Јас кога правев бета во Авицена истото прашање ми го постави сестрата при земање крв. Искрено тогаш не обрнав внимание дали би имало некоја разлика во обработката на крвта.
Мешиња треба да се прават масажи на градите за поттикнување на млеко и од кој месец? Исто така кога се почнува до пиење на чаеви за лактација?
Секое тело е различно. Мене околу 13+ наеднаш ми рипна меше, сега сум 15+ и веќе е некако заоблено. Не дека се гледа баш труднички стомак ама си се познава. Секој е различен, кај некој побрзо има меше кај некој подоцна, многу е индивидуално. Немаш простор за грижа.
Јас знам дека не треба да се масираат градите во бременост, поради контракции на матката. Чаеви за лактација по првиот пораѓај почнав дома, ама имав премногу млеко и престанав. Сега имам колострум, 28 недела сум, а не ги масирав воопшто. Најбитно за воспоставување на лактација и за добивање на млеко е стимулација од бебето, да почне одма со влечење.
Моментално 37+4, на контрола веќе кај постелката има промени, протоци намалени, бебе е уште малечко со килажа,слабо напредува на неделно ниво но доста е активна. Д-р претпоставува дека ќе биде за брзо. Бидејќи ми е прва бременост, први контракции секогаш се и напред на цел стомак и долен дел кичма или се е индивидуално? Теоретски се изначитав ама друга е праксата
Кај секој различно , јас имав контракции у горен дел на нозе а до сега не сум слушнала некој да има таму (доста болни)
На последниве прегледи бебето нон стоп си е наместено со главчето надоле. Има шанси да остане до крај така? 31+6 сум.
Шанси има и ти посакувам да остане така. Моево едното у 32 беше надоле, 33 карлично, 35 пак надоле на последно ехо ама сеа нешто кога ика го осеќам горе, може пак се свртело. Не ми е јасно како наоѓа место
Девојки во понеделник влагам во 13та недела, купив фемибион 2 ама сега го читам упатството дека не се препорачува кај особи на атнтикоагулантна терапија, а јас имам мутации и примам клексани. Има некоја со вакво искуство, на клексани а да прима фемибион или да си се консултирам со доктор пред да ги почнам.
И јас го пијам фемибион,баш докторот ми го препорача дека содржи метилирана фолна. Јас сум со полесни мутации и со Аспирин само. Ако имало нешто сигурно докторот ќе ти нагласил дека не треба тие да ги пиеш.
Кога спомнавте фемибион. Сега се наоѓаат? Пошто баш овде пишувавте дека ги нема никаде. И дали имаат некаков мирис. Цела бременост со овие витаминиве мака мачам. Па читам овие ги фалите сакам да ги пробам.
За мирис немат некој мирис, само малку ми се гади од нив, некако големи се До сега сум ги купувала од Зегин ама јас сум од помал град и секогаш ги имало.
Devojki jas i beba sme dobri , se uporavuvame utre ne pustaat Bi sakala da prasam od poiskusnite mami , beba vlece na grada no nemam mleko Nekoj sovet, iskustvo ?
И јас ги пиев фемибион 2 со мурации сум и цело време примам клексан е сега последниот пат не ги најдов и зедов премама
Има шанси, ама и шанса да остане така. Првото си го носев цело време наместено така, а второво збеснува, се качува под ребра итн.
Не се плаши, ќе дојде млеко само треба време. Кај мене дојде после 5 6 дена, сигурно ќе ви дадат дохрана сега за сега, ама пред дохраната обавезно на цице за да тегне. Можеш да пиеш Хип чај за доилки по 2 шолји или Лактамикс.
Ме збуни со реченицава. Да не сакаше да кажеш дека има шанса и да се сврти Абе моево колку е активно осеќам нон стоп вртење. Го осеќам насекаде низ стомак буквално а кога и да сум на преглед главчето доле му е. Да се чудиш