За тебе работи за лична хигиена,влошки,полнач,храна нешто ситно,вода многу ладен чај може, можат да ти донесат храна у секој момент твоите а за бебе памперс,крема тоа е другото ќе ви донесат на излегување
Вир влошки, 2-3 пак, пешкир/и, влажни, лична хигиена (чешел, паста, четка (ако сакаш брич, сув шампон и/или шампон), сапун), влошки за гради и крема за брадавици, полњач. Земи си вода, и земи или мало пластично пишенце со такво ко цуцла не ми текнува назив. Полесно ќе ти е да пиеш одколку да отвараш и затвараш постојано. Можеш и нешто за јадење, запакувано. Папучи пластични, гумени како и да е, немој собни. Јас носев спаваќа.
При првата бременост од која недела почна да ви се познава стомак? Јас сум 17 недели бремена но не ми се познава ништо ...само доколку сум подуена од храна се познава некое време и после ништо.
Јас во терапија имав утрогестан , исто ми го прекина докторот во 12та недела и ми рече нема потреба да ставам ништо , го послушав , еве терам 30+3 , со лесно
https://koronavirus.gov.mk/kontakti Евентуално да пробаш да вртиш на некои од броевиве. Не знам на ГАК дали се уште од позади фигурира како ковид центар. Не се паничи, најлошото трае еден до два дена. После само ќе ти треба една недела целосно да закрепнеш. Ако имаш температура над 38, земај парацетамол, чај од кромид, лимони, супи и спреј за нос со морска вода. Може ќе ти изгледа како цела вечност, но ќе помине. И бебе ќе биде во ред.
На Гак оди, има посебен дел за ковид, да не ти е мисла. АмА ако немаш температура мој совет ти е да не паничиш, направи си инхалации, чаеви, капки за нос и ке помине. Која недела си? Јас денес се разбудив со појака кашлица од вчера, и инекции примам, ама тоа е, ке помине, јас сум 25+4
Леле мисли ме отепаа , само некој глупави сонови, одсабајле станувам и си размислувам дали ќе биди се во ред, дали ќе ја истерам до крај бременоста, дали бебчето ќе напредува , се скренав.. 21недела сум..
Мене такви мисли ме тепаат од кога видов втора црта на тестот Еве 32 недела утре ќе сум и бебето ми е понапредно. Нема спас од тие мисли
не може да има несакани последици, баш напротив, чим ти препишале сигурно имаш или покачени димери или скратени времиња, лакуни на постелката, во секој случај ја вршат истата работа што и клексанот, ја немав ништо од ова па се боцкав со клексан од позитивен тест до ден на пораѓај, затоа што имав еден спонтан предходно
Првиот пат пред некој ден кога испитував бета во биотек ме прашаа дали ми е за утврдување или следење. Кажав за утврдување бидејќи прв пат ми е, и резултат си добив околу 150. Веќе бременоста е потврдена преку бетата, на ехо сеуште не можат да видат ништо бидејќи е прерано, неделава треба да одам на нов преглед ехо, и со нова бета. Очекувам да расте. Прашањето ми е дали да кажам дека бетата ја испитувам за следење на бременост, или пак за утврдување? Со оглед на тоа што уште ми нема потврдено на ехо. *Кога кажуваме дека проверуваме за следење, крвта поинаку се работи, со разредување, и тоа најверојатно влијае на резултатот.
Никогаш не ме прашале дали сум за потврдување или следење.. едноставно им кажував за Бета сум и то е то.. За да се види на ехо вредноста треба да е над 1500/2000