Јас нема да се жалам од друго, физички сум си ок, работам низ дома, двор, секојдневно со ќерка ми шетаме, боиме, пешачиме... само поради високите вредности на тестот за скриен шеќер, морам да внимавам на храната и тоа ми е психичко оптеретување. Тромесечниот ми беше ок, во границите, па ќе видиме на следната контрола на крвта при крај на месецов. Редовно ве читам, но ретко одговарам Честитки на новите мајки, само убави вести да се шират
Него женски, другарка сака да земе како мојот тест што го правев, ама појма немам кој беше. И не само таа, ме имаат и друг пат прашано. Дали ќе го познаете вака да ми кажете кој е?
Дечки го има ли некој коористено кремот на гуам против стрии, скапичпк ама ми го препорачаа за после породување, па се мислам сега за сега немам стриии. Ако има некој искуство нека сподели инаку околу 2600 е во зегин прескапо
Мое мислење е дека тие креми против стрии не се безбедни во бременост, масла и мрсни креми е друго, ова е друго. Да ви кажам во Ѓорче во Марија аптеката имате акција на Магнезиум, со 1 Магнезиум Оксид иде 1 Магнезиум Цитрат, мислам на 1 кутија. Се исплати ептен. Исто и со 2 кутии пробиотик на Хемофарм даваат 1 кутија гратис, за 260 ден купив значи 3 кутии, што е ок зделка. Мене веќе асален труднички стомак ми рипна, јес да изгледам ко 4ти-5ти месец, ама па сеа, гледам на тоа апликацијата некако и другиве се со втора бременост со големи стомачиња, така да се тешам. Освен жива ненаспана друго се е ок. Е денес ко настинка осеќам ме фаќа ама се држам, јбг, променливо време е. Синко цело време бара да ја гледа апликацијата какво е бебе, оваа недела е волкаво, оваа толкаво, толку грама, толку цм, смешничко е малце ама воодушевен е. Вчера на докторот му вика Знаеш колкаво е нашето бебе? Колку лимунче мало, тежи 7 грама, малечко е уште ама кога ќе дојде Дедо Мраз ќе се роди и тогаш ќе го донесеме да го прегледаш, ќе го примиш кај тебе? На сите во ординацијата им рече дека ќе имаме бебе. Да ве прашам сте посетувале курс Сандра Мама.мк? Второ ми е ама со првото некако ништо не памтам и плус тоа дека не доев стварно ми е потребна помош. Колку чини, вреди ли, дали да уплатам де.
Знам затоа велам за после породување ми ја препорачаа као многу била ефективна не знам ќе размислам инаку јас се едуцирам од книга Мајка и Дете на Керол Купер има убави рабпти за цела бременост но и за после породување, сега мислам да земам уште некоја книга за првата година и таа Wonder whisperer ако уопште ја најдам. Курсеви имате и од систина а имате и онлајн на јутуб, конкретно тоа не сум го слушала
Здраво. Дали некоја правела прв скрининг во 13+2, 13+3? И до кога може да се направи? Матичниот ќе ми прави на 13+0, ама сакам и на приватно да правам, па си викам да не е во ист ден, не знам дали има врска :/
Ангел, и мене брзо ми рипна стомакот. Во 4ти изгледав ко да сум 6ти, а во 6ти ко да сум 8ми. Постојано добивав коментари, ама еве сега трето тромесечие, не растам толку нагло. Сите велат нормално било за втора бременост. Денес раштрафена сум скроз. Се мислам да искочам до локална продавничка по овошје, ама нз дали ќе се вратам цела или во делови. И така си седам, се мислам.
Абдејт нема индикација за отварање се е во ред. Постелка 1в степен Цервикс 4.61см Доволна плодова вода, бебе си одговара за неделите болките шо сум ги имала е од шо прицка бебе со главчето.
Јас на следен преглед ќе го прашам докторот дали бебето се развива нормално и дали е вомред тежината. Вчера две жени ме прашаа дали сум трудна навистина. Носев фустан долг, и вели едната, а што трудна си? Одам на депилација, и велам трудна сум и ми вели молим, трудна? Добро, сигурно на почетокот си. И велам не, 8 ми месец сум. Јас навистина личам само дека сум поправена. Немам типичен труднички стомак, а башка што имам широки колкови и сите мислат сум качила некој килограм. Рацете ми се слаби, нозете надолу речиси не променети. А јадам, нормално, не многу ама толку ми се и јаде. Ќе се сликам и ќе ставам слика. Или луѓето околу мене се слепи или не знам еве...
@JuLleE имаше напишано дека и првото вака го носеше, така? До сега ако не се развиваше како што треба ќе знаеше докторот, веќе 8ми месец си. Такво ти е телото, не се мисли, битно во ред си е бебе.
Да, исто ми е мислам, и тогаш не бев поправена и не изгледав дека сум на пример 8 ми месец. Не знам, се замислив навистина. Не очекувам дека ќе родам 4 кг бебе, ама знаеш потсвесно се исплашив еве.
Не се замарај, сите не носиме исто. Некоја има поголем стомак некоја помал битно е бебе да си клава на килажа.