Баш сега ќе пишував, се случува и преку мене да поминуваат ама не знам кој начекал будала јас или тие, кога ќе почнам да викам сите бегаат позади
Па демек само позитивните нешта ги тргнав на страна, а иначе имам негативни искуства со луѓето и јас. Дури и сега мислам дека повеќе се туркаат во мене него порано. И баш тоа и на мажот ми му го реков. Како муви без глави околу мене и мафтаат со рацете. И јас како нинџа со потези обрамбени. Купував вода во трафика и пред мене една жена во години се истурка, ме фрли настрана буквално, дај ми и вика на продавачката ситни за кафе. И таа и вика алооо жено трудно е девојчето полека го истурка ќе стигнеш на ред аман. И дрска оваа другава мене ми се пушти кој те истурка бе јас? Еден метар подалеку сум од тебе, не сум јас болна и ненормална. Па се сврти накај продавачката а ти мори која си да ми се понашаш така тебе па што ти направив бла бла бла и замина. Фала ти и викам на продавачкава и заминав. Ете едно негативно искуство. Има има..
Јас денес почнав 29 недела и во апликацијата на телефон читав дека од оваа недела можат да се бројат движења. Се одбира одреден период во денот ко ќе е вообичаено активно бебето и се бројат 10 движења, било какво мрдање, удирање, преместување. На апликацијата има и kick counter и штом се избројат 10 се исклучува. За првото не броев, и сега мислам овие дена особено по цел ден мрда, ако нешто е сомнително тогаш, ама од искуство имаат и мирни периоди бебињата, а и помирни денови.
Не рачунам јас. Битно ми е во текот на денот или ноќта, небитно, да мрдне неколку пати. И со првата бременост исто правев. Ова второво сега мрда ко лудо, посебно навечер, нема шанса да му бројам движења. А и доктор никогаш тоа не ми рекол. Од овде дознав за броењето.
А за второ од кога го осетивте? Синче рано го осетив, мислам дека уште во 16та, максимум да беше 18та. Сега оние гасови ги осеќам, не е бебе знам, мало е.
Јас полудев, добро дали и вие при крајот на денот ги осеќате овие Braxton Hicks поинтензивно? Баш кога треба да излегувам јас не сум во состојба ни 1h да поседам раат
И со првото и сега ми рекоа какво броење кој ти кажал тоа. Едноставно да следиш дали е активно , ако нешто ти е сумњиво да се јавиш на лекар. Не сум броела никогаш. А и како би, до скоро на работа одев, оди па број .
Јас се вознемирив од веста , отпрееска мислам што се случило зошто доцна царски и е направен? Леле кои филмови ги напраив Во маркет никој не ми дал предност , продавачките повеќе ме жалат. Една онојпат ми вика девојче може ли да прашам колку е кафево? Ајде викам. И застанува на каса да и куцаат. Викам нели само да прашаш? Ме чекаат во кола ми вика! Леле кога и се пушти продавачката, оваа од срам истрча буквално. На трансфузија…. само се пикаат. Неможеле да стојат. Пред мене имале термин. А они без упати . Буквално те туркаат. На пешачки се смилува по некој.
Ич нема да ми фали стомаков, како полу инвалид се осеќам, јас сум човек што помош нит бара нит прифаќа и сега кога за нешто ми треба онака се мразам себе си што барам и неспособно се осеќам. За неандерталциве што не препуштаат трудници друг муабет, констатација после цела бременост е дека од мажи повеќе добро видов отколку од жени проклетии…
Алал нека ти е што не и даваш ја секој ден си викам господ да ги благослови тие што ги измислиле цуцлите без нив немаше да знам главата каде ми е
Пречудно ми беше без стомакот , некое време се понашав како уште да го имам и го пазев да не го повредам бебето И сега ме нервира фактот што никако неможам да се сетам на чуството да мрда бебе внатре
Ама нешто ми е чудно искрено.... Што правеа досега од ОЈО? Ако се водела постапка за такво дело зошто цеееееели 3 години дозволија да работи? Докторот (за докторката не знам) не глуми лудило со природен пораѓај, демек мора природно до последно. Прави царски. И елективно. Не знам зошто вака искрено
Добро утро мешиња. Вчера почнав со шопинг официјално. Купив креветче, душек, постелнина, уште една постелнина со плус јорганче, навлака за душекот. Бидејќи бебуш може да се роди на +40, или пак +20, јорганче малку ми е премногу за тој период, а верувам и клима ќе пуштам. Што советувате да се докупи за покривање? И дали мислите перничка да ставам? Во сетот има перница, но од она што читам, подобро е без. Ми нудеа и некакви анатомски за главче, што знам. Како и да е, многу сум радосна, како на времето кога одев на шопинг за мене, сега се радувам на мечиња, зајчиња, срциња дезени на постела
Јас би додала на крај дека и повеќе внимание и сочуствителност видов од жени што сеуште немаат родено, одколку од жени што родиле 2 или 3 деца
Da prasam sakam da odam na plaza 9ti mesec sum nema da se Banjam ne e preporaclivo, da prasam dali mozam da se soncam dali e stetno?
^ зошто не е препорачливо да се бањаш во море? Едино на плажа на езеро ако одиш, за тоа не знам... Со сигурност знам за базен не е препорачливо заради инфекции... Според мене полошо е да се печеш на сонце отколку да пливаш
Сакаш да кажеш дека ова било пред 3г? И сега дури реагираат? Абе ајде. Да не им треба сега жртвено јагне па докторов да оди курбан? Шузнам, чудно ми е. Јас мислев ова сега е, вчера завчера. А дека кај нас докторите го прават ова, се курчат над родилките, им работи егото, охоооо.... Перниче никакво првите 2г, евентуално ако ти е шубе една тетра пелена одоздола превиткана ама нема потреба апсолутно никаква. За покривање или голема тетра пелена за на 40 степени или вреќа летна за на 20 степени и ништо за покривање. Покривање сеедно на бебе ти е под мишки односно под раце, да не бидат рацете под покривка заради ризик да се покрие преку глава нели, па поради тоа соодветна вреќа за спиење ти е доволно и не ти е потребно ништо друго. И тоа вреќа од прв ден ставање, штом дојдете дома одма во вреќа. Имаш и за на 40 степени, тенка, летна, пре би со тоа отколку со прекривка. Само да е доволно широка за да не плаче од склет дека му е тесно, се друго е потаман. Апсолутно е препорачливо во 9ти месец да се бањаш, во море, во езеро кај нас нема доволно чисто езеро за бањање воопшто не па за трудници. Јас би ти рекла ако идеш на море слободно да се избањаш, поштетно е сончање на сонце отколку бањање. 50ка фактор, под сенка и уживај. Утро!