Саламата ја зедов како пример, конкретно за некои бактерии, наведено е буквално се', од зеленчук, па до сладолед. Како што ми расте анксиозноста, така ми се стеснува кругот на храна која си ја дозволувам. Чинам деновиве живеам на леб јогурт и млеко со чоколино, и нормално за ручек некоја чорба, манџа, месо...
Баш, тоа читањето ми ги направи сите овие проблеми. Многу сум и ослабена, па и гестациски дијабет имам, од таму и почнав со припазување, ама затера работата во болест веќе. Почнав компулзивно да се однесувам и знам дека со стресот му штетам на бебето, ама едноставно е импулсивност која тешко се контролира, уште повеќе бидејќи не се чувствувам доволно сита и сум претерано иритирана и нервозна.
Се јадам. Добро измиено, добро средено, да не е расипано и си јадам. Се во граници на нормала. Ако гледаш така и млекото со чоколино ти е погрешен избор, млекото е полно хемии, јогуртот дабетер... Јади се, нормално, во ограничени количини.
Ако е така треба во стаклено ѕвоно да се ставиш, бактерии има насекаде околу нас. Мене некни душа така ми се зажеле за кајсија, кај мајка на трева падна, да ја измијам требаше да влезам внатре, да одам околу наоколу, како па да не, коа и писнав, 4 мавнав немиени. Со оглед на тоа што си со гестациски дијабет баш треба да внимаваш на изборот и тоа што ти е дозволено да го јадеш нормално. Краставици, патлиџани, ферментирани млечни, овошје во ограничени количини, се јади си, само измиј го да ти олесни на душата и толку.
Јас имам килажа повеќе од препорачаната за мојата висина. Сега сум 35 недела имам качено само 4кг. Ако сакаш пиши ми лп ќе ти дадам контакт од девојката што ми го изработи менито. Нутриционист е верувам дека со добра соработка ќе успееш да бидеш добро најдена и без дилеми дали тоа што го јадеш е штетно или не.
За првата бременост матичниот ми рече само туна, сувомеснато, живи јајца и млади сирења не се дозволени. Поради живата во туна, салмонела и листерија во другите. Зеленчукот добро измиен и нема гајле, сега се расте во пластеници, не е на сред нива кај што има животни.
Сите се плашиме од некоја храна. Еве јас еднаш во бременост јадев само цезар салата и тоа беше по отмен ресторан, па помислив измиена е соодветно. Марула не сум купила, овошје ако не го измијам јас ми е гад. Не јадам туна, ако ми е со сомнителен мирис или боја местото, исто така. Сладолед јадам запакован. Не на точење, освен би јадела од неколку познати слаткари низ градов шо држат до квалитет. И тоа е тоа, не е ОЦД.
И јас имав фобии на почетокот, уште имам за нешто. Ако ти е страв, еве марулата потопи ја 20 минути во сода и премиј ја. Мака немаш, јас се отепав од јадење. Во ресторан марула не се осудувам да јадам уште. Си верувам само на сопствените раце. Па дури ни на гости кога одам, салата не јадам, едноставно не ја чистат убаво, како јас што ќе ја изрибам. Периодов само тостови си правам, тоа без салама не иде. Кога читаш на нет, тоа се однесува на салами послужени во ресторани или сл. Инаку ти глеј го рокот и чувај во фрижидер. Нема ништо да ти биде. Да не ти биде главно мени, ама не гледам зошто не. Во глобала, чисти убаво овошје и зеленчук, не само ради прљавштини туку и пестициди, проверувај рок и јади си се. Инаку те разбирам. Ама кога ќе видиш дека се си тече како што треба, ќе ти помине и полесно ќе ти биде.
A vo vrska so ishranava u bremenost sto komentirate pogore, da ve prasam recna riba smee da se jade? Voobicaeno jadam oslik i losos, no mi se jade od onaa recna vardarska, ubava e przena
Речна да, ама не од Вардар. Гледај понезагадена река да најдеш. Општо од Вардар незнам дали се јадат рибите.
Јас можам на марула и на краставици да живеам ама само дома ја јадам. Не јадам ни кај свекрва ми, знам дека не ја чува во сода, а мајка ми ја малтретирам да ја мие ко мене Овие дена само овошје ми се јади, некогаш го чувам во сода, некогаш не, зависи колку се брзам за јадење. Нектарини, кајсии, цреши, превкусни ми се ко да немам пробано до сега. За провото на Junk food бев, сега ми се гади од такви работи.
Мене никој не ми ни кажа за тие бактерии, ниту ме предупреди за храната, сама си ја закачив чивијата од Интернетот. Буквално, во се' наоѓам нешто кое може би било... Мијам раце по стотина пати на ден, нешто досега навистина несвојствено за мене. Затоа и толку сум збунета. А да, не можам да живеам во стаклено ѕвоно, ама еве, хормоните, мислите и притискаат.
Pa so znam, sveki zemala od komsija sto stalno i nosi, ama jas si se podzamisliv, pa tuka si prasav fala ti mnogu
Марулата сосема ја исфрлив, а ја јадев како скината. Зелка исто не јадам, ама лошото е што започнав да си прекратувам и други задоволства, како домати и краставици, овошје, дури и бананите почнав да ги мијам.
@^Jasmine^ па реално мали се шансите за тоа, затоа никој не ти спомнал. Колку пати во животот си фатила бактерија од храна? Мислам живи јајца во лето секако не јадиме. Туна и да каснеш од време на време не е страшно, проблемот е да не се претера. Јас за првото сама прашував, ама и да не си трудна секако нема нешто што е расипано да јадеш. Полошо си правиш со скратување на овошје и зеленчук, јади умерено се што имаш желба, со соодветна хигиена ништо нема да е. Да беше така порано по селата немаше деца да има.
Миеш банани? Ти ептен си се оптеретила. Нема искрено да се смениш ако ти кажам уживај, знам, се ми е јасно, ама тоа е. Ајде уживај, не се замарај, како ти иде така прај. Еве за почеток се кисни во сода и јади си се. Вардарски немој, ама дојрански, преспански, можеш, оти да не. Крапче или белвици, мераци.
Дека живеев покрај Вардар, па знам дека фрлаат во него пцовисани коњи, скапани машини, шишиња и плус канализацијата фекална од Скопје се излева во Вардар. Па сеа ти размисли си хаха.
Auuu sto da razmislam, gadliva sum ne ni probuvam ke si jadam pastrmka bolje nego da mi e misla deka sum izela losa vardarska riba