породи ми рече ако се погоди на смена ,дали има некој што е задоволен и од другите доктори таму ако не ми се падне он?
Апдејт Отидов случајно во Х интима во Бисер, си купив дури 2 пара Дводелен и едноделен, двата за 1700ден. Не знам како се со квалитет ама за трудноча не ми се фрлаа многу пари, од следно лето на мајка ми ќе ги предадам Продавачката префина, материјалите растегливи, ептен сум среќна сега