Јас за првото така се породив. По бебе 38ма, а по циклус на термин. Само ми го намалуваа терминот дека големо бебе. Затоа сега од почеток одбравме нова дата како да сум добила тогаш и по тоа е точно со развојот на бебето. 10 дена може ти менува сега, неспремна те фати ама и вака и така ќе биде. Лета времето. Уживај на одмор, ко ќе се вратиш ќе се спремиш психички.
Женски кажете нешто за болки во желудник? После јадење сум заспала се разбудив спиејќи на стомак со болка во стомак сфатив дека ме боли над папок цел дел ( највероватно желудник) јака болка инаку на одмор сум. Си подригнувам од ко станав ама болката не се намалува. Некој совет ?? Однапред ви благодарам
Еве сум термин 7 Август ми е, се немам видено со докторот што ќе ме пораѓа но сакам да се породам 38 недела небитно дали природно или царски. Јас пак обратно, со душа чекам да се породам и да не сум веќе бремена. Имам пишувано и погоре, не ми чини ништо од облеката, сега почнаа и нозе да ми отекуваат и се ми е тесно, поправена сум 13кг и сакам што побрзо да си олеснам, едно време имав несоница сега не можам да се разбудам, имам чудна позиција на бебето цело време ме притиска на десна страна. Не се плашам од пораѓај, единствен страв ми е дали ќе родам здраво и живо бебе, баш вчера му се смеев на мм дека нема да ми се верува оти сум успеала да имам сопствено бебе
Честитки, живо и здраво. Како сте? И мене нема да ми фали бременоста хахаха. Тромава сум, се клатам кога одам од болки во коските, се боцкам секој ден, жештини ме фаќаат, отоци до немај каде.