И јас сакам фета сирење и го јадам, еве сега прв пат слушам ова дека не треба. Ај ке си каснуваме умерено . Мислам дека се претерува со пазење во врска со исхраната. Треба да се пазиме да, ама не и да претеруваме. Си јадам се, разноврсно, избалансирано и умерено. Овошје и зеленчук обавезно секојдневно. Го мијам најнормално под млаз вода и јадам. Што е за лупење лупам. И пред да останам бремена слабо јадев леб, теста, грицки и сокови па така и сега. Ама кога ке ми се пријаде си јадам. Единствено што се трудам да намалам е благото.
Мене со првото не ми направија, еве досега ни со второто не сум имала. Со царски ми беше и првото така и сега
Мене ми правеа иако се знаеше дека ќе мора царски зошто синко беше со газот долу цело време. Ми правеа откако на цтг покажа силни контракции (кои јас не ги осеќав) и кога стигнав во болница со пукнат водењак. Мораа за да видат да не трегне природен порагај, а кај мене не смееше заради положбата. Кога видоа дека сум 7цм отворена со брзина на светлина ме внесоа во сала и ме породија царски.
Жене, само мене ми е мачен денов? Ме кутка на спиење, ме тера да мижам, мака ми е, ко мачнини имам, ич не ми е арно. Немам енергија едноставно. Си викам да дојде бар 1 да напуштам терен ич не се осеќам дека можам да издржам до 4.
Дали aко случајно има некаква вагинална инфекција после 36-та недела постои ризик за плодот? И за колку време истата се "развива"? Матичниот ми е на одмор и немам со кој да се консултирам.
Секако дека постои. Бактерии можат проблем да направат. Ама си има антибиотици. Ке види доктор според брисеви што треба да пиеш и готово. Додека да дојде време да родиш ке ја излечиш.
Зависно од индикациите, јас до сега сум немала вагинелен, со првата бременост кога почнав со цтг, ама не памтам точно недела.
Мене ме бркаа, и матичната и докторот кој ме пораѓаше, а сд знаеше дека ќе сум царски. Чекаа да ме фатат болки, да се отворам за на царски. Логика бре.
Некои доктори велат дека бебе кога е спремно дава знаци дека треба да излезе. Според нив договорен со царски во 38ма може да го извадат бебето пред да е спремно, има уште две недели да поседи внатре. Читав и кои последици може да ги има, не нешто страшно ама да е поуспиено, проблеми со доење и фаќање на цицка, итн.
Девојки јас веќе незнам што со себе, денес сум точно 39та недела како тоалетот да е само за мене имам многу гасови а неможам да одам по голема нужда се што постои пробав и сливи и чиа и на гладно некое кисело овошје плис хелп
Овој сируп ако можеш да го најдеш од Швајцарија е. Мене само тоа ми помогна дозволен е во бременост, ама да се пие макс до 5 дена зашто може дијареа да предизвика