Краен термин ми е 29ти јули, ама не се знае нели што како. Чаир ќе раѓам ти? Може и да се погодиме ☺️
Женски купивме Сниглар од Икеа креветче и некое душече од Икеа 6цм. Прашањето ми е дали да почнам со тоа или да си го користам понатаму за излети во природа, а сега да земам некое 10-12цм дебелко? Кои се вашите познавања на темава?
Здраво 16 недела сум ми открија циста во мозокот на плодот ,докторката ми кажа дека не е страшно до 27-28 недела исчезнувала ,ама сепак сакам да слушнам и ваши искуства
На внук ми ми исчезна уште во меше. Имаше и на темава една мама која не е веќе активна исто на бебето му исчезна уште во меше.
Се вратив од цтг и ехо. Ми покажа една контракција голема, во тој момент ми се стврдна стомакот. Претходно исто 3 пати ми се стврдна, покажа малечка една и втората не ја ни покажа. Ама докторот рече супер е цтг-то. Мислев ќе рече имаш контракции качувај се во сала На ехо ок, за 10тина дена 150гр.+. Ок е волку малце ? или така ми се чини мене ?
Леле ние на синко му кажавме одма, од тест уште, цела населба дозна. На сите кажува. Ама моето меше не е само големо, туку баш заоблено, трудничко се гледа. Додуша сите ми викаат си умислуваш уопште не е големо, а јас се осеќам ко 300 кила да имам качено. Иначе пренатален тест не правам, многу ми е некако. Со синко не правев, се надевам се ќе биде во ред. Да прашам Магнезиум од кога почнавте да пиете? Јас ги земав ама уште немам грчеви, со синко дали дека многу повеќе седев многу повеќе имав и грчеви.
Обично исчезнуваат понатака, не се секирај и не паничи, многу се чести и ако се помали некогаш не ни кажуваат.
Некаде 12/13 недела, немав ни јас нешто нарочито грчеви, превентивно по еден директ земам од тогаш еднаш дневно, зошто откако ми заврши "лежењето" сум поактивна и плус гледам да пешачам секој ден колку толку.
Јас ги рефундирам и вака со недели. Прашањето ми беше дали ќе ми ги рефундираат бидејќи неколку ќе ми стават во Систина после породување и нема да биде комплетна бројката.
Кај мене лани се случуваше да не ми се сите на број, особено последниот месец… и ми рефундираа за толку колку што имав примено. Така да мислам дека нема да има проблем, за колку ќе поднесеш, толку ќе рефундираат.
31 недела, како ги чуствувате движењата? Моето цел ден е активен ама го чуствувам со болки не е како порано,понекогаш де плашам,како затегање во левата страна најмногу..
Јас сум 32. Сега така ќе го чувствуваш. Барем кај мене е така. Стомакот како бранови ми се прави нема клоцање како порано. И најчесто бебето како да притиска, турка. И некогаш е баш болно. Пишував еднаш овде не знам дали си прочитала јаки болки имав кај десната страна од папокот и кај матичниот бев. Баш колената му беа тука и цело време притискало. Матичниот ми рече можни се веќе вакви болки да бидам спремна.
Чисто да ве поздравам. Се окупирав периодов со одење по продавници. Главата ми бучи од избор. Оди па одлучи се. И уште нешто, ако бебето не е активно, не читајте на нет за како да го активирате. Светнав со блиц према стомак, органите мислам дека не ми се на исто место. Најверојатно ќе чекам да заспие за да заспијам, го изнервирав, луто ми е. Добра ноќ.
Само немој Павлина од ремедика.Мене скроз ме утна за да на крај ми рече оди клиника. Битно ми наплатија и преглед и анализите па на клиника опет исто!