Јас да прашам вие што сте 30 недела и повеќе како ви се градите? Јас ја терам 32 ама пред едно 2 недели ми беа онака надуени оптегнати и еднаш од едната града ко да ми протече колострум и наредниот ден ми спласнаа. И сега ми се нормални ко кога не сум бремена и почнувам да се филмам дека можда ќе немам млеко
Од утре сум 36 и исти ми се како пред бременост. Буквално никаква промена, а очекував до сега барем да ми се зголемат малце
29 недела- пред бременост 100ка прслук Сега носам 110 дури и мене ми е чудно. Колострум прв пат имав во 17 недела од тогаш немам ништо. За првото стасав до 120 Д корпа гради. За млеко ќе си имаш ич да не се секираш, нема врска големината со млекото
Mene isto nekolku dena mi trnat 3 i 4ti prst na desna raka ama pri spienje veronatno mi se uklestuva i mi rekoa ne e nisto strasno.
Јас пред некој ден матичната ја прашував истото хахахаха ми рече ти колкави сакаш да ти бидат јас сум 80C вукам па незнам поголеми валда хахахаха нормално било
Da ja stavaat pocna da vlece, megutoa jas imam mn mali gradi i nis seuste nemam mleko Deneska ni e treta den
Рано е, а големината нема врска со млекото. Нека влече само, ќе дојде млеко. И кај мене после царски по 5-6 дена дојде, пред тоа само колострум по малку. Течности многу внесувај, вода, сок од јаболко, чај за доилки.
Ако си послабичка заради тоа не се познава, јас со првата бременост прв пат атомак на крај на 5ти меаец почна да сњ приметува по малку а сега од 12 недела веќе си познаваше ама и повеќе килажа имам
Не се секирај за големината. Јас имам многу мали гради. Зависи како варирам со килажа 70-75. За првото дете немав никаков проблем. Веќе третиот ден си надојде млеко и беше на ексклузивно доење и без никаков проблем. Само бека стимулира, за да си надојде млеко.
Јас во првата бременост ми пораснаа од 75 Б на 90 Ц корпа. Детска радост. Пред бременост паднав на 85Ц корпа, сега ме собира во 85 без корпа, со тие со корпа саде ме стегаат. Колострум капнува некој период веќе. Нормално, подуени, жешки ми се постајано, ареолите потемнети и зголемени.
Јас примам и фемибион 2 и кексани а сум од денес 33 н. Не се секирај и не читај верувај му на докторот.
Договорен царски беше или итен? Јас пошто ќе мора со царски ваљда ќе сум со договорен датум, па како оде доаѓањето на млеко во таков случај?
Абе тоа од сам старт што немам сменето бројче не ми е проблем и онака си ги имам јас големки, ама ме зачуди што ми издишаа некако. За првото иако бев со царски ко ми ја донесоа прв пат одма ко ставив на града имав млеко не само за неа туку уште 3 бебиња
Договорен. Имав колострум и пред пораѓај, а млеко ми дојде пред да си одиме дома 5тиот ден, ама малку. Му даваа и адаптирано првите дена ама ми го ставаа нонстоп за стимулација, малку се измачивме не сакаше да влечи, не знаеше. После дома само во лежечка позиција се научи и така доев повеќе од 2 години. Ми даваа и рачна пумпа таму првите денови, ама влечењето е најбитно за да дојде млекото.
Мене ми е прва бременост , скроз ми се нормални и мене тоа ме збуни , очекував промена некоја Ми рече тоа во 9ти да очекувам јас сум 30+
Со царски по некое правило важи дека подоцна доаѓа млекото. Но, јас иако царски, мене ми дојде малку на 3тиот ден, а на 5тиот веќе ми надојде скроз. Ама бебе ми беше цело време на гради, а и се погоди лакома да уште втор ден ми ги направи партали брадавиците. Најдобра стимулација е самото бебе. Често знае да е фрустрирачки тој процес, ама само смирено и со чести стимулации се се постига.