Па зар би му дала во раце живот на овој доктор? Мислам не му е прв ваков скандал, ко да читав и порано, може сум грешка. Он ли е тој што дозволил жена му да работи без лиценца?
Да, ја викнал за царски да прават. Мада тоа со ова нема допирна точка, овде живот е изгубен, таму била припомош за борба да се спаси. Башка жена му врвен гинеколог од Белград, не е некој анонимец или надрилекар, ама ова.. Преку ова како? А јас само кај него, сега само што се вратив од кај него, толку доверба имав, ни второ мислење никогаш не побарав, љубезен, пристапен, многу се разочарав.
Па два скандали едно по друго, не е баш за занемарување. Ко што за мене Санте не постои после моето лично лошо искуство и тоа што се деси со родилката, исто и ова. Што знам, јас не би имала доверба. Може е врвен доктор, ама во нецел година има 2 скандали, како да му верувам?
Јас се си мислев Николина е за него се најдобро имам слушнато од пациенти, и многу блиска другарка треба да се пораѓа летово кај него. Страшни работи..
Здраво, дали некоја од вас има проблем со затнат нос во бременост и има користено некакви капки/спреј дозволени за трудници? Носот почна да ми се затнува уште пред да добијам позитивен тест за бременост, и еве веќе со месеци константно ми е затнат, навечер ми е особено мачно зашто ми го нарушува и сонот, спијам многу малку и знам дека игра улога тоа што не можам нормално да дишам.
И без него изгледа. @AngelOfArh е тоа, како да му верувам сега и што ќе правам.. А сега се договаравме како ќе биде, кога, што ќе правиме когa ќе дојде време. Една среќа на мене, секогаш истото. Зошто да биде едноставно кога може да е комплицирано. За се.
Јас користев оперил за деца на почеток ми помагаа, сега користам оперил за возрасни и тој едвај ме одзатнува, прскам кога ептен ке се загушам, дозволени ми се од гинеколог, плус често ставам солени капки марисол.
Двајцава гинеколози од статииве за скандалов со бебето се Михајло и Николина? Докторот не го знам, за Николина само пофални зборови сум слушнала
Здраво. Честитки за бремноста и со лесно до крај Носот мене ми беше затнат 2 месеци на почеток од бременоста. Правев инхалации со една крема на база на ментол што се раствора во вриечка вода многу ми помагаше тоа. Неколку пати имав прснато од капките за нос на ќерка ми (оперил п) кога стварно беше неиздржливо (обично пред спиење). Само од себе ми помина.
Еве тие биле јас за Николина имам и друга случка ваква слушнато, плус пример од блиски, да не пишувам тука. А за него се најдобро до сега, баш се изненадив.
Здраво, денеска бев на гиниколог и заборавив да прашам како да ги третирам хемороидите некој да сподели искуство, не крварат само ме болат…
Какви цуцли земавте? Сакам да земам една(не знам која) да ми се најде ако плаче и слично. Инаку не би сакала да се навикне на цуцла пошто знам дека не е убаво за вилицата.
Фала, ќе пробам со оперил или нешто на база на ментол за инхалации, ќе видам што ќе ми препорачаат во аптека овде кај што живеам. Еве и другата членка погоре напишала за оперил. А баш денес бев на преглед и скроз заборавив од други работи да ја прашам и за ова докторката. Иначе сум 24+ г.н. и вака ми е од сам старт, абер нема да се одзатне и ме убива зашто ми е страв да не биде полошо со тек на време. Преку ден некако издржувам, има периоди кога ќе ми се пушти, ама навечер ми е кошмар зашто се будам во ниедно време со сува уста и болно грло од дишење преку уста и не можам да презаспијам.