Женски 10недела + 1 ден денес, изгледа се преморив малку денес осеќав прво бодеж доле во вагина, па болки доле во кичма и сега болка доле кај мочен меур ко притисок скроз доле над срамна коска. Нормално е или?? На одмор сум утре се враќам деновиве немав ама баш никаква болка, сега ова ме исплаши... Инаку си примам прогестеронска терапија...
Фала ви женски на исповедите. Малку ми олеснивте, мада кај мене веќе е поинаква ментална состојба, ама добро е да се слушне и туѓо мислење
И јас исто, овошје зеленчук по вода мијам и лупам то е то. А друго се јадам шо ми се јади- не е претерано ама од се каснувам и благо и солено и газирано. И онака после ќе пазиме на линија, удрете бригу на веселје
Вчера гледав курс за safety infant sleep, освен рамен душек ама баш ништо не треба до 6 месеци, дури ни прекривка. Зашто може да ја земе и да ја стави на глава и за дојде до задушување. Никакви играчки, оградици и перници. Можеш да го повиваш во горниот дел кај рачињата и пижамки оние целосни што се. Ова е тоа што го кажуваа, ми држеше вода скроз. Исто и за капчиња за глава, дека освен во првоте 24 часа откако ќе никако после ставање.
Јас се породив на 1ви август, сите постелнини што ги купив така ми останаа. Ти требаат само 3,4 долни чаршавчиња и ќебенце едно потенко едно подебелко, ништо друго. Спијат без перница, не треба да има ништо во креветчето друго. И земи си заштита за душече...
Кога сме кај храната, јас првата бременост, првите три месеци едвај живеев. Имав мигрена, лошење… можев да јадам само сувомеснато, само печеница, и кока кола страшно ми се пиеше. Знаев дека е нездраво, ама тоа беше Се сеќавам на свадба бев, и земав печеницата и другар, абе бремена си. Земам кока кола, тој пак абе бремена си. Кога отидов на контрола кај докторот ми рече баш, јади, пиј се умерено. И кока кола можеш, ама не 2 литри секој ден. И туна можеш. Буквално се. И кога почнав да јадам така и правев. Ама оваа бременост, и јас сум доста по исплашена и претпазлива. Марула не јадам, а секое овошје и зеленчук, убаво го мијам. Тие што миете со сода и оцет, буквално се миете? Пример и патлиџан? И кајсија?
Јас првите три месеци исто едвај живеев,престресно ми беше. Не можев да јадам ни да функционирам нормално. Месо и јајца на пример одјадов и сдга воопшто не можам да јадам ,ми се поврака сеуште од тоа. Среќа па ме тера на овојше и тоа си јадам ненормално многу, ама исто така си јадам и сувомеснато,тостови,леб,грицки,газирано.....Балансирам ПреМама земав витамини ама совет добив од докторка дека не ми се потребни бидејки ке ме гојат и се фармацевтски трик ,али ги пијам сеуште....
Јас пред некој ден одам во маркет и барам едно сувомеснато ми вика нема, барам од друго ми се мршти работава ме е тазе и на крај пред да прашам за трето ми вика а ти јадеш сувемаснато?!? Па викам понекогаш да сменам поткаснувам ми се сврте и ми вика вакви глупости несмееш да јадеш не ти давам ништо! Си се собрав си отидов Најверојатно не им беше тазе робата зошто редовни сме таму и не знаат, ама ми падна малце смешно
Абе немој веќе ...бог да чува Исто помислив ,....татко ми е пораснат на нива , буквално, береле тутун и баба ми го носела со неа, немала млеко па му давала грав ...мислам може не е за споредба ама и у денешно време се претерува.
Ние купуваме од Златиборац вакумирани мала количина што се, и неколку дена само се користат за во тост, или пица ако правиме домашна. Јас ретко каснувам, ама се случува. Не знам дали е така побезбедно или свежо да ми сечат, битно да не е стоено многу време сувомеснатото, се познава ко ќе е веќе залепено, замирисано, или последните парчиња што остануваат по маркети суви.
Ама тоа не е ни толку важно, дури и да не е здраво нештото што го јадеш, не е ич место од некоја си продавачка да кажува умови, дали смееш да јадеш, дали не смееш, па уште да ти рече не ти давам. Безобразна и невоспитана. Може цела бременост пазиш и еднаш ќе те фати мерак за сувомеснато и баш тогаш ќе ти се погоди некоја ваква. Затоа не се ќути на ништо, зошто од ќутење многу си мислат дека е во ред да шлапаат се што ќе им текне
Скроз..исто ми се дешава на работа,мислам дека секој чекор ми го пратат и само коментираат што јадам и што пијам ...мислам , ват д хелл
Цела бременост што ми душа сака тоа си кркам во моментот Е сега јајца да не видам, во прво тромесечие знаев да каснам варени, сега не знам зошто и самата помисла на нив ме нервира На сувомеснато не сум била љубител ни пред бременост ни па сега. Инаку во поглед на хигиена иако сум перфекциониста(што ми е како еден вид мана). Сепак овошје и зеленчук само со вода мијам ништо повеќе
Се изнајадов марула, рукола, ротквици дури им беше сезона, секој ден си правев огромна салата за ручек , сега сум префрлена на домати и краставици. Марула уште си јадам одвреме навреме ама поретко дека ми здосади. Само ги миев темелно под млаз вода и ги оставав да постојат во вода со оцет (иако реално не е потребно, доволно е само млаз вода, ама ете буквално од главата за да можам да јадам). После случајно по интернет прочитав дека ротквиците биле забранети во бременост зошто растат нели под земја и после тоа многу поретко јадев буквално од шубе. А да, и фета сирење си купував, не пакуваното туку рефус од канта, и го јадев без проблем дури не прочитав дека не требало. А сирење домашно уште си јадам. Се изнајадов се' најубаво и најздраво дури не прочитав на интернет дека не смеело во бременост... ич не требаше да читам.
Моментално јадам сендвич со моцарела и посебна салама. Некни јадев црепи директно од дрво. И марула јадам. Овде чиста е од маркет, јас дома само ја мијам со вода и толку. Јадам се, не внимавам на ништо. Уште фали да пазам и на онаа храна која смеам да ја јадам. Ма не бре. Туку, денес ми се слоши, ама и јас за ќотек, шетам по жешково, се истрошил фреонот за клима и си се возам така. Едвај си дојдов при себе. Прво што направив го пратив татко ми да ја среди климата. Инаку, ослабена сум. И со синко во 9 ти минус еден кг бев, и сега. Не можам да јадам многу, едвај два пати. Сега пробувам сукна, гледам, полабава од пред месец дена. Башка ме притиска кај желудникот и не можам количински да јадам.
Ова баш ќе прашував ама ете ти отвори тема. Дали само мене ми се дешава ова или е нормално. Во прво тромесечие дека имав гадење и повраќање бев у минус. Потоа кога почнав да јадам качував килажа отприлика на секои две недели по 2кг. И стигнав до +10кг. Мислам 8ми самошто влегов кога се мерев едно кило минус бев. Пред некој ден гледам сум го вратила тоа кило. И фактички седам во место со тие +10. Баш очекував 8ми и 9ти повеќе да качам нели и бебево расте. 5,6ти месец нон стоп јадев може по 5пати на ден. Сега јадам по 3 пати ама немам толкав апетит како тогаш. Се некако како подуена се осеќам во стомакот и не ми се јаде толку.
До 20та недела ослабев околу 3 кила. Сега сум 33та, вратив 3.8 кила, па ослабев околу пола кило во последниов месец. Сега имам 78.4 kg, отприлика со толку забременав. Е сега БМИ според висината ми е беше веќе во overweight, па можда зато имав простор да не накачам килажа, а да си е во ред све. Претпоставувам дека послаби жени би качиле на килажа.