Јас имам нарачано,презадоволна сум,две години веќе го користам го трупам со еден куп работи внатре и не е мрднат да речеш да се скине или слично.
Значи знаев дека е машко и крај! Само на стринкава календарот не и се погоди, она рече дека март и април напраени бебиња биле женски а ете господинот твој Дани ја поби. Ајде сега и моето претчувство да ми се оствари па Јаника на мајка да бидне мома, иначе Супер Марио ќе треба да си го викаме бато Море среќа на Супер Марио остана, едно време прашуваше дали може Соник да се вика, ја па му викам ај ако не Пинк пантер, па шо. Туку ја кај мајка, се натепав малини за цел живот, не знам колку изедов и сега ми е лошо. Ама тазе берени, куп ги има, печени на сонце, мераци. Баба за внуци ги чувала, внуци ни да мириснат. Колку ми фали креветот нејзин, постелата нејзина со тој специфичен мирис на дома, кифлички тазе, хаосот на мајка својствен, комшилук муабети нон стоп, мераци! Утре ќе правиме колачи, ќе правиме торта некоја овошна за задушницава, ќе чекаме комшики пак цел ден и ќе уживаме. Не знам зошто досега не сум зела дете сама да дојдам со него, па ова раат било, што ќе ми е маж, вака сами да можеш муабети со мајче до задутре да правиш, арно ми викала свекрва ми, така маж мора да го занимавам цело време пошто е малку терсене, а вака лепотица слободица. Следно лето со двајцата ќе дојдам, само да биде се добро.
Фала ви жени на предлозите. Ама доста соленки се. Јас исто не седам во мокри купаќи бидејќи за пола час фаќам цистит. Можеби сепак најлогично ми е да одам во дводелни и наметни постојано на мене. Па нека ѕирка малку меше. Ќе видиме.
Еве слободно може да прочитате литература која објаснува за доректно изложување на сонце на стомакот и реагирањето на бебето на светлина. Но сепак личен избор е, совет од гинеколог ми беше дека е подобро да е дводелен од сите причини, особено поради можноста за циститис од ладно и неисушен бикини
Забораив, да се живи и здрави новите бебиња! Купаќи какви и да се, мора да имам бар 2 пара за мењање, јер хроничен цистит. Годинава сеуште е неизвесен одморот, ама што год да е после бањање ќе облакам фустан сигурно, па пред пак да се бањаме купаќи. Имам од доделените со висок струк кои ми беа широки ама сега со меше ќе ми се таман и имам целосни кои ми се кнап и едни точни, мислам дека нема да купувам нови. Дека осеќаат осеќаат, ама дека ќе ги испече сонце нема да ги испече и нема да фатат реума. Во секој случај што и да одлучите, трудни сте/сме, нема замерка на тоа какви купаќи носиме, па таман биче минијатурни. Кој како се осеќа.
Светлина осеќаат, ама од друга страна трудници не е препорачливо да се сончаат на јако сонце. Секако мора под сенка. А ако нема проблем со цистит некоја жена и едноделен да носи воден нема гајле, секако се суши за брзо. Тие што се со хроничен цистит и дводелен одма мора да менуваат, така да исто се фаќа каков ќе носат.
Ако си склона кон циститис, и да не си бремена мора да менуваш купачи. Јас на пример не менувам, се сушат на мене. Секој како си одлучи така. Всушност не е за бебето туку за мајката е. И седење на сонце и мокри купачи, се е за нас. Бебе си е заштитено.
Девојки само кај мене вака се случува? Не секогаш ама повеќе пати ми се случило еве и сега баш во моментов движењето и вртењето на бебето ме боли како со нож да ме пресечува додека не се намести. Зошто е тоа така? Ми потфаќа нешто или?
Па ме замисливте, јас воопшто не размислував што и како на плажа. Само докторката ја прашав некоја препорака да не има, ми рече да се бањам колку можам повеќе. И нетрудна секако бегам од јако сонце, обично се бањам до кај 12 и после 16h, купачите секогаш се сушат на мене ама годинава прв пат ќе носам и едноделни и веројатно ќе ги соблечам после бањање зашто нема да можам да се трпам толку мокра. Инаку, јас мислам дека треба сосем нормално да се однесуваме исто како и претходно.
И јас ова ќе прашував, исто и кај мене. Почесто осеќам такви остри движења отколку оние нежните. Особено кога заборавам и ќе се наведнам или ќе се истегнам, многу непријатно. Многу различно бебе ми е ова од првото
Бебето не осеќа ни топло ни ладно, и никој доктор досега не сум слушнала да каже поинаку, зарем толку сензитивно е без никаква заштита. Телото има совршена температура од 36 со 5 докај 37 - 37 со два/три и не се менува таа температура ниту во зима ниту во лето. На ладно се тресеме за да се стоплиме и се намалува срцев ритам, на топло се потиме, во секој случај таа температура се одржува строго во граница. Купаќи не се носат водени кај жени склони на цистит, ама тоа нема врска со бременоста, а опасноста од сонце е изгореници и дехидрираност, исто нешто што нема врска со бременоста и може да му се случи на секој кој не пази. Ниту реума ќе добие бебето, ниту ќе се стопли плодовата вода, бременоста не е болест.
Добра вечер мешковци. Јас па рака ви пуштам трудни на одмор, не само што умирам од жешко дури и сега кога врни, немам сила ни во парк да излезам не пак на плажа Така денес наидов на топ понуда Last minute беше и баш си помислив како би легнала на лежалка пред море…. абе само звукот на брановите да го слушам и ми текна дека ќе треба сопругот да викне и појачување да ме станат од лежалката а богами и од вода Сето тоа да го соберам и да додадам дека официјално и гаќите не ме собираат а не пак нешто друго. 31+4 сум и до сега сум цели 13кг поправена. Имам силна доверба дека кога ќе се породам ќе можам старите алишта да ги облечам и доколку би купила нешто сега нема да ми чини и така немам желба да купам ништо за мене (као не ми се исплаќа за малку да купувам) Пред некое време се жалев дека имам голем стомак, бев на преглед и си потврдив дека бебчо е поголем со неколку денови… епа ете растиме а мене не ми се верува до каде стигнав и дека за скоро ќе го земам во раце Од моиве паники дека ќе се породам пред време докторката ми понуди да ставиме од инекциите за зреење но само доколку имам болки и еве се мислам два дена дали да ја ставам и така си најдувам болки што не сум ги ни имала. Ве поздравувам сите
Фала ти ❤️ Купачи земав од New Yorker, нема смисла да се закачам и со нив тука, важно завршија работа, убавки и црнки ☺️
Мене не тогаш. Туку општо од време на време само потскокнувам на такви движења кои се секундарни. Ама некогаш траат подолго додека се намести и баш каде што го осеќам дека е бебето тука фаќам и тука е болката како да ме пресечува нож. Баш пред малку така ми беше.
Мами опушти се у дводелни лади меше и уживај , бременост е нешто посебно и треба максимално да се ужива у неа и лади си и газе, тебе да ти биде убаво
Од муабетот мислам цистит добив. Леле вечерва подобро на шолјата да ја преседам, значи не можам до кревет да дојдам и пак ми се моча. Дали бебето е на меурот, не знам, ама ако има лек кажувајте. Ќе полудам жими се.