Jaс со синко не дочекав, ама знам ми рече докторот дека од 36та ќе ми закаже цтг кое прво ќе биде на 1 недела, па на 3-4 дена, па секој ден зависно од потребите, ако надносам и секој ден.
Јас со ова торбиве драма бев, 5 нарачав сите ги вратив зошто неубави ми беа. На крај купив од една страна на фб, моја ташна, 790 денари, ептен цврста и квалитетна со нормални рачки што одговараат на секоја количка.
A ja има ли некој таа торбата што се прави како “креветче“, што се пушта, како да речам, за пресоблакање, лежење на бебето или непотребно давање пари е? Сакам таква јас, ама дали е убава оваа или да си земам обично ранче такво. Ми се гледа многу убава ама што знам, да не се зезнам.
Јас з син ми купив торба free on, околу 2000 ден беше ама мн квалитетна и практична, маст и извадив, сегде ја носев и собира многу. Маж ми после ми купи ранец од тие со доста џебови ама мене ми е непрактичен, некако помалку собира, по крут некако, не го ни почнав стои уште е со етикета, неможам на торбава да и откажам љубов.
Јас почнав во Ремедика од 35-та недела и секоја недела правам и ЦТГ и ехо. Утре сум на контрола (38+2) па ќе ми каже дали пак за една недела контрола или за неколку дена. Ама не ги барам јас и двете работи туку така ми кажуваат од таму е сега не знам дали зависи од доктор или слично
2000 за торба не давам, а и секако не ми е практично во голема торба се, да копаш до пелени да стигнеш, вака помала и како со синко, доле во багаж резерва пелени и алишта во платнено ранче, во торбица 3 пелени и еден сет за промена алишта и по потреба вода, млеко, кашичка, што ќе треба. Така правев со синко и со него имав една шугава торбица што сега ќе ја фрлам за да не ми мрчат да ја користам истата оти ич не ми се свиѓа, многу ми е ружна.
Можеби ја имаме истата, фри он сива со цветче и јас 2000 ја земав од бебе хоум. Душата и ја извадив и еве сега ја исправ , како нова е После синко си ја носев на одмор , на патување, ептен искористена Јас си сакам на едно место да ми е се, а ранец исто не сакам , ги гледав , тесни се повеќето и се е како напикано )
Иначе женски со чести уринарни, јас сум со уринарна инфекција пола и поише од животот, мака мачам, ради неа се породив со синко во 35та, овој пат земав уште одма Брусница капсули на Џејмисон, 60 таблети 800ден, прашав дали смее, смее, еве втор месец од инфекцијата нема ни трага ни глас, многу се радувам и многу сум хепи. Огромен стрес ми беше да не се врати и да треба пак да се малтретирам а ќе одбиев сигурно атб бидејќи поише штета од ќар и ќе се нервирав, само доволно вода, чаеви и течности општо, брусница капсулите и витЦ од 1000ка. Плус на тоа мислам дека ми помагаат и за имунитетот, сите дома се поболевме, синко со воспаление на уво и грло, мајка ми и внука ми грло ги дере, мене само нос ми потекува и кивнувам чат пат, вака топ се осеќам.
Пред неколку дена почнаа болки во долниот дел од ребрата. Најчесто кога лежам на страна. 16+4 сум. Некако рано ми гледа за болки во ребра. Некоја со вакви болки да сподели искуство.
Од лежењето е. Мене никако не ме собира веќе, лаптопот ќе го фрлам. Уште малку една недела одмор, па треба за обука на замената во најжешкото да одам. Гледав да си зачувам одмор за после породилно, ама тешко. Странично ко ќе работам ме мава во ребра, во дијафрагма, стомакот се изобличува, не знам што и смета толку на грб едвај дишам, седната уште потешко. А само 29 недела Само нека е се во ред, ќе се издржи некако, ама ќе ја памтам оваа бременост сигурно.
Ауу Јас нели еднаш пишав дека бев на трансфузиолог, баш кај нејзе бев, вака професионална ми изгледаше што знам, а и други доктори ми ја пофалија, па белким не ми утна дијагноза Кај кого одиш ако смеам да прашам? И како оди тоа со подготовката, плаќаш 6000 ден. и почнуваш со ехо и цтг кај тој што ќе те пораѓа па цел 9-ти месец он ти кажува кога да доаѓаш? И секој нареден преглед си спаѓа во тие 6000?
Преживеав уште еден контролен јупии.. Докторот вели совршенство за близнаци пу пу, кога го слушнав тоа не прашав ништо веќе, само колкави се. Женскава е 1.360 и мажот 1.280гр. Одговарала женскава за 29 недела, јас сум 28 и 2 дена. Доволно место, доволно плодова вода, се супер и за 15 дена ми рече инекција за здреење да примам само. Држи ги ми вика до 34 само. И чим е се супер му верувам и не се замарам дали во ред било во оваа недела толку да тежат и слично.
@AugusTina! Според апликацијата што ја следам во 28 недела околу 1 кг се, така да супер се твоите си растат одлично. Кажи и на тетката што се грижеше дека без врски ќе добиеш од инекцијата, да не се секира ќе издржат и повеќе штом е се супер.
Одам кај Симонида, платив 6,300 на првиот преглед (подготовка ја викаат) Во оваа сума влегуваат сите ЦТГ,ехо за во 9-ти месец. Исто така првиот пат ми земаа крв за инфективен тест (за хепатит,хив). Во однос на контроли, Симонида ми кажува на колку денови да одам (најчесто кога е во амбуланта). Сега на следна контрола ќе правам ПЦР тест (2000-2200 ден не сум сигурна колку е точно). Крвна група веќе си извадив од трансфузија,последни брисеви ми се веќе завршени кај матичната. Доколку и овие работи ги немаш претпоставувам дека може и во Ремедика да се направат(нормално со доплата)