Веројатно си на почеток, ќе ти здосади верувај ми до крај. Точно дека треба да се внимава, ама не до толку. Ако нештото треба да се лупи, лупи го, не го миј, ако не треба да се лупи закисни го во сода. Остај на нет што пишува, испаѓа само дека вода филтрирана низ 10 филтри треба да пиеме и ништо да не јадеме. Можам само да ти кажам, лето бидејќи е, не јади од ресторани, сладоледи надвор од маркет, кечапи, мајонези, стандард. Не за друго, ако избегнуваш овошје и зеленчук, бетер проблеми ќе си накалемиш. Цел живот од пазари си јадела, па сеа ќе фатиш бактерија, да бе, така било тоа
Таков став ми треба, и добро е што сум свесна дека некогаш бизарни ми се мислите, ама оние американците неверојатен fear mogering вршат со се'. Што подалеку од интернетот толку поледен животот
Отстоено во вода со оцет и сода, и после убаво измиено, скоро секое овошје и зеленчук така го јадам, па дури и домашно произведеното. Се што внесувам сувомеснато гледам да е термички обработено, мада ептен ретко јадам. Пред некој ден јадев шопска со сирење кое не знам дали беше од пастеризирано млеко, пошто не ми ни текна да прашам, а и на гости бев. Отпосле се сетив. Туку мешиња Персил сензитив течен или прашок треба?
@Freckles. како со оцет и сода? Јас само сода ставам, пола саат и после премивам. За Персил течен бебешки, мислам посоодветно е течен за новороденче.
Кога ве читам ви се восхитувам. Внимавате на храна, миете со сода.. Ај јас да се пофалам Јаболки, прски и се друго само поминувам низ вода и ги јадам нелупено, благо, газирано ми се секојдневие. Ете од денес сум 27 недела и се е ок со бебче. Аа да не заборавам по 2 сладоледи јадам дневно нели лето е
@kristina.k исто како што правиш само моеш и малку оцет да сипнеш. Јас земав течен ама сега почнав да мислам да не згрешив.
Се што ми сака душата јадам. Не се замарам толку, за хигиена и за рокови пазам многу ама тоа го правев и пред бременост. Така да нема некоја разлика сега.
Jaс да ви кажам се јадам и се ми се јаде. Сеа јадев кикирки сосе лушпа, тие ако не се прљави не знам што е прљаво, печени со сол, ама мораш со заби да ги скршиш па да ги отвориш. Не сум ваква вообичаено, ама таков апетит ми е отворен, леле мајко, ништо не ми смета. Иначе уште во синко си сакав целосни фармерки труднички и конечно си ги купив, 650ден во Кали, многу ми се слатки. Вака убаво ми стојат, да видам маж што ќе рече вечер, мислам дека ќе пројдат. Ќе си ги изнаносам мислам овие. Фармерки имам куп ама сите ми се големи од синко, ми паѓаат, дур ми станат таман ќе си ги носам овие. Прехепи сум со тоа што си најдов,.
Како не можат да те упатат на трансфузиолог, ке бараш упат ако не ти дава гинекологот од матичната, приоритетен, ке се распрашаш кој ден кој доктор е, и ке си одиш тој ден кај докторот што сакаш, ке те примат само ке почекаш. Ако имаш таков проблем битно е да те види трансфузиолог а не на ГАК, они даваат клексан и толку. И те лажат, можат да дадат упат и за преглед.
Претходно никогаш не ми се јаделе вакви глупости како сега. Јадам салами, чајни, мајонез, си купив маслинки од пазарче оние што стојат на отворено... Повеќе не треба да ти кажувам