Среда сум на контрола, почнаа стресот и грижите, сега до тогаш нема спиење, само мисли како е што е, дали е се во ред, дали напредуваат, колкави се... Само нокти грицкање. Хаха 2 недела сум во 7 месец. Два дена ме тепаат мисли дека ќе се родат кај и да е. Па прееска една другарка ме праша што ми бил денес чуден стомакот и си реков а готово ќе ги родам до утре. Како поминува време страшно станува женскиии... Од едно ќе се спасиш, друго ќе ти текне за да се мачиш.
32 недела ја терам, денеска бев повеќе во движење и сега а направам 2 чекора мислам дека ќе ми излета меѓу нозе, некоја чудна незнам дали да ја наречам болка, повеќе ко бодеж. Се осеќам ко цистит да имам а никогаш во живот сум немала, ко да ме пече и ме тера на 2 мин во толает да одам. Што викате може да е од поголемо движење денес да знам да олабавам или време му е да почне да боли и притиска од сите страни?
Јас мислам дека му е време. Пошто и јас сум иста недела. Како почна активно да притиска. До крај ќе ме руши
@kristina.k работата е што сега кај мене бебе одговара на циклус и сега кај Михајло и на 23.05 кај матичната одговараше на циклус. Шеќер немам, проверував и скриен, а и пред недела дена обичниот ми беше 4.7. Лешник ми е срцево Честитки на новите мамички за бебенцата
Машко е така? Поголемки се машките обично, јас 3800 го родив, а можеше уште 2 недели и повеќе да тераме. Штом си е се во ред не се плаши, се ќе е во ред, гледаат по развојот. Кај мене е ова помалечко, а синчето стално беше 2-3 недели плус.
Честитки, да е здраво и живо Туку вчера и денес никоја не се пожалила дека ја боли срамната коска? Еве ме мене Два дена ќе пукнам мислам, неможам раат да одам од болка магнезиум НЕ помага Вагинално осеќам тежина и само по некоја капка пуштам. Стомаков си го осеќам мнооогу спуштен а и други ми го приметија, ме фаќа паника Утре ќе одам да ме ѕирнат на ехо Ете си се пожалив
Ајде и јас да се пожалам имам болки на вретење лево десно и на станување ниско под стомакот бев на контрола пред една недела ми кажаа се е во ред но јас исто се чуствувам инаку сега почнувам 18 недела некоја со слично искуство да е се е чуствувала така во тие недели
Јас ќе кажам еве ама веќе срам ми е да се жалам, 24/7 нешто не ми е погодено. Поубаво ми е кога лежам ама баш во лежење многу ме боли срамната коска. Еве ќе кажам и некоја убава работа, кога движам или седам не ме боли срамната коска ни препоните. Магнезиум почнав да пијам поручек/ручек/вечера и не знам дали психички или вистина си олеснувам, се надевам не сум предозирана со толку магнезиум.
Еве и кас да се пожалам, 30та недела терам почнаа болките во срамна коска, само се штрецам ко на трње одам, убаво ми е само кога лежам. Кичма ме скина у петок сум на преглед се надевам се е океј
Јас сум обратна ситуација, само во одење имам мака меѓунозе ми е стомакот мислам(по скали шо треба нога да кренам ме болат препони од ниско) Ваљда нормално е чим ни се дешава на сите ама и онака сум за на контрола ќе појдам 1недела порано